Заби и сѐ во врска со забите

Член од
18 мај 2012
Мислења
121
Поени од реакции
16
Дали некој имал искуство со sinus litf i надградба на коска за поставување забен имплант?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144

Па немам лично искуство на мене, ама работам во ординација во која се има правено таа процедура и имплантите уште си стојат, со години веќе :D
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Дали имал некој искуство со фасети на заби (композитни v.s. порцелански фасети), ако може подетално, видови и цена, колку траат, дали се кршат, какви се за одржување, ако се скршат дали можат да се заменат и слично, со еден збор дали вреди да се наместат во смисла позитивни и негативни страни.
Ви благодарам.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
121
Поени од реакции
16
Па немам лично искуство на мене, ама работам во ординација во која се има правено таа процедура и имплантите уште си стојат, со години веќе :D
Искрено ме фаќа страв од оваа операција,не е едноставна комплицирана е.Да се работеше само за ставање имплант не е проблем,но синус лифт е сложена работа,да не зборувам за несакани компликации во текот на операцијата како што прочитав на интернет.Можело да дојди до оштетување на мембраната од синусот,после оперативниот зафат и голем оток,модринки на лицето,течење на крф од нос и уста...богами се двоумам
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Искрено ме фаќа страв од оваа операција,не е едноставна комплицирана е.Да се работеше само за ставање имплант не е проблем,но синус лифт е сложена работа,да не зборувам за несакани компликации во текот на операцијата како што прочитав на интернет.Можело да дојди до оштетување на мембраната од синусот,после оперативниот зафат и голем оток,модринки на лицето,течење на крф од нос и уста...богами се двоумам
Грешка правиш што читаш и гледаш клипови на јутуб, нормално дека ќе се исплашиш..
 
Член од
7 април 2013
Мислења
183
Поени од реакции
325
Здраво дечки, препорака за добар стоматолог околина на центар, Скопје, да е со фондот? Фала ви
 
Член од
21 декември 2018
Мислења
169
Поени од реакции
75
Preporka za doktor od klinika za bolesti na jazik?
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
457
Поени од реакции
98
Добар ден, расипан ми е горен лев умник(целосно излезен и ме служеше добро без болка околу 7-8 години) и докторот ми рече дека на наредно паѓање на пломбата ќе мора да се вади забот, дојде и тој момент. Првпат се наоѓам у ситуација да вадам заб на 26 години и нема да ве лажам малку ми е страв. Страв ми се наби уште толку кога ми рекоа едни познаници внимавај да не ти се отвори синусот, а башка си патам и од хронични болки во синусите (на истата страна кај што е и расипаниот умник, можда и од него е, незнам). По гугл и јутуб не гледам за да не испаничам уште толко. Матичниот заболекар се нафати тој да ми го вади, а до сега не сме го ни снимале забот ни ништо што малку ми е чудно. Ако може некој да ми појасни што значи тоа да ти се отвори синус, како јас да внимавам да не ми се отвори синусот, дали треба заболекар или орален хирург да ја изврши процедурата и дали локалната анастезија целосно ја одстранува болката додека трае процедурата за вадење на забот.

Не сум доктор и малко сум исплашен, можеби звучи глупо горе напишаното. Однапред ви благодарам на разбирањето
 
1. Не слушај познаници и непознаници за нивните искуства, твоето може да биде сосем различно.
2. Не гледај видеа пошто ќе испаничиш 100%, ова го заклучив од паничното пишување на пост за неризична интервенција :)
3. Ако е излезен забот, може да проба матичниот, 95% од горните умници излегуваат многу лесно, ако нешто се случи, ќе те препрати кај орален хирург. Значи секако ќе се заврши работата. Може да снима, чисто да види како се поставени корените на забот.
4. Ти ништо не можеш да направиш за да не се отвори синусот, докторот е тој што треба да внимава. И да се отвори, иако минимални шанси, пак ќе те препрати кај орален хирург и тој ќе ја среди работата.
5. Со локална анестезија болка не би требало да осеќаш, што е најважно, а допир, притисок, звуци на крцкање нормално дека ќе осеќаш.

Се на се, ништо страшно, оди уште утре вади го забот :)
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Има некој вадено вака легнат умник? Колку е ризична процедурава?

Луѓе што прашав ми рекоа дека можи да се направат проблеми со синусите и видот.

Sent from my ONEPLUS A3010 using Tapatalk
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Здраво, имам 2 проблеми. Едниот е ми израсна заб позади 4 и 5 на долната вилица, не ми смета при јадење ни говорење, но е на несоодветно место. Дали би било проблем, доколку не ми смета, а не ми сметал до сега, да го оставам и да го решам проблемот понатаму? Вториот проблем е, ниту една паста за заби не ми одговара, секогаш кога ги мијам забите имам нагони на повраќање. Исто и мастики не можам да џвакам, го имам истиот проблем. Што може да биде, и кои пасти се користат за овој тип на проблем?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Има некој вадено вака легнат умник? Колку е ризична процедурава?

Луѓе што прашав ми рекоа дека можи да се направат проблеми со синусите и видот.

Sent from my ONEPLUS A3010 using Tapatalk
Значи луѓето се невозможни еј :pos:
Ај да беше горен умник, ајде, ама која е поврзаност на долен заб со максиларен синус.

Потешки се за вадење иначе, ама се вадат.
Автоматски споено мислење:

Здраво, имам 2 проблеми. Едниот е ми израсна заб позади 4 и 5 на долната вилица, не ми смета при јадење ни говорење, но е на несоодветно место. Дали би било проблем, доколку не ми смета, а не ми сметал до сега, да го оставам и да го решам проблемот понатаму? Вториот проблем е, ниту една паста за заби не ми одговара, секогаш кога ги мијам забите имам нагони на повраќање. Исто и мастики не можам да џвакам, го имам истиот проблем. Што може да биде, и кои пасти се користат за овој тип на проблем?
Кога ти израсна тој заб?
Не е до пастата, до тебе е. Пробај најди Curaprox четка со smart глава, помали се и не прават такви проблеми, мада мислам дека ти си тежок случај :) Како издржуваш на заболекар?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.916
Демонстрација за ставање на имплант, јако видео.

Член од
7 август 2015
Мислења
66
Поени од реакции
42
Како да престане ова ширење на забите со црно веќе аман само поправки миење не се издржува и млада сум 25години ми иде на момент да се убијам колку страшно се нервирам неможам ептен ми е мака така да се гледсм но немам болки, наследно ми е...
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Како да престане ова ширење на забите со црно веќе аман само поправки миење не се издржува и млада сум 25години ми иде на момент да се убијам колку страшно се нервирам неможам ептен ми е мака така да се гледсм но немам болки, наследно ми е...
Освен хигиената, скоро еднакво важен удел во здравјето на забите има и самата исхрана. Како изгледа твојата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom