Само по себе се поставува прашањето.
Која е наградата?
Јогата во Будизмот наградува со реинкарнација, кај вас која е наградата?
Кај нас се е награда
Работи и најди задоволство во работата...
Се зависи од човекот, од Ѕвездата во врска со наградите и целите...
Кај христијаните имаме награда: спасување од гревови и вечен живот. Тоа е за сите! Догма!
Философијата на Телемата пак вели дека Зборот на Гревот е ограничување и секако дека секој е вечен... Што е твојата награда и цел во животот? Воопшто не ме интересира, тоа е твоја работа, не моја. Би било злобно некој да дефинира за друг целта и наградата на нечиј живот кој што е еден, индивидуален и вечен!
Наградата е бесконечни искуства, ако се дава некаков општо одговор... јас така би рекол.
1. Ако јас се движам кон „себството„, тогаш ш‘о ќе ми се боговите? Значи, знам дека се движам кон „самито себе„, а не кон некоја друга цел...Така, постоењето на боговите е бесмилица, оти јас не се движам кон нив.
2. Како може еден телемит, како индивидуа, да произведе принцип кој е биде доволно оригинален и прифатлив и за другите телемити?
3. А од кај знае телемиот дека некоја туѓа алатка му е практично употреблива?
4. Колку долг живот ми треба на еден телемит за да ги испитува општите, туѓите и нормално, своите алатки и патишта на движење?
5. Ако наградата е една, а не две, три или 364, тоа значи дека наградата е однапред позната и нема потреба од индивидуите да изодат различни патишта, а да стигнат кон иста цел/награда.
1. „Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот. “Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди.“ - Книга на Законот, Глава II, Стих 7
+ There is no god, but man. (како сакаш го разбери ова).
2. Со работа и искуство. Секој метод што дава исти или слични резултати кај други - значи го бидува и телемитот и формулата што ја споделил
3. Ќе ја проба алатката. Како инаку...? Ќе ја гледа?
4. Зависи од Ѕвездата и нејзините минати патишта! Може многу може 9 месеци!
5. Тоа не значи дека е позната целта и секоја индивидуа МОРА да оди различен пат од секоја друга (види во врска со наградата погоре)!
Еве конечно и самиот признаваш дека телемата нема концепт за вечно постоење.
Воопшто не си разбрал што ти пишува момчакот.
Ќе оставам тој да ти дообјасни...
Се читаме
П.С. И онака, за да кажам и јас нешто :
Гледано од денешна перспектива, не гледам дека човекот е ослободен од моралните, етичките, политичките и економските пранги со кои самиот се затвора. Сеуште насекаде по светот, па и во Македонија – човекот не е слободен и нема права. Не зборувам тука за некакви правни закони со кои му се дозволуваат или одземаат некакви права на поединецот. Зборувам за одземање права на една индивидуа од страна на друга или група на индивидуи. Тоа „одземање права“ не мора да биде дирекнто надворешно дејствување за да ве попречи некој да не бидете тоа што ви е волја и природа. Многу полошо е да ве убедат дека вашето право да ја извршувате својата волја и никоја друга, да мислите со своја глава, да љубите како сакате и кого сакате е погрешно и штетно за опшеството од кое сте секако и самиот дел.
Зошто е тоа така е многу лесно да се одговори!
Поединецот нема знаење, волја и практично искуство како да живее со различните луѓе околу него! Човекот е научен да го сака она што му е блиско, познато и што го разбира, а да гради одбранбен ѕид кон се што му е туѓо, различно од неговите идеи за „правилно“ етички или морално, што води нормално кон силување на правата на поединецот во извршувањена неговата волја. Многу е лесно на таков ум да се дејствува однадвор и да се натера да изгради уште поголем ѕид во однос на различните од него! Нормално, додадете ја тука и потребата да се групира човекот во стадо и ете не – секој на секого тиранин!
- Извадок од
„Liber Oz - мои коментари“