Па патов го имам пешачено еднаш и тоа во септември така да колку што се сеќавам до ливадата можете со точак да возите без проблем но после тоа почнуваат карпите и тесните патеки, таму многу тешко да се помине со точак па дури и да се бутка, многу е тесно и високо, а на карпите па нема ни патека, а се лизгаат (ова од искуство оти за малку ќе се утепав на нив
). Кога ќе ги надминете карпите ќе дојдете пак до еден црн поширок пат но МНООГУ стрмен тој пат води до манастирот и после од манастирот до езерото пак го има иститот пат само што е плус со камења многу камења и после тоа со кајче по езерото до другиот брег (30 денари е карта) но искрено незнам кај ќе ви ги смести точаците. Па со среќа и обавезно да пишеш како сте поминале