Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
Бидејќи се разбра разлноликоста на човечките искуства и разбирања на нештата - мораше така. :)
Телема, дадена во „Книгата на Законот“ - нема ништо од целиот симболизам што го има добиен со праксите и работењето врз себе си.
Прочитај ја „Книгата на Законот“, во нејзе е даден Законот на Телема.

Сето друго се идеи и мисли на различни магичари од различни времиња.

„Телемитската доктрина ги смета божествата на различните култури и религии за отелотворување на специфични божествени, архетипски и космички сили. Разните религии на човештвото се темелат на универзалната вистина и студиите по компаративна религија се важни за повеќето Телемити.“
- Теологија на Телема

„На запад религијата е обично исклучива. На Исток пак, религијата е понекогаш вклучителна.
AL I, 56 “… сите зборови се свети, а сите пророци вистинити, само што Тие разбираат малку..”. Телемата, Хиндуизмот и Будизмот се толерантни и вклучителни религии. За сите други религии се смета дека поседуваат еден дел од вистината и најголемиот дел од религиозни пракси и верувања се сметаат за прикладни во Телемата, Хиндуизмот и Будизмот.
Значи за еден Телемит, Хиндуист, Будист прифатливо е да го обожава Христ, Зевс, Хорус, повеќе богови или ниеден бог. Поединечното верување е лично, а општото верување е една поголема целина. Постојат облици на Будизам кои веруваат во локални демони и облици на Будизам кои се изразито атеистички.

Така е и во Телемата. Источњачките религии прифаќаат ограничување на човечката свест, култура и опкружување. Тоа е реткост меѓу западните религии.“
- За природата на Телема

Така да нормално е да опфаќа денес огромен спектар на симболи, пракси...

Од друга страна, О.Т.О. како еден од старо-еонските Редови кои први го прифатија Законот на Телема (кој што доаѓа од Редот A.'.A.'.) во својот Манифест вели:

„Целите на О.Т.О. можат во потполност да ги разберат само неговите највисоки иницијанти; но може отворено да се каже дека тој поучува Херметичка Наука или Окултно Знаење, Чиста и Света Магика на Светлината, Тајни на Мистично постигнување, Јога во сите форми, Џнана Јога, Раџа Јога, Бакта Јога и Хата Јога, како и сите други гранки од тајната Мудрост на Древните.
Во неговите гради лежат Големи Мистерии; неговиот ум ги реши сите проблеми на филозофијата и животот. Тој ја поседува тајната на Каменот од Мудреците, Еликсирот на Бесмртноста и Универзалниот Лек.
Уште повеќе, тој поседува Тајна со помош на која е можно да се оствари вечниот сон за Братство на Луѓето.“
- Манифестот на O.T.O.

Јас постојано велам дека ништо не е исчезнато од минатото и учењата кои носат искра на слобода, љубов, живот и светлина, кои правилно се предавани, се предаваат и ќе се предаваат на своите наследници низ вековите и еоните кои се тркалаат низ човештвото...
Се преживеа и мрачниот век на религиозната и духовна нетолеранција, крв и зло - и тоа со методот на молчење и работење во тајност.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
..."гладен" за духовни турбуленции и патешествија?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
..."гладен" за духовни турбуленции и патешествија?
.... ама прашање/тврдење... по се изгледа веќе нема интерес за темава, па одиме далеку од Телема со вакви муабети. :)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
.... ама прашање/тврдење... по се изгледа веќе нема интерес за темава, па одиме далеку од Телема со вакви муабети. :)
...само пробувам да бидам ти
...знам дека е незгодно кога некој 'рчка така по твојата духовност,но немам злобни намери
...затоа почитувам искреност :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
...само пробувам да бидам ти
...знам дека е незгодно кога некој 'рчка така по твојата духовност,но немам злобни намери
...затоа почитувам искреност :)
Ти се распрашуваш за мојата приватност, не духовност. Убаво позна дека мојата духовност е Телема. И убаво праша за нештата и ти ги одговорив искрено, без да глумам просветленост, бладања и слично. :)
Но тоа не беше доволно, очекуваше сосема нешто друго, да се закачиш за некој збор, мисла и да туркаш со некоја чудна потреба „да рчкаш“ :)

Идните прашања што следуваа од твоја страна се чиста бесцелност и злонамерност... не почитуваш ти ништо ако не се сложуваш со истото. Чисто глумење на разбирање и прифаќање. Не оди тоа така во новото време. Или прифаќаш различност или не... ако прифаќаш и имаш потреба да го критикуваш, мора да се запознаеш со истото до самата срж. Може тогаш и ќе станеш дел од тоа што си запнал да го критикуваш и рчкаш ;)

Треба да научиш да критикуваш, не да рчкаш со вакви површни муабети и три точки.
Такви муабети со други. Извини за искреноста.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Ти се распрашуваш за мојата приватност, не духовност. Убаво позна дека мојата духовност е Телема. И убаво праша за нештата и ти ги одговорив искрено, без да глумам просветленост, бладања и слично. :)
Но тоа не беше доволно, очекуваше сосема нешто друго, да се закачиш за некој збор, мисла и да туркаш со некоја чудна потреба „да рчкаш“ :)

Идните прашања што следуваа од твоја страна се чиста бесцелност и злонамерност... не почитуваш ти ништо ако не се сложуваш со истото. Чисто глумење на разбирање и прифаќање. Не оди тоа така во новото време. Или прифаќаш различност или не...

Треба да научиш да критикуваш, не да рчкаш со вакви површни муабети и три точки.
Такви муабети со други. Извини за искреноста.
...примено до знаење без натамошни коментари :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
...примено до знаење без натамошни коментари :)
Конечно.

Лесно е со духовност како Телема. Само човек што се плаши од работа и учење ќе бега од Законот како мрак од светлина. И нормално што се плаши дека верувањето во нештата во иднина може да се покажат како фатаморгани и ќе мора да промени став за нештата.

Не треба страв од тоа.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
Вака многумина биле залажани на патеката :LOL:

Или што би рекол Кроули во неговата „Книга на Лаги“:

"O thou that settest out upon The Path, false is the Phantom that thou seekest.
When thou hast it thou shalt know all bitterness, thy teeth fixed in the Sodom-Apple.
Thus hast thou been lured along That Path, whose terror else had driven thee far away."
- Book of Lies, Pilgrim-Talk

П.С. Нецелосен е симболот. :coffee:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.155
Итри едни низаедни. :D
Од искуство. Мислиш ти си првиот што сака да стапне на патеката туку така... :LOL:

И на еднопотезниот хексаграм му недостасува ружата во средина.

1641379892965.png
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Хепта ми текна едно прашање додека ги слушам Јала и Буба(музиката нема врска кога ми доаѓаат мисли) да те прашам дали моштите на Алистер К. се нетрулежни како што имаме случаи кај нас во православието?Ако сакаш одговори ако не да сме живи и здрави...:coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom