Кроулијанци,
Книгата на Законот вели дека е најдобро да се уништо после читањето, и дека секое нејзино спомнување и коментирање е ...ГРЕВ.
Земјата додека врти сосе сонцето, минува низ 12 прстени, на секои 3.000 години, оваа Галактичка орбита трае 36.000 години. Откако ледот се стопи, предците дојдоа во Европа пред 12.000 години Островите во Грција беа планини и врвови.
Грција и Турција беа поврзани и со тек на време племињата се одродија.
Во Гобекли тепе - Турција е најдено светилиште старо над 10 илјади години.
Турскиот, прајазикот денес се нарекува Индиевропски, и е етимолошки корен на медитеранот, каде Месопотамија, Египет, Грција, Рим, сите ја имаа својата ера.
Црното Море преку Босфорот прели и имаше огромна поплава. Денес се наоѓаат велики чуда 200 метри во морето.
Потоа некои од планините беа уништувачи. Помпеја, 50 пред Новата (вулгарна ера) беше уништена заедно со Херкулеум, од Везуф. Откровението на јован, 200 години по несреќата ги опишува најголемите катастрофи за кои помни човекот.
И митот за Атлантис, прататковците на Грција, Минојците. Феничаните, древните медитерански морепловци.
Алистер ги проучувал митовите на сите овие цивилизации. Алистер има животно дело оставено синкреза на знаењата на предците.
Затоа самиот наведува, Книгата да биде уништена после читањето.
Оној кој не ја разбрал, не е достоен да ја знае.
Оној кој не ја запомнил, нема зошто да се сети.
Оној кој нема храброст да биде љубовник на Бабалон, ќе умре во ерата на Озирис.
Секој човек и жена се ѕвезди. Суштества кои се способни да бидат Озирис, Изида, секој треба да биде дете, Хорус, осветник, засолнет, демнејќи, спремен да нападне.
А вие, што направивте?
И потоа Гнозата, големите познавачи на геометријата, алгебрата, ѕидарите, византиското познавање на вибрацијата.
Сите тие работи не се различни, секоја идеја мора да биде поддржана со спротивната.
Во Животот на Пи, детето “членуваше“ во секоја можна религија, беше и евреј, и хинду и муслиман, и тао, и христијан, и паган...
Секоја ѕвезда не родила, создала атоми, секој атом во нас потекнува од ѕвездите, од суперновите. На небото, минува комета, 3 парчиња, на запад, Јупитер е таму, големиот бог. Се наоѓа во раката на Орион, ловецот. Дали ќе спушти небесна секавица кон луѓето?
Сите древни - гледаа кон ѕвездите. Едни гледаа далеку, во недостижните, другите исто така недостижното го бараа затварајќи се првин во катедрали, потоа во себе.
Човекот го очекува нова ера. Човекот мисли дека информацијата (бројот) е корен на се (Питагора). Човекот мисли дека вселената е нашиот дом (научници, адвокати на атеизамот и Дарвин).
Алистер голем дел од животот поминал правејќи работи кои би го онечистиле секое негово сеќавање на Плимутскиот ред, каде Библијата беше толкувана буквално. Тој не беше лут заради моралот кој му бил наметнат, ами заради тоа што беше окован во лага години, спречен да се иницира.
Или ловат, или се ловени, но при крајниот чин, и пленот, и загарите - завиваат во Екстаза.
А вие, што сторивте?