Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Трансот на пентаграм? Прв пат слушам за тоа... Ритуалот на пентаграм и хексаграм имаат сосема друга намена... тешко некој да падне во транс од сето тоа... :)

Треба да се критикува, ние немаме забрани кон тоа... но со „делумно проучување“ критикуваш напразно... само заморуваш.
Ние не велиме никому верувај и точка... ние не велиме да не се сомнева човек... но кога веќе се сомневаш, треба да имаш искуство со кое ќе ја поткрепиш сета таа критика кон нашите методи и сите тие сомнежи...
Постојат ете книги кои ти велат призивање на богото тој и тој... и ти што? Од прва велиш пф глупости... нели? И сега... што да правиме ние како телемити ако ти ми кажеш дека сето тоа те потсетувало како нешто друго од претходно? Да ти скршам рацете и нозете и да ти извадам јазикот за да јас за тебе сработам нешто и ти да дојдеш до некој заклучок?

Христијанството и исламот паднаа заради премногу забрани, за да не се критикува и да се нема директно искуство со што и да е од тоа што тие нудат...

Јас во ништо не верувам на пример... Арханѓел... што е тоа? Која е разликата од анѓел на пример? Колку концепти има за тој збор? Најдобро е да ги контактираш еврејските записи... батали ислам и христијанство за овие теми... ќе пресудиш лошо за телемата, која постојано се бутка во религија :)
Ти тоа што сакаш да го критикуваш не го разбираш и треба јас да те убедувам...

Ти не може да го свариш поимот ентитет, безтелесност, нематеријално... и слично... и сега што да направам јас? Да ти го довлечкам Аиваз на колена пред тебе?
Ти реков да се молиш за да ти се „појави“? Тоа го има во тие твои религии... Јас ништо не реков од тоа..

Па во „Магика без Солзи“ истите прашања ги поставува и еден иницијант во А.'.A.'. и е одговорено во стилот: без разлика дали ти веруваш или не - дали постојат ентитети или арханѓели или магнетни сили или како сакаш ги нарекувај - постојат методи со кои може да се влијаае врз тие сили... секој што се сомнева, прво нека научи да пишува наназад и да зборува наназаад - ако успее во тоа - ќе успее да влијае и врз тие сили „кои што не постојат“. ;)

Не знам колку ме разбра со ова, но сакам да кажам дека се зависи од способноста на човекот од верување да премине во знаење... постојано да талка човек во верување... што со тоа? Не така...

П.С. треба да бидат одговорени „некои твои прашања“ за да не се разминиме? :)
Слободно размини :) Голема работа...
Аха, како да не:P Гледам сите критики кон останатите религии се саде од луѓе што целосно ги разбрале и имаат еден куп искуства со истите тие религии. Дај ти се молам.:)


Од каде идејата дека Хриситјанството паднало? Или тоа е желба?

Па телемата се бутка во религија, со право. Ваше е да го докажете спротивното. Зошто да не се прави споредба, кога се користат апсолутно исти поими, од апсолутно исти извори, за соодветна цел.

Зошто мислиш дека не можам да го сварам поимот ентитет и бестелесност? Или можеби не можеш ти да го опишеш, па полесно е да натовариш на соговрникот дека не разбира? Што и да прашаш од Христијанството кое за мене на пример е класична симболика и метафора, ќе добиеш одговор согласно моите сознанија и убедувања.

Не одговарај со некои цитати, кој на кому му одговорил во соодветна литратура. Твоето мислење е потребно тука:)

Те разбирам Хепта што сакаш да кажеш, и тоа е токму тоа што го напомена во болдот, преминот од верба во знаење. Зашто сметаш дека некој Христијанин не го направил тоа, и зошто сметаш дека ти си го сторил тоа, и уште повеќе преку упатството наречено Телема.:)


Бидејќи ти знаеш што е ентитет, а што е бестелесност, во што е разликата од ентитетот наречен Светиот Дух, кој и се појавил на дева Марија, до ентитетот интилигенција Ајваз?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Ооо нова рунда... мило ми е што живна темава... некој ми рече дека ќе следат турбуленции во врска со телемава оваа 2013 е.в., изгледа ќе започне од тука :D

Пак од крајот ќе започнам...

Бројката никогаш јас не ја гледам како било каков фактор... Бројноста се величи токму во овие религии што велам дека се паднати (немаат ефект врз единката во светот, во смисла да ја прават подобра).
Не обединуваат, ами поделуваат, во таа смисла - проповедаат тоа што проповедаат - свртени се против другите (со онаа девиза дека ЕДЕН Е БОГ, мојот), а резултатите се сосема нешто друго. Премногу верници, со различни политички, психички, социјални подлоги, а исти принципи - не оди заедно. Има испади, премногу... За етиката и моралот - ќе оставам да коментирате на соодветните теми...

Следно...
Бидејќи верувањето нема врска со „ентитетите“ и со телема :) Тоа го зборувам јас... значи атеистот вели јас не верувам во ентитети - ок бре човек кој ти вели да веруваш? Сакаш да ме направиш луд? Повели... јас убаво велам - работи, види умот до каде може да ти достигне...
Телемата не е вера, да веруваш, ами пракса... Не е догма за да не ја критикуваме и менуваме... немаме проблем со менување на праксите - ако се најде полесен и поделотворен начин - менуваме... Еден телемит не ги користи сите пракси дадени јавно или тајно (сепак не сите работи се јавни - но тоа е тоа) - те привлекуваат некои пракси поеќе, некои помалку - за сите има по нешто... со менување во однос на човекот... И ете не сега кај ритуалите...

Како сакате смисла кога не сте запознаени со системот иако има каде да учите? Како нема кај да прочитате и да студирате? За телема ви треба знаење од многу работи... телемата не е затворен систем... не е догма... мора да се следи секоја пракса со научен метод...

За имињата на тие арханѓели и зошто побогу на атеист му е мака да се врти и да визуелизира и да запаѓа во трансови, кога истото се добива со супстанции или пак има поважни работи од тоа :)
Треба да се знае кога и зошто и како се прави нештото... инаку или ништо нема да се добие или погрешно ќе се добие.

Малкумина знаат како се пишуваат тие имиња што се изговараат (ги знаат како транскрипции на англиски, македонски), малкумина знаат за значењето на секоја буква во имињата и зошто, малкумина знаат за боите и како влијаат на умот, малкумина знаат за какво „вртење“ се работи и зошто, малкумина знаат што во превод се тие имиња, малкумина знаат што работи умот додека се зборува и се движи човекот (синхронизирано)... Малкумина се заморуваат да го испраксираат тоа до совршенство - да не ни мислат што зборуваат и кога и како и што умот да мисли итн итн...

Тоа атеистот по дифолт - како и верникот што верува по дифолт - го отфрла. Штета... Каде е опитот? Истражувањето кај атеистот? Задоволен е да каже - глупости? Ова е видено и неточно? :) Не е видено, и не е неточно...

Сите тие ритуали и пракси немаат ништо мистично, надприродно или не знам какви џиџи миџи глупости за кои се пишува нашироко и надолго... Магиката е толку упропастена со споредби и бладање за истата - а минимум работа - што додека се поправи сето тоа - ќе треба време. Магиката Е дејствувањето на човекот во светот! Толку е просто не знам што да ви кажам веќе... Ако човекот е надприродна работа, тогаш и боговите и ентитетите и суптилните сили се надприродни :D
Може да се каже дека секоја пракса е смислен систем со кој се дејствува врз телото, врз умот, а со тоа се менува потоа светот околу вас. Ако атеист не се заморува со тоа - кој?

За јогата имате докази дека ако практикувате, се менува умот... пробајте, што да ви речам повеќе. Онака ништо не постои за вас... пред да почнам да пишувам тука - еден член пишуваше дека нема ни О.Т.О. во Македонија... зезнато е тоа да се тврди во своето ограничување што постои што не - дали да се верува или да се знае..


П.С. Истерувачките ритуали јас ги гледам како подготвување на системот (човекот)... средување на сигналите :)
Вие како ги гледате ритуалите?

P.P.S. Donald Sikert , се лутиш што мислам дека христијанството не создава добри луѓе? Лути се... :) Христијанството никогаш не создаваше и не создава добри луѓе, само послушни верници... штета... или пак не :) Христијанството само си оди по својот пат, што мене ми се допаѓа :) Извини така...
За мама Марија дали ја посетил Шекина - божјиот дух и што е разликата помеѓу Аиваз и Шекина,... простудирај ги евреите прво... не ме прашувај мене за тоа. Некои работи најдобро ги знаат евреите... Исто како што Патријарх е едно а ѓакон е друго - така му доаѓа и ова нешто... :) Гавриел е едно, Шекина е друго, Аиваз е трето... прашуваш за работи за кои ни 100 страни нема да можам да ти објаснам бидејќи е опширна и тешка тема. Барем мене ми е..
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Хептаграм XI ај горниот дел од постот, додека не ми с еобраќаш мене во ППС делот, некако и ти го разбирам поривот.

Ама сепак до толку ја напраи телемата демек еден куп науки треба да владееш и методи за да ги осознаеш нејзините магиски ритуали:P

За мене тоа е невиден атак на интелектот врз останатите форумџии:)

Ама то е твој став и тоа е тоа. :)

Ми останува да се согласам или не со истиот. Го бирам ова второво.

Делот кај што ми се обраќаш мене го сметам како суптилен обид да се девалвира мојот став, преку субјективна констатација за една религија и две милијарди луѓе, сметајќи дека сум најблиску до неа.

Прво без ниту еден факт се осуди да тврдиш дека над 2 милијарди луѓе се лоши, бидејќи како Христијани не се добри.
Тука секако ме вметна и мене, не познавајчи ме дали сум добар или лош.
Но и тоа е дел од твојата слободна волја, и правиш што сакаш, во случајов класифицираш и оценуваш без подлога.

Го оцрни Христијанството, немајќи ни еден опит направено во истото, немајќи искуство од истото и еден куп работи што ги бараш од мене за телемата.
Тоа се вика двоен аршин.

Но толку за Хриситјанството, тука зборуваме за Телемата сепак. Не ја префрламе топката со напад кон нешто друго.

Што е Гејбриел, а што Ајваз? Што е едното, а што другото Хепта?

Си го сретнал ли ти Ајваз?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. ЈАс многу убаво започнав на темата за Кроули, онаму каде гледав проблем, согласно моите убедувања, арно ама веднаш потоа дојде ставот на Ipsissimus и неговото барање за отстранување на Gurdjieff како непожелна личност, и мојот контрастав дека е потребен на темава, и се отиде по ѓаволите.

2. Хриситјаните трпат жестоки критики во однос на дева МАрија и светио дух, муслиманите служат за потсмев коа ќе споменат дека ентитет му с епојавил на мУхамед у пештерата, а телемата го нуди истиот концепт и тоа во 20 век дека се случил. За мене е нон сенс тоа.
Овае само мој став, кој ќе подлежи на критики секако.

3. Трансот на пентаграмот споменува 4 архангели на пример.
Исто се споменува и во Хриситјанството и во Исламот.

Значи ова е концептот за кој што јас би дискутирал за телемата, а не длабоко во нејзината срж.
Секако тука е и Кроули кој има исто толку маани, како и еден Мухамед творец на една друга религија.


Со сиот респект кон Ипси кого го знам лично, и Хепта кого подолго го познавам виртуелно, сметам дека иако по ова прашање се разединуваме, треба да бидат одговрени некои од прашањата.
1. Моето барање за отстранување на дотичниот член го аргументирав и образложив.
Ти тоа го нарече "кукавички акт", за потоа да тврдиш дека воопшто немало провокациска намера сето тоа. Да беше некој друг ќе разберев, ама ти и повеќе од добро знаеш за каков член станува збор и какви намери има! Впрочем затоа и еднаш веќе е баниран - од оваа тема!

2. Дали телемитскиот концепт за божества е ист со христијанскиот и исламскиот, веќе ти дадов објаснување:
Исто така на официјалната страна на О.Т.О во текстот за теологијата на Телемата се вели следново:
Телемитската доктрина ги смета божествата на различните култури и религии за отелотворување на специфични божествени, архетипски и космички сили.
Линк: http://www.oto-mk.net/?p=21
3. Не се работи за никаков транс......станува збор за ритуал. Што се однесува до Архангелите и дали имаат ист концепт со христијанството, види точка 2.
--- надополнето: 16 април 2013 во 22:42 ---
Па телемата се бутка во религија, со право. Ваше е да го докажете спротивното. Зошто да не се прави споредба, кога се користат апсолутно исти поими, од апсолутно исти извори, за соодветна цел.

Зошто мислиш дека не можам да го сварам поимот ентитет и бестелесност? Или можеби не можеш ти да го опишеш, па полесно е да натовариш на соговрникот дека не разбира? Што и да прашаш од Христијанството кое за мене на пример е класична симболика и метафора, ќе добиеш одговор согласно моите сознанија и убедувања.

Не одговарај со некои цитати, кој на кому му одговорил во соодветна литратура. Твоето мислење е потребно тука:)

Те разбирам Хепта што сакаш да кажеш, и тоа е токму тоа што го напомена во болдот, преминот од верба во знаење. Зашто сметаш дека некој Христијанин не го направил тоа, и зошто сметаш дека ти си го сторил тоа, и уште повеќе преку упатството наречено Телема.:)


Бидејќи ти знаеш што е ентитет, а што е бестелесност, во што е разликата од ентитетот наречен Светиот Дух, кој и се појавил на дева Марија, до ентитетот интилигенција Ајваз?
Во врска со првиот болд.
Користење ист поим, незначи дека и суштината која се крие зад поимот е иста. И христијаните во арабија својот бог го викаат Алах, па сепак тоа не е исламскиот концепт за бог.
Втор болд.
Небитно е кој што смета, битни се делата, битно е како функционира сето тоа во реалноста, каков однос има кон науката, различните култури, слободата на човекот и слично.
--- надополнето: 16 април 2013 во 22:48 ---
Со оглед на тоа што за Телемата информациите на интернет се прилично оскудни,посебно за лаик кој не знае баш каде да пребарува,би сакал да знам дали навистина во Телемата постои колнење,поточно magickal cursing?Дали со оваа акција Телемитот кој ја испраќа клетвата или што и да е,не се меша во слободната волја на личноста кон која е упатена таа клетва?
Во телемата секој акт кој не е во согласност со вистинската Волја е акт на "црна Магија"
Прочитај го овој текст за подетално објаснување.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Моето барање за отстранување на дотичниот член го аргументирав и образложив.
Ти тоа го нарече "кукавички акт", за потоа да тврдиш дека воопшто немало провокациска намера сето тоа. Да беше некој друг ќе разберев, ама ти и повеќе од добро знаеш за каков член станува збор и какви намери има! Впрочем затоа и еднаш веќе е баниран - од оваа тема!

2. Дали телемитскиот концепт за божества е ист со христијанскиот и исламскиот, веќе ти дадов објаснување:


3. Не се работи за никаков транс......станува збор за ритуал. Што се однесува до Архангелите и дали имаат ист концепт со христијанството, види точка 2.
1. Јас сеуште го сметам за кукавички акт. Јас тврдам дека моето немаше провокациска намера. За неговиот став, не можам да гарантирам, но и да е така оди во прилог на кукавичлукот.
ТИ кажав остави д апроценат другите дали провоцира или сепак има аргументи.

Чоекот праша за Кришнамурти. Вие не му одговоривте. Ако не беше Gurdjieff поставувачот на прашањето, ќе одговоревте ли?

Ипси јас на провокација, одговарам со провокација.
На лажен аргумент пробувам со валиден аргумент.

Пријава за бан, никад не сум побарал и затоа тој тип на справување со нештата не ми се допаѓа.

2. Ок. Овој став го констатирав и претходно. Сметајќи дека се е симболика и метафора и секој за себе, однапред има амнестија за било што.

Само божествата ли се космички сили?

Ајваз спаѓа ли во космичка сила, или ентитет како него се разликува од кисмичките сили, односно божесвата?

Која космичка сила ј апретставува Јахве?

3. Ок, и Хепта ме поправи за ова.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. Јас сеуште го сметам за кукавички акт. Јас тврдам дека моето немаше провокациска намера. За неговиот став, не можам да гарантирам, но и да е така оди во прилог на кукавичлукот.
ТИ кажав остави д апроценат другите дали провоцира или сепак има аргументи.

Чоекот праша за Кришнамурти. Вие не му одговоривте. Ако не беше Gurdjieff поставувачот на прашањето, ќе одговоревте ли?

Ипси јас на провокација, одговарам со провокација.
На лажен аргумент пробувам со валиден аргумент.

Пријава за бан, никад не сум побарал и затоа тој тип на справување со нештата не ми се допаѓа.
Човекот цело време не нарекува секташи иако му беше милион пати објаснето дека не станува збор за никаква секта! Човекот цело време одеше со офтопици дрдорејќи глупости за телемитите без разлика за која тема стануваше збор! Човекот и покрај тоа што некој трошел време и енергија да му објасни, ја извртуваше смислата на телемитското мото - "Прави што ти е Волја", прикажувајќи го во сосем погрешна и неточна варијанта!
За мене подржување на таква личност од твоја страна не е ништо друго освен провокација, имајќи во предвид дека и ти лично имаш влегувано во дискусии со него и изјавувано дека е се што и јас набројав!
И за крај само да напоменам кога веќе дефинираме кукавичлук, за мене тое е кога плукаш по шеријатот и муслиманите, а не наоѓаш за сходно да критикуваш јавно подржување на прогон, убиства и телесно сакатење на неистомисленици, само затоа што се работело за христијани! Мислам на темата за Богомилите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Гледам јас запна на темава, почувствував пореметување во силата - ти си ми се налутил нешто во врска со христијанството - кое секако не ти е баш духовна школа според нивните канони... што се лутиш и јас не знам...


Тврдиш дека имам толкава моќ да оцрнам религија како христијанството? Доволно ги оцрнував христијаните - верници, докази има по форумов...
Поцрно не можам и да сакам да го направам... самото си е црно одвнатре, не ме мене заморувај со проблемите на христијанството и нивната етика, морал, догма, секти, анатеми, религиска нетрпеливост со другите религии... итн итн...:P
Скоро 2 милијарди wanna-be христијани... тие не се лоши, ти се христијани заради историја, заради патриотизам, заради семејство... духовно воопшто не се врзани со учењата на било која од бесконечно многуте „вистински црквИ“... но во вистинска смисла христијанин - не е компатибилен со денешнината и е зло за слободниот човек - мене ми е зло барем. Мислам читни таму Библијата (новиот завет) и види секојдневие... Но темата е телема МУАХАХАА :)

Гејбриел не знам што ти е тоа... некој американски супер херој? Аиваз е HGA :) Аиваз е поврзан со тајни системи, Аиваз некои велат дека е битие... Јас немам ништо со Аиваз за да го сретнам на мојот пат (сеуште, за во иднина, ќе видиме со друго искуство)...
Воопшто не прочита по нет (дури и википедија) за Аиваз? Воопшто не сакам да пишувам за работи што веќе ги има на нет или по нашите книги...
За тебе Аиваз не постои (не го читна линкот од прееска до мојот блог?).. и тоа е тоа. Можам да ти кажам Аиваз е ха-Веруминсун (ти не знаеш што е тоа бидејќи не може да знаеш) , а на македонски јазик нема еквивалент ниту пак знам како да ти кажам.
Аиваз е bad ass m.f. :) Според напишаното во Книгата на Законот,нормално, ете тоа е, ако сакаш на англиско-македонски јазик.

И ако мислиш дека нашите магиски ритуали ќе ги разбереш преку нешто друго, а не преку наука - повели :) Човекот не знам како може да се спознава на друг начин...
Иако ти ништо нема да направиш од сето тоа... тука си бидејќи си налутен и ништо поеќе... ако, испукај се :)
Ќе помине и ова...

Мотото на A.'.A.'. е Методот на Науката - Цел на Религијата ;) И тоа е тоа...
 
M

Muranyi

Гостин
Ооо нова рунда... мило ми е што живна темава... некој ми рече дека ќе следат турбуленции во врска со телемава оваа 2013 е.в., изгледа ќе започне од тука :D

Пак од крајот ќе започнам...

Бројката никогаш јас не ја гледам како било каков фактор... Бројноста се величи токму во овие религии што велам дека се паднати (немаат ефект врз единката во светот, во смисла да ја прават подобра).
Не обединуваат, ами поделуваат, во таа смисла - проповедаат тоа што проповедаат - свртени се против другите (со онаа девиза дека ЕДЕН Е БОГ, мојот), а резултатите се сосема нешто друго. Премногу верници, со различни политички, психички, социјални подлоги, а исти принципи - не оди заедно. Има испади, премногу... За етиката и моралот - ќе оставам да коментирате на соодветните теми...

Следно...
Бидејќи верувањето нема врска со „ентитетите“ и со телема :) Тоа го зборувам јас... значи атеистот вели јас не верувам во ентитети - ок бре човек кој ти вели да веруваш? Сакаш да ме направиш луд? Повели... јас убаво велам - работи, види умот до каде може да ти достигне...
Телемата не е вера, да веруваш, ами пракса... Не е догма за да не ја критикуваме и менуваме... немаме проблем со менување на праксите - ако се најде полесен и поделотворен начин - менуваме... Еден телемит не ги користи сите пракси дадени јавно или тајно (сепак не сите работи се јавни - но тоа е тоа) - те привлекуваат некои пракси поеќе, некои помалку - за сите има по нешто... со менување во однос на човекот... И ете не сега кај ритуалите...

Како сакате смисла кога не сте запознаени со системот иако има каде да учите? Како нема кај да прочитате и да студирате? За телема ви треба знаење од многу работи... телемата не е затворен систем... не е догма... мора да се следи секоја пракса со научен метод...

За имињата на тие арханѓели и зошто побогу на атеист му е мака да се врти и да визуелизира и да запаѓа во трансови, кога истото се добива со супстанции или пак има поважни работи од тоа :)
Треба да се знае кога и зошто и како се прави нештото... инаку или ништо нема да се добие или погрешно ќе се добие.

Малкумина знаат како се пишуваат тие имиња што се изговараат (ги знаат како транскрипции на англиски, македонски), малкумина знаат за значењето на секоја буква во имињата и зошто, малкумина знаат за боите и како влијаат на умот, малкумина знаат за какво „вртење“ се работи и зошто, малкумина знаат што во превод се тие имиња, малкумина знаат што работи умот додека се зборува и се движи човекот (синхронизирано)... Малкумина се заморуваат да го испраксираат тоа до совршенство - да не ни мислат што зборуваат и кога и како и што умот да мисли итн итн...

Тоа атеистот по дифолт - како и верникот што верува по дифолт - го отфрла. Штета... Каде е опитот? Истражувањето кај атеистот? Задоволен е да каже - глупости? Ова е видено и неточно? :) Не е видено, и не е неточно...

Сите тие ритуали и пракси немаат ништо мистично, надприродно или не знам какви џиџи миџи глупости за кои се пишува нашироко и надолго... Магиката е толку упропастена со споредби и бладање за истата - а минимум работа - што додека се поправи сето тоа - ќе треба време. Магиката Е дејствувањето на човекот во светот! Толку е просто не знам што да ви кажам веќе... Ако човекот е надприродна работа, тогаш и боговите и ентитетите и суптилните сили се надприродни :D
Може да се каже дека секоја пракса е смислен систем со кој се дејствува врз телото, врз умот, а со тоа се менува потоа светот околу вас. Ако атеист не се заморува со тоа - кој?

За јогата имате докази дека ако практикувате, се менува умот... пробајте, што да ви речам повеќе. Онака ништо не постои за вас... пред да почнам да пишувам тука - еден член пишуваше дека нема ни О.Т.О. во Македонија... зезнато е тоа да се тврди во своето ограничување што постои што не - дали да се верува или да се знае..


П.С. Истерувачките ритуали јас ги гледам како подготвување на системот (човекот)... средување на сигналите :)
Вие како ги гледате ритуалите?
Море човек,тебе хоби да не ти е да се расправаш со соговорникот?:D На никаков начин не се обидувам да те направам луд,не знам зошто така ги доживуваш моите прашања во врска со Телемата.

Сепак,мора од некаде да се почне,нели гледаш дека добар дел од темата за Телема се состои од твои и постови на Ипси,ретко кој и би знаел што да праша во врска со Телемата,бидејќи ионака самата нејзина содржина како што велиш ти налага познавања од други области,изобилува со поими кои претставуваат непозната за најголем дел од форумџиите.Уште кога ќе го пратиш да си ја усоврши праксата и да не прашува многу(Помалку зборување,повеќе работа) мислиш дека тој јадник би знаел од каде да почне,со што да се зафати,што попрвин да прочита,во која насока да почне со иницијално истражување?Да не се лажеме,Телемата,што и да претставува,за некој филозофија,за некој религија,не е нешто во кое поединец ќе може сам да се снајде и да научи нешто повеќе.Тоа е и целата поента,да се даде барем некаква насока и да оформиме претстава,каква-таква,за Телемата и повторно ќе повторам,се тоа доколку не се коси со вашата заклетва пред Редот и вашата Волја,секако:)
Со ваков пристап,јас само добивам впечаток дека нема ние што тука да прашуваме,бидејќи ионака нема да разбереме,а за да разбереме треба да бидеме иницирани:sneaky:

Спомена пракса,која е морално да биде следена со научен метод.Во ред,тоа и од пред тоа ми е познато,поприлично доста пати го имаш повторено на форум.Каков научен метод се користи во LBRP?Го споменав него,со оглед на тоа што е јавен па му е достапен на секој заинтересиран,кој евентуално би пројавил желба да го изведува.

Какви се тие супстанци кои даваат ист резултат со вашите пракси?Дали говориме за наркотични средства или алудираш на нешто друго?

Кој ги модифицира праксите,самиот практикант или пак посебно тело од вашата организација?Дали само јавните пракси се подложни на менување и прилагодување или истото важи и за тајните?

Дали вистинската Волја може да биде исполнета без тие пракси?Или пак е потребна и иницијација?Како во даден момент можеш да знаеш дека си ја открил и дека ја исполнуваш својата волја,се работи за интуитивно проникнување на тоа сознание или различен е начинот?

Мислам дека,како за почеток се доволно,дури и премногу прашања. Тука сме,па може и ќе дознаеме нешто:)
--- надополнето: 16 април 2013 во 23:53 ---
Во телемата секој акт кој не е во согласност со вистинската Волја е акт на "црна Магија"
Прочитај го овој текст за подетално објаснување.
Што значи дека секој кој се решил да упати curse(нека стои вака,поубаво звучи од "колнење") кон противникот,веќе се послужил со црна Магија и ќе биде казнет(не казнет-премногу христијански звучи,туку ќе си трпи последици)?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што значи дека секој кој се решил да упати curse(нека стои вака,поубаво звучи од "колнење") кон противникот,веќе се послужил со црна Магија и ќе биде казнет(не казнет-премногу христијански звучи,туку ќе си трпи последици)?
Токму така.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Море човек,тебе хоби да не ти е да се расправаш со соговорникот?:D На никаков начин не се обидувам да те направам луд,не знам зошто така ги доживуваш моите прашања во врска со Телемата.

Сепак,мора од некаде да се почне,нели гледаш дека добар дел од темата за Телема се состои од твои и постови на Ипси,ретко кој и би знаел што да праша во врска со Телемата,бидејќи ионака самата нејзина содржина како што велиш ти налага познавања од други области,изобилува со поими кои претставуваат непозната за најголем дел од форумџиите.Уште кога ќе го пратиш да си ја усоврши праксата и да не прашува многу(Помалку зборување,повеќе работа) мислиш дека тој јадник би знаел од каде да почне,со што да се зафати,што попрвин да прочита,во која насока да почне со иницијално истражување?Да не се лажеме,Телемата,што и да претставува,за некој филозофија,за некој религија,не е нешто во кое поединец ќе може сам да се снајде и да научи нешто повеќе.Тоа е и целата поента,да се даде барем некаква насока и да оформиме претстава,каква-таква,за Телемата и повторно ќе повторам,се тоа доколку не се коси со вашата заклетва пред Редот и вашата Волја,секако:)
Со ваков пристап,јас само добивам впечаток дека нема ние што тука да прашуваме,бидејќи ионака нема да разбереме,а за да разбереме треба да бидеме иницирани:sneaky:

Спомена пракса,која е морално да биде следена со научен метод.Во ред,тоа и од пред тоа ми е познато,поприлично доста пати го имаш повторено на форум.Каков научен метод се користи во LBRP?Го споменав него,со оглед на тоа што е јавен па му е достапен на секој заинтересиран,кој евентуално би пројавил желба да го изведува.

Какви се тие супстанци кои даваат ист резултат со вашите пракси?Дали говориме за наркотични средства или алудираш на нешто друго?

Кој ги модифицира праксите,самиот практикант или пак посебно тело од вашата организација?Дали само јавните пракси се подложни на менување и прилагодување или истото важи и за тајните?

Дали вистинската Волја може да биде исполнета без тие пракси?Или пак е потребна и иницијација?Како во даден момент можеш да знаеш дека си ја открил и дека ја исполнуваш својата волја,се работи за интуитивно проникнување на тоа сознание или различен е начинот?

Мислам дека,како за почеток се доволно,дури и премногу прашања. Тука сме,па може и ќе дознаеме нешто:)
Абе навика ми е да се расправам... дури и кога правам муабет со некој телемит истото е... не дека ве гледам како непријатели, така ми оди муабетот подобро, имам инспирација... нема да пишувам ако не ве ставам во таа категорија - провокатори :)
Без лутење - тоа ми е „виртуелна категорија“ за да имам инспирација онака ќе си речам: што ме гајле што прашуваат, јас како без форуми најдов тоа што сакав да најдам??? Нели...

Никој не е јадник... Секогаш сум велел запознајте се со философијата прво на телема. Каде? Па има македонски преводи веќе на над 10 книги(ако не сакате да давате пари, ги има на нет, на англиски)... некои работи треба да ги прочитате, пробуричкате низ главите, па да видите дали тоа ви е ок или не... Ако не ви е ок, уште една книга + во библиотека и чао пријатно.. О.Т.О. каков Ред е? Што нуди? Знаете? Па има мал милион официјални страници за Редот... Таму пишува О.Т.О. подучува кабала, магика, јога во сите форми, астрологија...
Правите разлика од О.Т.О. и телема? Се надевам правите...
Брзате со прашањата... кога ќе ви рече некој ете ви ритуали и магика и јога (ај баталете магика, тоа вие забегување), вие што правите? Дали зедовте книга дали од Кроули, дали од Ошо, дали од Вивекананда за да се упатите во запознавање со јогата и да почнете барем малку од малку да видите дали има ефект? Не...
Ме прашувате кои биле симболите при иницијација... мислам, ако не помислев дека е провокација тоа прашање, ќе помислев многу полоша работа во врска со тој што прашува...

Муабетот со супстанциите беше за дроги - сета тоа(слики, звуци итн) може да се предизвика на друг начин и да биде човекот свесен (далеку од сето тоа бладање со супстанциите - барем нема да имате проблеми со законот на Р.М.), а не пијан и избезумен. Кроули експериментираше со дроги... има добар есеј за тоа во... Мали есеи за вистината мислам... не ме држи за збор, не е до мене книгата, а ме мрзи да барам.

После одредено време при работење, веќе знаеш што би можел да сменеш (да додадеш шмек на ритуалот) :D
Одредени ритуали и да сакаш не бидува да се менуваат... тие се како рецепт...ќе добиеш... каша попара - ништо.
Во О.Т.О. нема забрани да се создаде свој ритуал...

Дали вистинската Волја може да биде исполнета без тие пракси?Или пак е потребна и иницијација?Како во даден момент можеш да знаеш дека си ја открил и дека ја исполнуваш својата волја,се работи за интуитивно проникнување на тоа сознание или различен е начинот?

Вистинската волја, не знам, но чистата волја, мислам според моето скромно знаење, не може. Реков за иницијацијата што е поназад, да не се повторувам...
Целата работа е пеглање на внатрешноста кај човекот - да се намали разумот и неговото мешање во извршување на чистата волја - и за тоа има во постот што го постирав претходно... Разумот работи со математика - што ќе добие - што ќе изгуби носителот на разумот... разумот (кабалистички кажано Руах е ок и е потребен за да се оформи слика на нешто непознато) е препрека кон спознанието кога напредува човек во својата пракса. Ти може воопшто да не гледаш логика во ова, но... ете ти хата јога, пробај месец дена работи и види од што е направен разумот. Затоа и е јогата толку битна ако сака некој да напредува и да надминува. Мирен ум - си е мирен ум.

Треба да измислувам постојано различни начини за да објаснувам :) Damn it...

Што бе Ipsissimus ти никогаш не си колнел демек? А минатиот месец што умре козата на комшијата? Јас да не сум крив за тоа? Кој црн магичар си ти :) Даркер :D
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Човекот цело време не нарекува секташи иако му беше милион пати објаснето дека не станува збор за никаква секта! Човекот цело време одеше со офтопици дрдорејќи глупости за телемитите без разлика за која тема стануваше збор! Човекот и покрај тоа што некој трошел време и енергија да му објасни, ја извртуваше смислата на телемитското мото - "Прави што ти е Волја", прикажувајќи го во сосем погрешна и неточна варијанта!
За мене подржување на таква личност од твоја страна не е ништо друго освен провокација, имајќи во предвид дека и ти лично имаш влегувано во дискусии со него и изјавувано дека е се што и јас набројав!
И за крај само да напоменам кога веќе дефинираме кукавичлук, за мене тое е кога плукаш по шеријатот и муслиманите, а не наоѓаш за сходно да критикуваш јавно подржување на прогон, убиства и телесно сакатење на неистомисленици, само затоа што се работело за христијани! Мислам на темата за Богомилите.

Ипси бе аман:)
Чоек ова е виртуелна реалност еееј.:P

И ти и Хептаграм XI се однесувате ко да ви е ова се у животот. :facepalm:

Па нормално дека имам и ја со Гурџи велгувано во дискусии и тоа многу поостри од тебе. Го нарекував и со погрдни зборови, ама неговиот виртуелен лик.

Ако се сеќаваш и ни еимавм ен почетокот такви дискусии, и со многумина други додека не се видовм ево живо.

Јас правам огромна дистинкција помеѓу она што се случува во живо, и ова тука на форумов.
Ова тука Ипси е заебанција, тепање време. Таман работа да судам за некој лик по неговите написи тука.

Болдот е само потврда дека ти се измешани чувствата од реалноста и форумов. Не ми се верува.:(

Го спореди Gurdjieff и неговите провокации и заебанции, со муслиманите и нивната поддршка за убијци на деца во реалноста:eek: и желбите нивни за шеријат?

Ипси бе алооо, кај отиде бе чоек со мислите?

п.с. Не знам ни која е темата за богомилите, а да инаку у право си и да сум ја читал немало да нападнам Христијанин, ако бил присутен таму и муслиман.
После минатиот Велигден, јас никогаш нема да напданм Христијанин, ама баш никогаш на форумов, особено не ако има и муслиман.
--- надополнето: 17 април 2013 во 00:09 ---
Гледам јас запна на темава, почувствував пореметување во силата - ти си ми се налутил нешто во врска со христијанството - кое секако не ти е баш духовна школа според нивните канони... што се лутиш и јас не знам...


Тврдиш дека имам толкава моќ да оцрнам религија како христијанството? Доволно ги оцрнував христијаните - верници, докази има по форумов...
Поцрно не можам и да сакам да го направам... самото си е црно одвнатре, не ме мене заморувај со проблемите на христијанството и нивната етика, морал, догма, секти, анатеми, религиска нетрпеливост со другите религии... итн итн...:P
Скоро 2 милијарди wanna-be христијани... тие не се лоши, ти се христијани заради историја, заради патриотизам, заради семејство... духовно воопшто не се врзани со учењата на било која од бесконечно многуте „вистински црквИ“... но во вистинска смисла христијанин - не е компатибилен со денешнината и е зло за слободниот човек - мене ми е зло барем. Мислам читни таму Библијата (новиот завет) и види секојдневие... Но темата е телема МУАХАХАА :)

Гејбриел не знам што ти е тоа... некој американски супер херој? Аиваз е HGA :) Аиваз е поврзан со тајни системи, Аиваз некои велат дека е битие... Јас немам ништо со Аиваз за да го сретнам на мојот пат (сеуште, за во иднина, ќе видиме со друго искуство)...
Воопшто не прочита по нет (дури и википедија) за Аиваз? Воопшто не сакам да пишувам за работи што веќе ги има на нет или по нашите книги...
За тебе Аиваз не постои (не го читна линкот од прееска до мојот блог?).. и тоа е тоа. Можам да ти кажам Аиваз е ха-Веруминсун (ти не знаеш што е тоа бидејќи не може да знаеш) , а на македонски јазик нема еквивалент ниту пак знам како да ти кажам.
Аиваз е bad ass m.f. :) Според напишаното во Книгата на Законот,нормално, ете тоа е, ако сакаш на англиско-македонски јазик.

И ако мислиш дека нашите магиски ритуали ќе ги разбереш преку нешто друго, а не преку наука - повели :) Човекот не знам како може да се спознава на друг начин...
Иако ти ништо нема да направиш од сето тоа... тука си бидејќи си налутен и ништо поеќе... ако, испукај се :)
Ќе помине и ова...

Мотото на A.'.A.'. е Методот на Науката - Цел на Религијата ;) И тоа е тоа...
Види го постот кон Ипси. И ти исто. Чоек бе не се лутам:P

Те прашувам нешто, ако сакаш одговори ако не не:P

Ништо страшно, до вчера не сум знаел за телемта и Ајваз, и сум преживеал. Ќе преживеам и понатаму без нив:cool:
--- надополнето: 17 април 2013 во 00:12 ---
Ме прашувате кои биле симболите при иницијација... мислам, ако не помислев дека е провокација тоа прашање, ќе помислев многу полоша работа во врска со тој што прашува...
Баш ме интерсира која е таа полоша работа што ќе помислеше:)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси бе аман:)
Чоек ова е виртуелна реалност еееј.:P

И ти и Хептаграм XI се однесувате ко да ви е ова се у животот. :facepalm:

Па нормално дека имам и ја со Гурџи велгувано во дискусии и тоа многу поостри од тебе. Го нарекував и со погрдни зборови, ама неговиот виртуелен лик.

Ако се сеќаваш и ни еимавм ен почетокот такви дискусии, и со многумина други додека не се видовм ево живо.

Јас правам огромна дистинкција помеѓу она што се случува во живо, и ова тука на форумов.
Ова тука Ипси е заебанција, тепање време. Таман работа да судам за некој лик по неговите написи тука.

Болдот е само потврда дека ти се измешани чувствата од реалноста и форумов. Не ми се верува.:(

Го спореди Gurdjieff и неговите провокации и заебанции, со муслиманите и нивната поддршка за убијци на деца во реалноста:eek: и желбите нивни за шеријат?

Ипси бе алооо, кај отиде бе чоек со мислите?

п.с. Не знам ни која е темата за богомилите, а да инаку у право си и да сум ја читал немало да нападнам Христијанин, ако бил присутен таму и муслиман.
После минатиот Велигден, јас никогаш нема да напданм Христијанин, ама баш никогаш на форумов, особено не ако има и муслиман.
Donald, не е ништо измешано токму поради тоа што лично ме познаваш, нема потреба од вакви детски провокации. Да не си ја навредуваме интелегенцијата еден на друг.
Но сепак темава е телема, а што се однесува до неа мислам дека коректно ти беше одговорено, ако ти прејдеш преку тоа и решиш да "тепаш" време, прескокни ја темава, затоа што има теми што се наменети токму за тепање време.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Ете така, гледаш ни до сега телема, ниту од сега телема :)
Бесцелно прашување, како што реков - пополнување време и бегање од работа, а не заинтересираност за телемата...
Бреј Donald Sikert бреј :)

Ај во наредниот број на Самек ако имам време ќе најдам некој добар одговор за овие прашања (што се поврзани)...

П.С. Во врска за тоа дека ова ми е се: ова ми е уште еден форум - алатка која ја користам за да луѓе што бараат за О.Т.О. и телема, да најдат тоа што им треба - за другите (како тебе ете пример) нема полза ова... ;)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ете така, гледаш ни до сега телема, ниту од сега телема :)
Бесцелно прашување, како што реков - пополнување време и бегање од работа, а не заинтересираност за телемата...
Бреј Donald Sikert бреј :)

Ај во наредниот број на Самек ако имам време ќе најдам некој добар одговор за овие прашања (што се поврзани)...
Ниту еднаш не реков дека сум заинтересиран.

Реков дека не ве провоцирам, како што сакате да претставите.

Објаснив од каква љубопитност прашувам и што точно ме интересираше.

Не знаете или не сакате да одговорите, сеедно, здрави да сте и живи, и понатаму:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom