Добар ден, расипан ми е горен лев умник(целосно излезен и ме служеше добро без болка околу 7-8 години) и докторот ми рече дека на наредно паѓање на пломбата ќе мора да се вади забот, дојде и тој момент. Првпат се наоѓам у ситуација да вадам заб на 26 години и нема да ве лажам малку ми е страв. Страв ми се наби уште толку кога ми рекоа едни познаници внимавај да не ти се отвори синусот, а башка си патам и од хронични болки во синусите (на истата страна кај што е и расипаниот умник, можда и од него е, незнам). По гугл и јутуб не гледам за да не испаничам уште толко. Матичниот заболекар се нафати тој да ми го вади, а до сега не сме го ни снимале забот ни ништо што малку ми е чудно. Ако може некој да ми појасни што значи тоа да ти се отвори синус, како јас да внимавам да не ми се отвори синусот, дали треба заболекар или орален хирург да ја изврши процедурата и дали локалната анастезија целосно ја одстранува болката додека трае процедурата за вадење на забот.
Не сум доктор и малко сум исплашен, можеби звучи глупо горе напишаното. Однапред ви благодарам на разбирањето
1. Не слушај познаници и непознаници за нивните искуства, твоето може да биде сосем различно.
2. Не гледај видеа пошто ќе испаничиш 100%, ова го заклучив од паничното пишување на пост за неризична интервенција
3. Ако е излезен забот, може да проба матичниот, 95% од горните умници излегуваат многу лесно, ако нешто се случи, ќе те препрати кај орален хирург. Значи секако ќе се заврши работата. Може да снима, чисто да види како се поставени корените на забот.
4. Ти ништо не можеш да направиш за да не се отвори синусот, докторот е тој што треба да внимава. И да се отвори, иако минимални шанси, пак ќе те препрати кај орален хирург и тој ќе ја среди работата.
5. Со локална анестезија болка не би требало да осеќаш, што е најважно, а допир, притисок, звуци на крцкање нормално дека ќе осеќаш.
Се на се, ништо страшно, оди уште утре вади го забот