Имам одговори, но што пак истото ќе го одиме?
Не е до Телемата, до тебе е и она што си го изградил како свој универзум од искуства... до човекот е... толку е тешко да се разбере дека e до тоа?
Одговори се има, твоето неразбирање, незнаење и верување дека се неточни е твоја работа...
Како христијанин, за тебе одговорот: Зборот на Гревот е ограничување - е лага и тоа е твојата голема вистина - тоа не е немање одговор, тоа значи дека јас и ти имаме различни универзуми на искуства и секогаш ќе наоѓаме „не-одговори“. Телема што да правиш
Телемата има сешто... лабораторија! За некои може и да е тоа: нихилизам!
За некои е егзистенцијализам во најчиста форма... зарем ќе убедувам некој дека не е тоа?
Ние бараме од секој да истражува преку теорија и пракса!
Другото е се глупости и празни верувања и надежи...
Како тоа е нихилизам на пример кога таму некаде се вели: „Човештвото пред се“ и зошто? Или размислите во Liber Librae за тебе е нихилизам? Хм?
Или тоа што велиме дека етиката и моралноста се менлива категорија за тебе значи имање „нихилистички фундамент“?
Или судиш за Телемата според тоа што ќе рече соговорникот тука на еден отворен форум?
Би ти дал совет твојот „нихилистички фундамент“ пронајден во нашите книги што си ги прочитал да ги поврзеш со еврејските езотериски учења за „ништото“.
Можеби ќе добиеш други размисли, што знам... пробај. Само давам мислење...
Ти велиш дека нема во философијата на Телема концепт за вечно постоење, а јас вистина, вистина ти велам: погледни во некои книги од A.'.A.'. (класа А е најдобро)!
Па тогаш, одлучи...