Задолжителна пракса за сите студенти од оваа година!

Член од
9 јануари 2010
Мислења
155
Поени од реакции
10
Kaко и секогаш, првата реакција е отпор, уште нероден Петко, капа му скроивте.
Можеби изгледа тешко за реализирање, но кога ќе почне можеби ќе изгледа сосема поинаку. Може и јас би размислувала како вас, ќе нема време, кога ќе се учи, кога ќе се одмара, но сега кога завршив со факултетот, криво ми е што немавме никаква пракса, полни сме со теорија, а не знаеме како ќе се снајдеме кога ќе влеземе на работа... таму нема шифрарници и тестови, се бара работа.
Така да, сум за идејава, добро што им текна вакво нешто да воведат.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во основа ја поддржувам идејата за задолжителна пракса во текот на студирањето. Значи во тие 3 или 4 години зависно од факултетот, да се има барем еден месец реализирана практична работа.

Уште подобро доколку сето тоа оди со посредство на факултетот, да има соработка помеѓу компаниите и факултетите за полесно да се изведе сето тоа.


Е сега тоа што мене ме збуни и е крајно нелогично. На весто вчера кажаа, иако може грешно го протолкуваа, дека нема да може да се запише наредна студиска година доколку не се изведе пракса, што во превод значи дека оваа година сите студенти без разлика која година се треба да одат на пракса. Ова ми е крајно нелогично и невозможно да се изведе, па затоа се надевам дека тие лошо се изразија.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Со новите правилници што ги усвои Министерството за образование и наука, студентите на јавните и приватните универзитети низ земјава ќе имаат практична настава во студиите која не може да биде пократка од 30 дена.

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров рече дека практичната настава за студентите нема да може да биде покуса од еден час ниту подолга од осум часа во текот на денот. За време на практичната настава, студентот ќе биде под надзор на ментор од високообразовната установа , односно стручњак кој одговара за успешно реализирање на практичната настава, а за секојдневните активности студентот ќе води дневник. Стручњаците ќе ги плаќаат универзитет.

За студентите покрај академските стекнати знаења од пресудно значење се тајните и предизвиците на професијата, оние кои не се учат од книгите туку можат да се искусат преку личниот опит или подвигот на колегите,“ додаде Тодоров.

Правилниците стапуваат на сила за прв пат од оваа студентска година.

makfax
Студенти, па не се пофаливте како поминавте на задолжителни праксите со стручњаци? :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Кај мене на факс (Правен) за пракса бркаат работа студентиве од прва. Некои документи земаат ова она. Сеа дали и ние што сме постари требаме - незнам. Некој?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
И сеа, важи ова за факултетите кои изведуваат лабораториски вежби или не? Сигурно не за џабе дремев додатни 3 и пол саати неделно на факс :)
 
Член од
8 јануари 2008
Мислења
142
Поени од реакции
10
Да не знаете колкав е минималниот период за остварување на работна пракса? Слушам 1 месец, а некои велат 30 работни дена....?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Да не знаете колкав е минималниот период за остварување на работна пракса? Слушам 1 месец, а некои велат 30 работни дена....?
Мислам дека е 10 дена.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Да не знаете колкав е минималниот период за остварување на работна пракса? Слушам 1 месец, а некои велат 30 работни дена....?
Кај мене е месец.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Да му е срав на човек на факс да се запише бре бре.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
На запишаните во 2009/10 задолжителна им е праксата? :D
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Фала богу се спасив, барем нешто и мене да не ме фати.
На тие што се прва изгледа задолжително им е.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Жално што бегате од праксата....бегате од надоградување на вашите способности во врска со струката која ја имате одбрано.
И после немам искуство, а секаде кај што барам работаа, бараат.
Епа дечки, кога ке му спомнеш дека си одела секој ден на пракса 30 дена, 3/4 години, подруго ке те гледа и ако те вработи ќе знае дека нема да почне од нула. :тое:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кај нас на ПМФ - Хемија, праксата е задолжителна после 6ти семестар, односно после 3та година. Ни спомнаа на почеток дека ќе треба да одиме на пракса, ама после тоа ништо веќе, така да, ќе си чекаме ние 3та година.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Лош систем имаме, јас лично имав 18 предмети прошлава година. Тоа е премногу само да одиш на полагање и стрес, а камоли да учиш се и да одиш на предавање и на вежби спремен.
Плус полагањава ми траат до 25+ јуни. Августска сесија од 15 август.
Да е поинаков системот со помалку предмети тоа што ни треба само, а не да учам физика на медицински, ќе завршуваме на 20 мај. Па си имаш пракса до 20 јуни. И супер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom