Заби и сѐ во врска со забите

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Вака сега, ми расне умник, 3ти по ред. 2 веќе ми пораснаа и немав криза, но овој 3тиот еве веќе цела недела не може да пробие до крај и почна веќе на лудило да ме тера од то што ми е вкочанета цела уста. Прашањето ми е, дали да одам на заболекар, т.е. дали тој може да направи нешто, да го потсече непцето или слично за забот полесно да излезе или да не се мачам воопшто на вруќинава и да го чекам сам да излезе?
 
P

puppete dolly

Гостин
и уште нешто да прашам..дали некој исто како мене ноќе чкрипи,стружи со забите? јас не се осеќам ама сабајле ми кажуваат дека стружам..крцкам..па и ме болат во последно...чаре некое?
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
и уште нешто да прашам..дали некој исто како мене ноќе чкрипи,стружи со забите? јас не се осеќам ама сабајле ми кажуваат дека стружам..крцкам..па и ме болат во последно...чаре некое?
И стрина ми истото го прави ова со забите додека спие :pos::pos:
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Бев да прашам за навлаки, коронки (како и да се викаат) за да ставам на 3-4 заби кои ги скршив пред скоро една година, е сега нормално средени ми се сепак не се баш истетски перфектни ко што сакам.. бев денеска прашав за промена на истите ми кажаа различни цени од различни материјали 25,50,100 и 150 евра, првиве од 25 евра не доаѓаат во обзир зошто на задната страна од забот има железвце малку, вториве од 50 се со внатрешно желевце а овие од 100 и 150е немаат ни внатре дури и се таман.

Е сега ме интересира како се цените на ваквите услуги во другите градови ? Некако бајги ми дојде ценава :)

Така сеа....Во зависно од тоа колку ти се скрсени и дали може коронката да се држи на преостанатиот заб и зависно од докторот кај си отишол цените на некој од конструкициите ке бидат за 5-10е поскапи...25е ти се композитни кој не би препорачал да ги правиш пошто со тек на време менуваат боја,ја немаат цврстината и ред други недостатоци,тие од 50е ти се метал-керамички конструкцијата челик основа врз кој се нанесува керамика (пошто сум ја техничар ти кажувам дека овие ги нај работиме у мк моментално),тие од 100е претпоставувам се Прес безметална:има неколку недостатоци и ако се работи за бочни заби сме имале проблеми пука керамиката,ако е за заби у фронт кој се гледаат + добар техничар е добитна комбинација и според мене е најестетско решение,тие од 150е или cad-cam исто безметална основа врз која се нанесува керамка...
Значи композит под 1 отпаѓа,метал-керамика под 2 (овие со внатрешно желевце :) ти се убаво решение желевцето е дебело 0.3мм така да не е некој си проблем),Прес под 3 (ја не би направил пошто многу колеги се имаат жалено дека им се појавуваат пукнатини),Cad-cam под 4 е најболје решение за длабок џеб,али ако праиме муабет за бочни заби кој не се гледаат при насмевка џабе фрлени пари :) ако се видлива регија и имаш повеке кеш за давање ондак тоа ти е решението...и на крај се се сведува на техничарот кој ги прави истите :) poz
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 19:25 ---
и уште нешто да прашам..дали некој исто како мене ноќе чкрипи,стружи со забите? јас не се осеќам ама сабајле ми кажуваат дека стружам..крцкам..па и ме болат во последно...чаре некое?



Решение ти е да носиш од заштитните фолии...ке си одиш кај стоматолог ке ти објасни,околу 1500-2000ден се се ставаат пред спиење и така ке ги заштитиш забите од абразија...поз
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
Ми потемна заб што ми е поправан пред 5-6 години и ме боли ко ке јадам. Треба да се вади?
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ми се ронат забите,изгледа имам недостаток на калциум,ама неможам млечни производи да пијам -.-
Што предлагате?? Калциум карбонат шо се во вид на шумачи таблети или???
 
Член од
25 јули 2009
Мислења
229
Поени од реакции
170
Препорака за добар заболекар во Прилеп, кај овај кај што одам одбрал погрешно време на одмор да оди :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ми се ронат забите,изгледа имам недостаток на калциум,ама неможам млечни производи да пијам -.-
Што предлагате?? Калциум карбонат шо се во вид на шумачи таблети или???
Zemi pij kalcium ama i konsultiraj se so zabar, moze ke ti preporaca i nesto poefikasno.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Имам нешто као афта ама не е афта ...како топче е под долна лева 6ка ...и на моменти на допир знае да боли ...бев на забар , забот е здрав ...забарот ми рече некое жариште е и дека треба да се отвори забот ама не би сакал ја здрав заб да го заебуаем ...Некое чаре има или ?
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
68
Поени од реакции
8
Меѓу 6-ката и 7-мицата имам мал цеп кој многу ме боли, а забите се во ред,тоа е непцето и многу ме боли .... Што може да биде причината ?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Дај предложете некоја добра (и нежна) заболекарка :D
Мора комплетен ремонт да се праи :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Дај предложете некоја добра (и нежна) заболекарка :D
Мора комплетен ремонт да се праи :)
скопје?
во таа болницата кај млин балкан, само што ќе влезеш одма првата врата право
ќе ја бараш спец. билјана чоневска
понежна нема да најдеш :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Меѓу 6-ката и 7-мицата имам мал цеп кој многу ме боли, а забите се во ред,тоа е непцето и многу ме боли .... Што може да биде причината ?
Можно е даимаш некоја инфекција или си повредил со храна. Иди на забар најдобро :)
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
68
Поени од реакции
8
Можно е даимаш некоја инфекција или си повредил со храна. Иди на забар најдобро :)
Отидов и се снимав, и сум имал некаков си " ЏЕБ " , малце ме ивчисти докторот , и ми препорача еден вид на апчиња " клиндамицин ", па еве сега ми е малце подобро :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Отидов и се снимав, и сум имал некаков си " ЏЕБ " , малце ме ивчисти докторот , и ми препорача еден вид на апчиња " клиндамицин ", па еве сега ми е малце подобро :)
Јас пишав дека имаш џеб ама го избришав постот па ти пишав нов :) си викам ај да не те исплашам да помислиш којзнае што е, ама не е ништо страшно не се секирај. Се збира храната така во пукнатини, заборавени места кај шо не фаќа четката и после болки има. Ти го исчистил џебот докторот, сеа пиј апчиња и ќе немаш гајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom