Сигурно е пишан, ама ете вчера налетав на слика од него од мечот на легендите на Барса и Јунајтед, па чисто само да го испоштувам.
Ептен го сакав батево како играч, необичен беше некако и можеби баш заради тоа. Дојде како напаѓач од Лидс, а за Фергусон играше на сите можни позиции во средина и напред. Уште во Лидс го имав забележано и стварно штета што имаше потешка повреда, која му ја еба кариерата на крај. Ај бар освои ПЛ со Јунајтед во 2007ма. Гледам од Јануари сезонава бил и кертејкер менаџер на Нотс Каунти, каде што и игра.
Сега менаџер им е Кевин Нолан. Уште една играчина која ја поштував ептен. Такви играчи ми фалат многу во ПЛ, како Нолан, Дарен Бент, Тим Кејхил, Роби Кин, Џермејн Џенас, Агбонлахор...итн, итн. Играчи играат во послаби екипи, најверојатно нема да се снајдат во тимовите што се борат за титула, но секогаш, буквално секогаш се плашиш од нив кога твојот омилен тим игра против нив. Уште Дефо остана од таа клапа.