Апликацијата „МојВоздух“ наскоро ќе овозможи попрецизно лоцирање на загадувачите
Ако ја следите кампањата за локалните избори, најверојатно забележавте дека сите кандидати се залагаат за почист воздух. Се чини дека на политичарите им текнува на воздухот секои 4 години. За разлика од нив, Горјан Јовановски преку апликацијата МојВоздух, помогна за подигање на свеста како никогаш досега.
Неговата работа на апликацијата која преку попрегледен приказ на податоците овозможи навистина корисни информации за граѓаните. Но, сè уште не е готово. Г. Јовановски работи на обезбедување на сателитско покривање на Македонија и преку анализа на овие податоци, поточни информации за загадувањето.
Засега неофицијално, Јовановски обезбеди усен договор со Европската вселенска агенција (ESA) за пристап до јавни податоци од сателит кој мерки NO2, CO и SO2.
„Ако се реализира, ќе имаме предвремен пристап до јавните податоците од сателитот кој ќе мери NO2, CO и SO2 и ќе има нови податоци секои 24 часа (толку брзо ќе ја обиколува цела површина на земјата). Со тоа ќе ни се дозволи подетална анализа врз површина од 7×3.5км за да може попрецизно да се пронајдат загадувачите. Овие мерки ќе се индиректно врзани со ПМ честичките, и ќе помогнат при лоцирање на нивниот извор“, вели г. Јовановски.