Законот на Телема

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
[quote="Ipsissimus, post: 6488848, member:а,
Работи, практикувај Јога, медитирај и дознај.[/quote]
Во случајов дознавањето и медитирањето неможе да обезбеди постоење.
Штом Свеста зависи од она што неможе да обезбеди постоење значи и Самата не е способна за истото?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во случајов дознавањето и медитирањето неможе да обезбеди постоење.
Штом Свеста зависи од она што неможе да обезбеди постоење значи и Самата не е способна за истото?
Херметичкиот принцип "as above so below, as within so without", го објаснува ова прашање.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Херметичкиот принцип "as above so below, as within so without", го објаснува ова прашање.
Прашањето го содржи одговорот, дека телемата нема егзистенцијално решение.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прашањето го содржи одговорот, дека телемата нема егзистенцијално решение.
Нема, ако ја гледаш како догма која треба да ти го понуди одговорот на послужавник.
За далтонистот, виножитото нема егзистенцијалност, затоа што неговото постоење зависи од тоа што другите ќе му кажат што е тоа.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Нема, ако ја гледаш како догма која треба да ти го понуди одговорот на послужавник.
За далтонистот, виножитото нема егзистенцијалност, затоа што неговото постоење зависи од тоа што другите ќе му кажат што е тоа.
Далтонистот нека умре т.е. непостои?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Почетните принципи се поставени, индивидуата може само да ги препознае во нив сопствените и тоа да го искористи како појдовна точка за понатамошно сопствено надградување, понатамошното движење не е диктирано од овие принципи.
.
Ова ми звучи како самозалажување: ако почетниот принцип е ист и заеднички, тогаш токму тој почетен принцип го поставил можниот пат на движење на индивидуата. Ако сакам да се движам и делувам своеглаво, немам потреба од почетен принцип или принципи, кои може и да не ми се по кеифот...

Кој фактор го поставува почетниот принцип?[DOUBLEPOST=1394802039][/DOUBLEPOST]
Што се однесува до заедничкиот јазик, никаде нема правило или услов дека мора да постои заеднички јазик помеѓу двајца телемити, во смисла да бидат едногласни по сите можни основи. Резултатите се индивидуални, субјективни и ниедно субјективно искуство неможе да биде споредено со искуство на друг. Разбирањето, т.е усогласувањето на резултатите доаѓа на надразумско ниво.
Тоа значи дека во своето своеглаво движење кон „нештото„, секоја иднивидуа може да заврши на некоја цел, која (цел) нема врска со целта од другата или дригите индивидуи....секој стигнува до различна цел.

Колку краеви/цели има телемата?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ова ми звучи како самозалажување: ако почетниот принцип е ист и заеднички, тогаш токму тој почетен принцип го поставил можниот пат на движење на индивидуата. Ако сакам да се движам и делувам своеглаво, немам потреба од почетен принцип или принципи, кои може и да не ми се по кеифот...

Кој фактор го поставува почетниот принцип?
Волјата на телемитот е факторот, од неа произлегуваат ставовите и сличните интереси и тие ги дефинираат овие принципи. Немора да си во организација, братство или група за да бидеш телемит, доволно е да имаш ставови и принципи кои коинцидираат со начелата на телемата.
Методите и праксите од друга страна се еден вид "алатки" кои му стојат на располагање на телемитот и со чија помош може полесно да допре до својата суштина или чиста волја. Ако смета дека нема потреба од нив, никој нема да го убедува дека мора да ги практикува.
Тоа значи дека во своето своеглаво движење кон „нештото„, секоја иднивидуа може да заврши на некоја цел, која (цел) нема врска со целта од другата или дригите индивидуи....секој стигнува до различна цел.

Колку краеви/цели има телемата?
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
Само по себе се поставува прашањето.
Која е наградата?

Јогата во Будизмот наградува со реинкарнација, кај вас која е наградата?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Само по себе се поставува прашањето.
Која е наградата?

Јогата во Будизмот наградува со реинкарнација, кај вас која е наградата?
Исполнување или откривање на суштината која не дефинира. Таа суштина може да се поистовети и чистата волја како концепт.
Што значи себеспознавањето - свесноста за својата сопствена природа е Наградата.
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
Исполнување или откривање на суштината која не дефинира. Таа суштина може да се поистовети и чистата волја како концепт.
Што значи себеспознавањето - свесноста за својата сопствена природа е наградата.
Колку што можам да разберам, наградата е овде на земјата.
Свесноста за самиот себе е награда.
Значи ли тоа дека сметаш како предходно, пред да се иницираш, не си бил свесен за самиот себе?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Колку што можам да разберам, наградата е овде на земјата.
Свесноста за самиот себе е награда.
Значи ли тоа дека сметаш како предходно, пред да се иницираш, не си бил свесен за самиот себе?
Не. Суштината не е ограничена со постоењето во оваа форма, таа е вечна.
Што се однесува до мене лично, одсекогаш ме интригирале прашањата во врска со суштината на постоењето, и секогаш постоело нешто кое ме терало да барам одговори во таа насока.
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
Не. Суштината не е ограничена со постоењето во оваа форма, таа е вечна.
Што се однесува до мене лично, одсекогаш ме интригирале прашањата во врска со суштината на постоењето, и секогаш постоело нешто кое ме терало да барам одговори во таа насока.
И ги најде одговорите на сите прашања?
Во Телемата ги најде?
Испитува и друг тип на иницијации предходно?
Спектарот за истражување може да биде многу голем.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Телемата може да се смета за религија единствено ако и се пристапи на начин како кај класичните религии и се изостави праксата. Но телемата не е за сите само религија, туку многу повеќе. Божествата на различните религии, во телемата се интерпретираат како различни архетипски и космички принципи и сили, или како одредени езотериски формули, тоа е нивната улога.
Патот за кој прашуваш, води кон Себството на секој човек, тоа е пат кон навнатре, пат кој вклучува осознавање на сопствената суштина, а со тоа и поврзаноста и суштината на се останато кое на било кој начин е поврзано со нашето Себство или суштина.
.
Ако јас се движам кон „себството„, тогаш ш‘о ќе ми се боговите? Значи, знам дека се движам кон „самито себе„, а не кон некоја друга цел...Така, постоењето на боговите е бесмилица, оти јас не се движам кон нив.[DOUBLEPOST=1394805575][/DOUBLEPOST]
Волјата на телемитот е факторот, од неа произлегуваат ставовите и сличните интереси и тие ги дефинираат овие принципи.
Како може еден телемит, како индивидуа, да произведе принцип кој е биде доволно оригинален и прифатлив и за другите телемити?[DOUBLEPOST=1394805675][/DOUBLEPOST]
Методите и праксите од друга страна се еден вид "алатки" кои му стојат на располагање на телемитот и со чија помош може полесно да допре до својата суштина или чиста волја. Ако смета дека нема потреба од нив, никој нема да го убедува дека мора да ги практикува.
А од кај знае телемиот дека некоја туѓа алатка му е практично употреблива?

Колку долг живот ми треба на еден телемит за да ги испитува општите, туѓите и нормално, своите алатки и патишта на движење?[DOUBLEPOST=1394805825][/DOUBLEPOST]
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
Ако наградата е една, а не две, три или 364, тоа значи дека наградата е однапред позната и нема потреба од индивидуите да изодат различни патишта, а да стигнат кон иста цел/награда.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не. Суштината не е ограничена со постоењето во оваа форма, таа е вечна.
Што се однесува до мене лично, одсекогаш ме интригирале прашањата во врска со суштината на постоењето, и секогаш постоело нешто кое ме терало да барам одговори во таа насока.
Еве конечно и самиот признаваш дека телемата нема концепт за вечно постоење.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.165
Само по себе се поставува прашањето.
Која е наградата?

Јогата во Будизмот наградува со реинкарнација, кај вас која е наградата?
Кај нас се е награда :)
Работи и најди задоволство во работата...
Се зависи од човекот, од Ѕвездата во врска со наградите и целите...
Кај христијаните имаме награда: спасување од гревови и вечен живот. Тоа е за сите! Догма!
Философијата на Телемата пак вели дека Зборот на Гревот е ограничување и секако дека секој е вечен... Што е твојата награда и цел во животот? Воопшто не ме интересира, тоа е твоја работа, не моја. Би било злобно некој да дефинира за друг целта и наградата на нечиј живот кој што е еден, индивидуален и вечен!
Наградата е бесконечни искуства, ако се дава некаков општо одговор... јас така би рекол.

1. Ако јас се движам кон „себството„, тогаш ш‘о ќе ми се боговите? Значи, знам дека се движам кон „самито себе„, а не кон некоја друга цел...Така, постоењето на боговите е бесмилица, оти јас не се движам кон нив.

2. Како може еден телемит, како индивидуа, да произведе принцип кој е биде доволно оригинален и прифатлив и за другите телемити?

3. А од кај знае телемиот дека некоја туѓа алатка му е практично употреблива?

4. Колку долг живот ми треба на еден телемит за да ги испитува општите, туѓите и нормално, своите алатки и патишта на движење?

5. Ако наградата е една, а не две, три или 364, тоа значи дека наградата е однапред позната и нема потреба од индивидуите да изодат различни патишта, а да стигнат кон иста цел/награда.
1. „Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот. “Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди.“ - Книга на Законот, Глава II, Стих 7
+ There is no god, but man. (како сакаш го разбери ова).
2. Со работа и искуство. Секој метод што дава исти или слични резултати кај други - значи го бидува и телемитот и формулата што ја споделил :)
3. Ќе ја проба алатката. Како инаку...? Ќе ја гледа?
4. Зависи од Ѕвездата и нејзините минати патишта! Може многу може 9 месеци!
5. Тоа не значи дека е позната целта и секоја индивидуа МОРА да оди различен пат од секоја друга (види во врска со наградата погоре)!


Еве конечно и самиот признаваш дека телемата нема концепт за вечно постоење.
Воопшто не си разбрал што ти пишува момчакот.
Ќе оставам тој да ти дообјасни...

Се читаме :)

П.С. И онака, за да кажам и јас нешто :

Гледано од денешна перспектива, не гледам дека човекот е ослободен од моралните, етичките, политичките и економските пранги со кои самиот се затвора. Сеуште насекаде по светот, па и во Македонија – човекот не е слободен и нема права. Не зборувам тука за некакви правни закони со кои му се дозволуваат или одземаат некакви права на поединецот. Зборувам за одземање права на една индивидуа од страна на друга или група на индивидуи. Тоа „одземање права“ не мора да биде дирекнто надворешно дејствување за да ве попречи некој да не бидете тоа што ви е волја и природа. Многу полошо е да ве убедат дека вашето право да ја извршувате својата волја и никоја друга, да мислите со своја глава, да љубите како сакате и кого сакате е погрешно и штетно за опшеството од кое сте секако и самиот дел.

Зошто е тоа така е многу лесно да се одговори!

Поединецот нема знаење, волја и практично искуство како да живее со различните луѓе околу него! Човекот е научен да го сака она што му е блиско, познато и што го разбира, а да гради одбранбен ѕид кон се што му е туѓо, различно од неговите идеи за „правилно“ етички или морално, што води нормално кон силување на правата на поединецот во извршувањена неговата волја. Многу е лесно на таков ум да се дејствува однадвор и да се натера да изгради уште поголем ѕид во однос на различните од него! Нормално, додадете ја тука и потребата да се групира човекот во стадо и ете не – секој на секого тиранин!
- Извадок од „Liber Oz - мои коментари“
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom