- Член од
- 22 септември 2018
- Мислења
- 196
- Поени од реакции
- 126
ИМа некој некакво искуство со ласерско избелување на заби и некоја препорака за ординација?
Не си ги фрлај паритеИМа некој некакво искуство со ласерско избелување на заби и некоја препорака за ординација?
1. Што има врска бременоста со правењето на забите?Здраво на сите ..
Мојава ситуација е малку покомплицирана,па се надевам некој со слично искуство да ме утеши
Предходниот понеделник,на 21 бев на забар за четворката и петката долна вилица поради кој заради бременост ги оставив на чекање и заради тоа дојде до вадење на двата..Ми препиша амоксиклав антибиотик затоа што беа во ужасна состојба.
Ми рече да ги пијам и четврток отидов да ги вади ..беше многу тешко да ги извади,бидна и тоа и ми рече само да ги допијам апчињата
Арно ама ден два три јас со ужасни болки,неподносливи ,умирав.. не вентор аналгин ништо не помага
Отидов четвртиот ден и ми рече мора да се исчисти коската местото ,имаш инфекција или гној уште како и да е ,и ми стави лек .леле што ме снајде после тоа завршив на брза помош од ненормални болки..
Вчера отидов кај друг доктор ,ми направи снимка ,ми ги изваде тоа лекот што ида беше ,ми го исчисти местото и ме намачка со некој гел и ми стави во раната нешто,ми рече дека коската е воспалена и местото да одам и денеска треба..3,4 сати никаква болка немав ,меѓутоа е пак исто сега .. се нашол ли некој во ваква мака ? Извинете на долгиот пост
Фала на одговор1. Што има врска бременоста со правењето на забите?
2. До толку ли беа лоши што беше потребно да се вадат, а не оперативно да се решат и да останат во устата?
3. Вака од пишаното мислам дека е алвеолит, дава јаки болки после вадењето, оди секој ден да ти менуваат лек, ќе помине за 7-10 дена.
Стара ортодонска метода, се жртвуваат здрави четворки доколку има збиеност. Сега мислам имаат нова метода кај што не се вадат здрави заби. Тука не си бил издриблан. Е сега требало тоа место да го пополни, нели тоа било и целта, да извадиш заб, да се растерети вилицата за да другите збиени заби се наместат правилно во забниот низ. Тука си издриблан, што не успеал/а да го пополни празниот простор.Јас кога ставав пред 4 години фиксни протези убаво ортодонтот ме издрибла и ми ги извади долните четворки кои беа здрави, за да сега кога треба да ги вадам протезите ми вика "аааа тебе ти фали заб ќе треба некако да го пополниме местото".
Не сакам да ми стружат уште (најмалце) два здрави заби за да ставам два порцелански.
Има некој ставано забни импланти да сподели искуство? Нус појави, цена, времетраење итн?
Тогаш делумно ме подебнал, не ми било џабе лаењето .Стара ортодонска метода, се жртвуваат здрави четворки доколку има збиеност. Сега мислам имаат нова метода кај што не се вадат здрави заби. Тука не си бил издриблан. Е сега требало тоа место да го пополни, нели тоа било и целта, да извадиш заб, да се растерети вилицата за да другите збиени заби се наместат правилно во забниот низ. Тука си издриблан, што не ти успеал/а да го пополни празниот простор.
За имплантите, од искуства на повеќе пациенти, никаква до минимална болка после интервенција, цена зависи од град/локација, доктор/клиника и вид на имплант, а времетраење исто зависи од условите во вилицата и способноста на докторот, ама за еден имплант може интервенција да биде и 15 минути
Доколку не го прифати организмот имплантот, ќе го исфрли, сам ќе падне, ништо страшно и болно. Компликации при интервенција од "по опасните" се повреда на мандибуларен канал (читај нервот) во долна вилица и пенетрација во синус во горна вилица, како и повреда на крвни садови, ама се тоа исто така зависи од искуството и способноста на докторот
Меѓутоа ти претпоставувам си млад, со здрава коска, ги имаш сите други заби, така да мислам дека кај тебе тие нус појави се сведени на минимум. Потешко е кај возрасни луѓе со пропадната и "мека" коска.
Расчитај ги последните страни, имам пишано.Дали има некој кој има ставено имплант да ми кажи искуство,дали боли во текот на операцијата или потоа се јавува болка оток и слично.
Во Скопје знам добра докторка што ги наплаќа 300 евра од ламинат, за порцелански правам муабет.Колку чинат фасетите? Никаде не можам да најдам цена.
Скоро 10,000 евра за сите заби?Во Скопје знам добра докторка што ги наплаќа 300 евра од ламинат, за порцелански правам муабет.
Може кај други доктори, не сум сигурен. Комплексна работа е, треба знаење, тој доктор што знае тоа да го работи си го наплаќа знаењето. Кај тие што даваат евтино, ради реда што се вика, најверојатно ќе ти паднат. Инаку не се ставаат ламинати на сите заби, туку од петка до петка (10 заби во вилица).Скоро 10,000 евра за сите заби?
Мислев од 50-100 евра се движат.