Законот на Телема

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Воопшто не си разбрал што ти пишува момчакот.
Ќе оставам тој да ти дообјасни...
Не е до момчакот, туку до телемата т.е. нејзиниот нихилистички фундамент.
Еве пробај и ти да одговориш, иако знам од порано, немаш одговор, но повели.:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.165
Имам одговори, но што пак истото ќе го одиме?
Не е до Телемата, до тебе е и она што си го изградил како свој универзум од искуства... до човекот е... толку е тешко да се разбере дека e до тоа?

Одговори се има, твоето неразбирање, незнаење и верување дека се неточни е твоја работа...

Како христијанин, за тебе одговорот: Зборот на Гревот е ограничување - е лага и тоа е твојата голема вистина - тоа не е немање одговор, тоа значи дека јас и ти имаме различни универзуми на искуства и секогаш ќе наоѓаме „не-одговори“. Телема што да правиш :)

Телемата има сешто... лабораторија! За некои може и да е тоа: нихилизам!
За некои е егзистенцијализам во најчиста форма... зарем ќе убедувам некој дека не е тоа?
Ние бараме од секој да истражува преку теорија и пракса!
Другото е се глупости и празни верувања и надежи...

Како тоа е нихилизам на пример кога таму некаде се вели: „Човештвото пред се“ и зошто? Или размислите во Liber Librae за тебе е нихилизам? Хм?
Или тоа што велиме дека етиката и моралноста се менлива категорија за тебе значи имање „нихилистички фундамент“?
Или судиш за Телемата според тоа што ќе рече соговорникот тука на еден отворен форум? :cautious:

Би ти дал совет твојот „нихилистички фундамент“ пронајден во нашите книги што си ги прочитал да ги поврзеш со еврејските езотериски учења за „ништото“.
Можеби ќе добиеш други размисли, што знам... пробај. Само давам мислење...

Ти велиш дека нема во философијата на Телема концепт за вечно постоење, а јас вистина, вистина ти велам: погледни во некои книги од A.'.A.'. (класа А е најдобро)!
Па тогаш, одлучи...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ти велиш дека нема во философијата на Телема концепт за вечно постоење, а јас вистина, вистина ти велам: погледни во некои книги од A.'.A.'. (класа А е најдобро)!
Па тогаш, одлучи...
Ми се крева косава од твоето „познавање“ на Христијанството, остај го настрана.
Што има да одлучувам?
„Човештвото пред се“
На кој начин?
Ако суштината е волјата, на кој начин егзистира? Кај се дедо ти, твоите предци, на кој начин постојат?
Можеби само за вас си го чувате Вечното?(искрено се сомневам);)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Еве конечно и самиот признаваш дека телемата нема концепт за вечно постоење.
Погрешно, суштината која не дефинира е вечна, дали некој ќе успее да допре до неа или не, е друга работа. За тоа не е потребна верба, туку работа.
Во Liber II е нагласено дека чистата волја е дел од Божјата и со тоа еднаква на неа. Исто така во гностичката миса, на крај се нагласува дека нема дел од нас кој не е од боговите.
Во телемата се е дел од Едноста - Унитарноста, која е раздвоена поради можноста за соединување, и таа интеракција ја создава динамичноста на постоењето.
Волјата во телемата е вечна, таа не е ограничена со времето, и таа нема ништо со желбите, страстите за резултат, стравовите и надежите. Тоа се фантоми и сенки на егото.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.165
Ми се крева косава од твоето „познавање“ на Христијанството, остај го настрана.
Што има да одлучувам? На кој начин?
Ако суштината е волјата, на кој начин егзистира? Кај се дедо ти, твоите предци, на кој начин постојат?
Можеби само за вас си го чувате Вечното?(искрено се сомневам);)
Сомневај се дури и кога се сомневаш ;)
Христијанството е старо-еонска религија која се вози на двоколката со сопатник наречен воскреснување и спасување, нема зошто да ти се крева ништо во врска со моето познавање на една таква религија...

Ти не ме читаш мене по се изгледа и затоа постојано истото... оди наназад реков во врска со вечното :) Оди прочепкај го мојот блог ако не ти се читаат книги...

„Волјата за која се зборува во Телемата е вашата суштина!

Оваа волја е ЕДНА!

Оваа волја е сржта на вашиот живот, кој што е еден и единствен и кој што се протега надвор од овој земски живот! Оваа волја не е ограничена со вашиот престој на Земјата (видете ја Liber CVI). Не е ограничена во однос на вашите комплекси и не трпи модификации. Чистата волја за која се зборува во Телемата – сте вие самите! Вашата вистинска природа.

Оваа волја го буди Хадит секое утро да се втурне во бесконечните прегратки на Нуит кон нови искуства кои ќе го задоволат Хадит до максимум. Некои би рекле дека нив ги буди будилникот на масата секое утро!

ДА! Вашата чиста ВОЛЈА е вашиот БУДИЛНИК во животот која ве буди да бидете тоа што сте, а не она што лажно го прикажувате пред другите и себе си, верувајќи дека е вистинската ваша природа!

Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!
“ - За Волјата во философијата на Θελημα

Како тоа вечното да припаѓа на оние или овие? Та не сме ние христијани та да ве плашиме со „втора или н-та смрт“ нудејќи „страшна вечност“!
Не бараме ние исплашени луѓе од смртта и „губење на вечното“!
Зарем немаме запишано за смртта?

ТИ СИ ВЕЧЕН, ЧОВЕКУ! И ниту еден бог ќе се откаже од тебе ако си вистинскиот ТИ! Оди спознај се ;)

Чистата Волја Е суштината! Нема „ако“... каде со „ако“ :(

П.С. А за моите предци од месо и крв, не се тука на Земјата. Која будала сака да биде вечен на Земјата? Вампирите? :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако јас се движам кон „себството„, тогаш ш‘о ќе ми се боговите? Значи, знам дека се движам кон „самито себе„, а не кон некоја друга цел...Така, постоењето на боговите е бесмилица, оти јас не се движам кон нив.
Нема дел од човекот кој не е од боговите.
Како може еден телемит, како индивидуа, да произведе принцип кој е биде доволно оригинален и прифатлив и за другите телемити?
Не станува збор за произведување на принцип, туку за препознавање на сопствените ставови и принципи со оние на телемата.
А од кај знае телемиот дека некоја туѓа алатка му е практично употреблива?
Од искуство, јогата, магиката, дивинацијата и слично не се категории во кои треба да се верува, туку се практични методи. Ако не ги практикуваш, нема да знаеш.
Колку долг живот ми треба на еден телемит за да ги испитува општите, туѓите и нормално, своите алатки и патишта на движење?
Никој неможе да знае колку и што е потребно за некој друг, освен за себеси. Ако однапред си поставиш цел или рок, најверојатно нема да успееш.
Ако наградата е една, а не две, три или 364, тоа значи дека наградата е однапред позната и нема потреба од индивидуите да изодат различни патишта, а да стигнат кон иста цел/награда.
Итекако има потреба, бидејќи различните "патишта" се различните луѓе....ист пат за сите луѓе е возможен само ако сите луѓе се исти.
Искуството е единствениот начин, се друго е залажување.[DOUBLEPOST=1394832557][/DOUBLEPOST]
И ги најде одговорите на сите прашања?
Во Телемата ги најде?
Испитува и друг тип на иницијации предходно?
Спектарот за истражување може да биде многу голем.
Тешко дека ќе најдеш било кога и било кој што ги нашол одговорите на сите прашања. Оној што го тврди тоа, живее во заблуда.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Погрешно, суштината која не дефинира е вечна, дали некој ќе успее да допре до неа или не, е друга работа. За тоа не е потребна верба, туку работа.
Во кој случај човекот не е успешен? Како нешто што е однапред дефинирано може да е успешно или не т.е. да ја допре суштината?
Во Liber II е нагласено дека чистата волја е дел од Божјата и со тоа еднаква на неа. Исто така во гностичката миса, на крај се нагласува дека нема дел од нас кој не е од боговите.
Како се запазува посебноста?
Во телемата се е дел од Едноста - Унитарноста, која е раздвоена поради можноста за соединување, и таа интеракција ја создава динамичноста на постоењето.
Ова значи бесконечно пати раздвојување заради соединување?
Волјата во телемата е вечна, таа не е ограничена со времето, и таа нема ништо со желбите, страстите за резултат, стравовите и надежите. Тоа се фантоми и сенки на егото.
Од каде ја „црпи“ вечноста, зошто е вечна?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во кој случај човекот не е успешен? Како нешто што е однапред дефинирано може да е успешно или не т.е. да ја допре суштината?
Кога не се раководи според својата чиста волја, тогаш човекот не е успешен, и тој неуспех го чуствува во форма на некоја празнина...како нешто кое недостасува. Без разлика на тоа како околината ќе го доживува, во себеси ќе чуствува дека нешто му фали. Таа состојба обично е позната и како страдање.
Како се запазува посебноста?
Преку пракса, преку осознавање.
Ова значи бесконечно пати раздвојување заради соединување?
Да.
Од каде ја „црпи“ вечноста, зошто е вечна?
Како што веќе кажав - чистата волја е дел од Божјата а со тоа и еднаква на неа, што значи поседува квалитети кои не се просторно - временски ограничени, т.е се вечни.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
„Волјата за која се зборува во Телемата е вашата суштина!

Оваа волја е ЕДНА!

Оваа волја е сржта на вашиот живот, кој што е еден и единствен и кој што се протега надвор од овој земски живот! Оваа волја не е ограничена со вашиот престој на Земјата (видете ја Liber CVI). Не е ограничена во однос на вашите комплекси и не трпи модификации. Чистата волја за која се зборува во Телемата – сте вие самите! Вашата вистинска природа.

Оваа волја го буди Хадит секое утро да се втурне во бесконечните прегратки на Нуит кон нови искуства кои ќе го задоволат Хадит до максимум. Некои би рекле дека нив ги буди будилникот на масата секое утро!

ДА! Вашата чиста ВОЛЈА е вашиот БУДИЛНИК во животот која ве буди да бидете тоа што сте, а не она што лажно го прикажувате пред другите и себе си, верувајќи дека е вистинската ваша природа!

Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!
“ - За Волјата во философијата на Θελημα

ТИ СИ ВЕЧЕН, ЧОВЕКУ! И ниту еден бог ќе се откаже од тебе ако си вистинскиот ТИ! Оди спознај се ;)

Чистата Волја Е суштината! Нема „ако“... каде со „ако“ :(

П.С. А за моите предци од месо и крв, не се тука на Земјата. Која будала сака да биде вечен на Земјата? Вампирите? :)
Неизмачувај се со христијанството на темава со чие непознавање и компарирање со телемата губиш осет за бескрајна патетика. Остај.
Колку може да трае неуспехот на чистењето на Волјата?
ТИ СИ ВЕЧЕН, ЧОВЕКУ!
Фала за Откровението. Уште да окриеш како.
Можеби соединувајќи се и разединувајќи со Божествената, Непозната Волја - бесконечно?
Бај д`веј испоштуван си од мене т.е исчитан. :)
Но одговор ни у понудената литература ниту директно од тебе дури излегува дека ти помагам т.е. ти го наметнувам;), тое е тоа.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кога не се раководи според својата чиста волја, тогаш човекот не е успешен, и тој неуспех го чуствува во форма на некоја празнина...како нешто кое недостасува. Без разлика на тоа како околината ќе го доживува, во себеси ќе чуствува дека нешто му фали. Таа состојба обично е позната и како страдање.
Како нешто што е однапред дефинирано може да е успешно или не т.е. да ја допре суштината?

Ова значи бесконечно пати раздвојување заради соединување?
Ова има смисла?

Како што веќе кажав - чистата волја е дел од Божјата а со тоа и еднаква на неа, што значи поседува квалитети кои не се просторно - временски ограничени, т.е се вечни.
Прашувам за Божјата Волја.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како нешто што е однапред дефинирано може да е успешно или не т.е. да ја допре суштината?
Што е тоа кое е однапред дефинирано?
Ова има смисла?
Да.
Прашувам за Божјата Волја.
А јас ти одговарам во врска со неа - Волјата на телемитот е дел од божјата волја, а не нешто посебно или одвоено од неа.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што е тоа кое е однапред дефинирано?
Погрешно,суштината кoја не дефинира е вечна, дали некој ќе успее да допре до неа или не, е друга работа. За тоа не е потребна верба, туку работа.
Како нешто што е однапред дефинирано може да е успешно или не т.е. да ја допре суштината и тоа со работа?
Го разбираш ли прашањево?
Ова значи бесконечно пати раздвојување заради соединување?
Само за да имаш некаква занимација?!-апсурд!
Волјата во телемата е вечна, таа не е ограничена со времето, и таа нема ништо со желбите, страстите за резултат, стравовите и надежите. Тоа се фантоми и сенки на егото.
Од каде ја „црпи“ вечноста, зошто е вечна?
А јас ти одговарам во врска со неа - Волјата на телемитот е дел од божјата волја, а не нешто посебно или одвоено од неа.
Од каде ја „црпи“ вечноста(болд), зошто е вечна?
Се разбира, ако можеш одговори.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Го разбираш ли прашањево?
Суштината - чистата волја е таа што не дефинира нас, а не нешто кое ние го дефинираме. Сега појасно е?
Само за да имаш некаква занимација?!-апсурд!
И во што е апсурдот во случајов? Се што постои е дел од Нуит, додека не е свесно за својата природа раздвоено е од "изворот" чиј составен дел е, кога ќе ја осознае својата суштина, станува составен дел од неа повторно.
Се разбира, ако можеш одговори.
Одоговорено ти е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom