Хептаграм XI Во ред бе, не се натегаме сеа, јас почнав мирно да дискутирам, полека..
Рековте не сте наметливи, затоа не ми нуди по милион пати да ја прочитам Книгата, ќе добијам спротивен впечаток.
Разбирам дека има разлика меѓу тебе и
Ipsissimus во сфаќањето на телемата, разбирам дека има различни толкувања. Во ред е тоа што ми е дозволено да ја гледам како религија.
Од еден телемит слушнав дека роб и крал се раѓаат, од друг дека се создаваат. Во ред. Ти во постот не можеш да ми објасниш зошто некој не може да биде крал, така? Природно не може и тоа е тоа. Од ова, ми следува прашање.. Дали телемитите се уствари кралевите, кои природно се обдарени за тоа? Дали ти си крал? Дали јас ако не сум телемит, сум роб? Дали телемитите се сметаат себеси за избрани?
Затоа што ти ми дозволи да ја гледам како сакам телемата, а јас ја гледам како догматична, поради предусловите кои ги истакнав во претходните постови, поради екслузивноста и поради постоењето на апсолутни вистини кое и сам го потврди, поради хиерархијата, нема више што да дискутираме затоа што може да трае со денови. Пак ќе повторам.. Можеби не колку некои други, ама телемата има многу индикатори за догматизам.
Само ќе те прашам на крај. Дали Краули е уствари Заратустра? Дали е некој кој од Ниче го прифатил она дека: “Бог е мртов“ ? Ако ја имаш читано “Така говореше Заратустра“ од Ниче, ќе видиш дека тој Заратустра во книгата всушност е многу сличен со Краули, особено кога им дозволува на своите следбеници “да го убијат по патот и да го надминат“
Ipsissimus... Учењето за предестинација не е учење за прифаќање на Исус како Син Божји. Нешто сосема друго е. Тоа го поврзав затоа што ти ми рече дека секој се РАЃА како крал или роб. Предестинацијата исто учи дека некој се раѓа како успешен или не успешен. Системот со кастите во хиндуизмот. Не ми го објасни тоа. Ако во телемата со раѓање се станува нешто таа е еднаква на хиндуизмот и на учењето за предестинација.
Ми објасни нешто за суфиите и гностиците како некои нивни ставови се поклопувале со телемитските. Ама не ми објасни како ти како телемит можеш да бидеш муслиман или христијанин. Не суфист или гностик, туку теист муслиман или теист христијанин.
Уствари, проблемот кој го согледав низ форумов кај телемитите е следниов. Таа ваша “чиста, слободна волја“ ја земате во таа смисла која ВИЕ телемитите ја сфаќате и пребрзо заклучувате дека како таква ја нема во другите религии. Тоа ве прави барем исто толку ограничени на своето учење.
Нормално дека како таква ќе ја нема, кога другите религии имаат свое толкување на поимот “чиста, слободна волја“ Можда сите сфаќања се точни и исправни, можда ниту едно. Ама учењето дека само твоето сфаќање на “чиста, слободна волја“ е точно и исправно е догматично во најмала рака.