Секоја индивидуа е приказна сама за себе: од сета таа индвидуална различност, како ќе воспоставиш заеднички почетни принципи?
И обратно: ако почентите принципи се исти за секоја индвивидуа, како индивидуата ќе се движи понатаму, кога почетните принципи и‘ го одредиле правецот на движење?
Ако секоја индивидуа си „тера„ по свое, тогаш како ќе можат 2, 3 или повеќе индивидуи да најдат заеднички јазик, односно да се разберат меѓусебно, ако секоја индивидуа „тера„ свој пат во истражувањето, а тоа истражување даде поинаков резултат од туѓите истражувања, кои даваат некои нивни/свои резултати?
Почетните принципи се поставени, индивидуата може само да ги препознае во нив сопствените и тоа да го искористи како појдовна точка за понатамошно сопствено надградување, понатамошното движење не е диктирано од овие принципи.
Што се однесува до заедничкиот јазик, никаде нема правило или услов дека мора да постои заеднички јазик помеѓу двајца телемити, во смисла да бидат едногласни по сите можни основи. Резултатите се индивидуални, субјективни и ниедно субјективно искуство неможе да биде споредено со искуство на друг. Разбирањето, т.е усогласувањето на резултатите доаѓа на надразумско ниво.
Ако телемитската религија познава и признава божества во нивната различна манифестација, тогаш која е потребата од индивидуата да истражува ненаков свој пат? Кон каде и кон кого води тој пат?
Која е улогата од божествата во телемата?
Телемата може да се смета за религија единствено ако и се пристапи на начин како кај класичните религии и се изостави праксата. Но телемата не е за сите само религија, туку многу повеќе. Божествата на различните религии, во телемата се интерпретираат како различни архетипски и космички принципи и сили, или како одредени езотериски формули, тоа е нивната улога.
Патот за кој прашуваш, води кон Себството на секој човек, тоа е пат кон навнатре, пат кој вклучува осознавање на сопствената суштина, а со тоа и поврзаноста и суштината на се останато кое на било кој начин е поврзано со нашето Себство или суштина.
Ако телемата е религија, тогаш со кој бог комуницира индивидуата?
Телемитот е потребно да ја прифати Liber Al, т.е во нејзината симболика да ја препознае сопствената претстава за божественото. Дали тоа ќе биде теистички, гностички, пантеистички, деистички...или било каков друг концепт за Бог, зависи само и исклучиво од таа личност. Има телемити кои се атеисти, т.е божественото за нив е природата - универзумот! Како и зошто незнам, тие си знаат, има гностици, има пантеисти....
Што значи, прашањето "кој бог" насочено во колективна смисла за сите телемити е бесмислено, затоа што тука не се работи за догма во која сите подеднакво веруваат, телемитот не верува, туку се стреми да осознае.[DOUBLEPOST=1394797357][/DOUBLEPOST]
Како владее Свеста со постоењето кога е зависна(да расте), во случајов од двата Принципа?
Работи, практикувај Јога, медитирај и дознај.