Абе вие уште се расправате дали некој добил ок или не ок одговори на неговите прашања?
Кој има проблем со тоа што телемитите се Кралеви или се трудат да бидат, што не сакаат робски закони ниту робско однесување, жалете се... што знам, жалете се некаде.
Некој што се плаши да ја погледне Книгата на Законот, а упорно тупи со тоа: дали телемитите се избрани? Дали телемитите се Кралеви? Дали се надмоќни... нешто има кај него штом го плаши од тоа „кралување“
Кој се плаши да биде крал, ете му ја другата страна, нека биде роб. Кој му брани?
Да ве насочам кон текстот на Fra. Achad во врска со Новиот Еон?Ненормална работа... одете дружете се со телемити и видете какви се и според Книгата и во реалноста. Во различни ситуации различно се поставува еден телемит. Не може секој во различни ситуации да дејствува исто. Книгата на Законот вели:
Демни! Повлечи се! На нив!
Нинович јас сум се поставил така кон соговорник... не со цел дека сум надмоќен - ако видам дека е беден - немам сатисфакција да покажувам моќ врз таков човек - ами да му назначам дека врска нема од тоа што го зборува иако се обидуваше со секакви философски термини да си го завитка бладањето. Да заклучи дека со бладање нема да постигне ништо, ами со работа, да проба да си смени пристап за работите кои се гледа дека му излегле од колосек. Нормално целта не ти е да го запниш да бара иницијации и слично, ами да знае каде е тој во сета таа хиерархија овде на Земјата.
Што е моќ? Што ти е тоа надмоќ што постојано ги користиш? Се плашиш некој да е над тебе? Мразиш хиерархија па поставуваш вакви прашања? Се плашиш дека некој е подобар од тебе? Сакаш ти да ја имаш моќта да одлучуваш кој е над тебе кој под тебе?
Не ти ги разбирам прашањата во врска со „избраните“ и нивната моќ да управуваат со светот... Демек кој им ја дава таа моќ? Зошто тие?
Мислиш дека О.Т.О. како таен иницијаторски Ред или A.'.A'.'. не содржат знаење и објаснување на мистериите на Човекот тука на Земјата?
Тоа те мачи тебе?
И како да не ти каже човек де аман оди прочитај ги тие 220 стихови кои ги има на македонски јазик преведено на нет!!!
http://www.oto-mk.net |
http://www.secretfire.net ако сакаш уште и други страни ќе ти ставам. Да не се правиме ние тука паметни и да прераскажувам кога се има на странициве
Ама зошто упорно се истрчуваш бе Хепта?
Нели завршивме јас и ти, што е сеа муабетов?
Не гледаш колку проценки за мене имаш во постов? Не гледаш дека се обидуваш да го анализираш моето присуство на форумов, во темава? Грешиш априори, уште пред на го напишеш твоето мислење грешиш, во се.
А зошто?
Да те потсетам Хепта. Јас само те прашав дали ти се осеќаш како Крал, а никаде не реков дека Кралевите ми сметаат, нели?
Јас само те прашав дали постои хиерархија во телемата, а никаде не реков дека мразам хиерархија. Јас само прашав дали се осеќате надмоќни, а никаде не реков дека тоа ми смета. Само прашав дали ти се осеќаш како “избран“, а никаде не реков дека јас имам проблем со тоа.
Каде ти ме прочита да речам дека го мразам тоа “кралување“ ? Дека се плашам некој да е над мене? Јас дојдов со прашања. Не мораше да ги поземеш, можеше комотно да ги игнорираш. Јас влегов во дискусија и инсистирав на конкретни одговори, тогаш кога ти почна да мрсиш и да не ми одговараш конкретно.
Конкретните одговори ги запаметив, ги забележав, не кажав што мислам за нив и прекинав со дискусија. На неконкретните инсистирав. Кога ги добив и со нив го направив истото. Никаде не завзедов став за одговорите. Зошто истрчуваш и си земаш за право да загњуриш во мојата глава, кога јас никаде не оставив простор за тоа?
Од кој дел од моите постови ти виде дека јас сум имал некакви проблеми со телемитите, со Кралевите, со Законот, сум се плашел од Книгата? Јас инсистирав на одговори на прашањата кои ти ги позеде кога дојдов на темава. А не мораше. Никаде не те нападнав дека си луд што го мислиш тоа што го мислиш.
Можда сум и јас Крал бе Хепта. Не знаеш.
Јас за тебе знам, зошто ти ми кажа. Можда ги почитувам Кралевите, надмоќните, избраните... Можда сум елитист.
Јас барав одговори од телемити, а не дојдов тука да ги напаѓам одговорите. Ниту телемитите, ниту Книгата... Виде погоре? Ипсисимус ми одговори и толку, јас се задоволив со тоа, без да ги вреднувам одговорите.
Упорно пукаш во празно кон мене, што би рекол ти “бесцелно“ пукаш.
Никаде не дадов простор за да ме анализираш мене и моите ставови околу било што, а ти немаш ни право на тоа.
Многу промаши Хепта, многу!