- Член од
- 11 ноември 2015
- Мислења
- 302
- Поени од реакции
- 118
Според тоа што го кажувате, Вие најверојатно се соочувате со т.н. "заживување" или повторно оживување на забот. Всушност тој воопшто и не бил умртвен во целост кога Ви ја изведувал постапката стоматологот тогаш. Напротив тоа е некој вид на делумно умртвување на забот, со голема веројатност да заживее во иднина (нешто со што Вие сега се соочувате), и каде што е изведена постапка на умртвување на дел од нервните завршетоци (корените) на забот кои се директно поврзани со вилицата. Во моментов за да ја ублажите забоболката купете лакалут сензитив паста за заби и аплицирајте со прст од истата на целиот заб и оставете така да стои и делува. Ефектите се веднаш забележителни и секако благопријатни. После аплицирањето на забот ќе имате помалку непроспиени ноќи (Ви кажувам од сопствено искуство) додека одлучете да отидете на стоматолог за подетални испитувања и натамошни конкретни постапки кои ќе ви ги предложи стоматологот. Во секој случај, забот не бил во целост умртвен - затоа се соочувате со ваков проблем.Пред 5-6 години ми умртвија нерв од еден заб. Од минатата година почнав да чувствувам болка, на почетокот беше ретко можеби еднаш месечно или на два месеци и не обрнував внимание. Како одминува времето болката се јавува почесто, еве сега на неколку дена. не е нешто неизджливо но доволно да не можам да спијам. Малку ми е нејасно како може на таков заб да се чувствува болка а од друга страна ме фаќа и страв нешто да не се искомплицира. По интернетов читам неубави работи за таквите интервенции. Некој совет што како. И дури сум тука да прашам каде да најдам забна паста без флуор?