"Заборавени" играчи

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Епa кoлку шo знaм темaтa зa тoa е
Никогаш не бил играч во права смисла на зборот Дориан Бабунски па да е заборавен. Плус дете е и нема ниту една прволигашка утакмица. Јас ти гарантирам дека да дојди во Вардар/Шкендија нема ни на клупа да биди од шо е толку талентиран.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
За Дориан негде прочитав на 2-3 дена пред крајот на трансфер периодот дека Љубљана биле заинтересирани за него. Ако е слободен играч може да се земе и сега, и не би било лошо Вардар да тргне по него. Уште е млад, може ќе искочи некој просек играч, за на Кипар и такви лиги :D
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Никогаш не бил играч во права смисла на зборот Дориан Бабунски па да е заборавен. Плус дете е и нема ниту една прволигашка утакмица. Јас ти гарантирам дека да дојди во Вардар/Шкендија нема ни на клупа да биди од шо е толку талентиран.
Значи не ме разбираш.
Беше најавуван како шпиц кој ќе решета,а не излезе ништо од него
Ај да не ја тупиме ;)
 

Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Андерсон од Утд где си брате?
Денилсон од Арсенал где си брате?
Од годинава и Вилшер брате..
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Сидни Сем или Сам

Одигра две супер сезони во Леверкузен и се проби до репрезентацијата. Во 2014 се префрли во Шалке како слободен играч и го снема. Сега е во Шалке 2 а има само 28 години. Изгледа ја заеба работата со Боатенг, лошо влијание имаше над него :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956


Жан Макун

После 3-4 одлични сезони во Лил, го бараа екипи како Арсенал, Тотенхем, Јувентус... Одлучи да остане во француска лига и премина во Лион. Во Лион остана 3 сезони, а единствено нешто од него што ќе се памети во дресот на Лион е голот што им го стегна на Реал во 1/8 финалето 2009/10 во ЛШ, каде што Лион победи 1-0. (на реваншот Игуаин промаши зицер, а Пјанич ги расплача мадридистите).
Третата сезона во Лион беше многу тешка за него, се здоби со повреда, го изгуби првотимскиот статус и на крајот на сезоната замина во Астон Вила. Не се снајде во Англија, се врати пак во Франција, не успеа да ја врати формата, стигна до Олимпијакос, па повторно назад во Франција. Сега гледам дека игра во Анталијаспор, заедно со Ето. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.156
Поени од реакции
107.581
Трезор Ломана ЛуаЛуа, мојот човек од Портсмут, нигде го нема бем му дете. Едно време апеше за споменатиов тим, додека беа во ПЛ, после се изгуби ни трага ни глас нема од него.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И Казенга ЛуаЛуа :D

Него, вчера глеав преглед од Примера дивизион и глеам у Осасуна играл Емануел Ривиер.


Играше јако у Монако (хехе слаткар за сиротиње) божем играчиште ќе го правеа, ѕвер не знам што, отиде у Њукасл и завршил у Осасуна, пропо ко жетон.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.227
Поени од реакции
6.707
Абе не знам дали му текнува на некој,пред 5-6 години имаше некое младинско светско до 16 или 17 години,за БСК се појави еден Кулибали...на 4-5 утакмици постигна 10-тина гола,му даде хет-трик на Бразил и се крена ОГРОМНА ФАМА...Наводно Реал,Манчестер,Барселона итн. биле заинтересирани за дечково и овој отиде у факинг Тотенхем...неколку години подоцна,веќе треба да е стандарден првотимец ама се изгубил...Моментално игра во Килмарнок во Шкотска :facepalm:. П.с. кога сум кај Тотенхем да ги спомнам и Кабул и Асу-Екото...какви пропалици човече
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе не знам дали му текнува на некој,пред 5-6 години имаше некое младинско светско до 16 или 17 години,за БСК се појави еден Кулибали...на 4-5 утакмици постигна 10-тина гола,му даде хет-трик на Бразил и се крена ОГРОМНА ФАМА...Наводно Реал,Манчестер,Барселона итн. биле заинтересирани за дечково и овој отиде у факинг Тотенхем...неколку години подоцна,веќе треба да е стандарден првотимец ама се изгубил...Моментално игра во Килмарнок во Шкотска :facepalm:. П.с. кога сум кај Тотенхем да ги спомнам и Кабул и Асу-Екото...какви пропалици човече
За Кабул не се согласувам дека беше пропалица, туку немаше среќа со повреди, барем не да се стави во исти кош со Асу Екото. Секогаш беше прв избор кај кокошките додека беше фит. Вториов си има кажано јавно дека игра фудбал само поради парите што се добври :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.227
Поени од реакции
6.707
За Кабул не се согласувам дека беше пропалица, туку немаше среќа со повреди, барем не да се стави во исти кош со Асу Екото. Секогаш беше прв избор кај кокошките додека беше фит. Вториов си има кажано јавно дека игра фудбал само поради парите што се добври :)
Што знам,мене цела оваа багра од Тотенхем ми се вртат у главата од ФМ 2009-10...Басонг,Кабул,Чимбонда(добро,овој малце порано) итн итн :) Таму беа преставени како ѕверови,после сезона-две по 200 милиони вредеа а у живо...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.616
Поени од реакции
81.335
Прегледај го приврзокот 163625
Kyriakos Papadopoulos od Leverkusen na pozajmica vo Hamburg
Е за егеецов пред неколку години пола Европа се тепаше, еден од најдобрите млади играчи на неговата позиција, ова-она... И сега испадна дека Леверкузен неможат да се отарасат од него, го праќаат на позајмица во Хамбургер побрзо да им обезбеди настап во втора лига :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom