Заби и сѐ во врска со забите

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од isabelle, 23 септември 2005.

  1. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    68.098
    Допаѓања:
    129.400
    На братучед ми му никна ама не напред, туку позади осмицата, за напред ни ја немам чуено :D
     
    На Cannon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    30.283
    Допаѓања:
    35.719
    Јас прв пат слушам дека постои заб 9каo_O Но ако воопшто може да се појави таков заб или ако членот има направено печатна грешка, веројатно мисли на предната страна на забот, т.е. таа што е насочена кон образот.
     
  3. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    68.098
    Допаѓања:
    129.400
    Сунѓер не се прај бе глуп сосила, секако дека не постои ама има нешто што постои и се вика двојна дентиција, не е заб тоа што расте туку паразит, слично на заб. Јас имав измеѓу четворка и петка внатре во корењата, оперативно го извадив.
     
  4. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    30.283
    Допаѓања:
    35.719
    Знам дека не постои, затоа и се зачудив, но сепак не знам што се може да се појави како реткост во медицината/стоматологијата, т.е. дали тоа воопшто е заб или паразит, сепак не сум во таа професија.
     
  5. Donova_n

    Donova_n

    Член од:
    29 август 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    би сакал да прашам дали некој од вас лично имал или ако е стоматолог имал пациент со патолошки страв од заболекар.
    Јас, поради претрпена траума во детството, нешто што дури и сега на 30 год. се уште го памтам прилично живописно, имам парализирачки страв од заболекар. Самиот мирис прави да се се чувствувам панично, а не пак помислата дека треба да седнам во столицата, со тие машинчињата да ми брмчат и шмукалото за плунка, и самиот стоматолог со маската на лице. Тоа ми е хорор филм. Се работи за повеќе од обичен страв, ме фаќа паника, срцето ми чука забрзано, ме облева ладна пот.
    Со оглед на сето ова, на забар не сум било скоро 10 години, и колку и да одржувам орална хигиена, миење заби, користење на конец и listerine, и редовното непосетување на стоматолог си го направи своето, забите ми се хаос. Моментално, ми падна пломба, и чувствувам прилично јака болка плус ми се појави и оток на образот.
    Ментално се подготвувм за посета на стоматолог, и би сакал да знам како вие се справувате со ова. Сигурен сум дека не сум единствен со ваков страв и сакам да знам како му објаснувате на стоматологот дека ви е толку страв што не можете да се движите или да одговорите на едноставни прашања. Или пак ако сте стоматолог, како се однесувате со вакви пациенти. Знам дека е напорно но нерационален страв е нешто што не може да се контролира. Сакав пред да седнам на столицата да се објаснам со стоматологот, што е како е и сакам да знам каква би можела да биде неговата реакција. Како што реков, имам доста лошо искуство кое би сакал да избегнам пак да се повтори.
    Така што било каков совет или охрабрување се добредојдени.
    Фала.
     
  6. Cannon

    Cannon Doctor

    Член од:
    22 март 2009
    Мислења:
    4.274
    Допаѓања:
    5.009
    Најважно е да стекнеш доверба во стоматологот. Би ти препорачал да одиш кај некој помлад стоматолог каде би можел да се поврзеш и на пријателска основа, не само на релација доктор - пациент. Постарите доктори немаат нерви за тоа, верувај.
    Најдобро е се да му објасниш пред да почнете со работа и он да те разбере. Прво почните со некоја безболна интервенција како на пример полирање на заби, со цел да се опуштиш и запознаете подобро. Наредна посета малку некоја посериозна интервенција, ко на пример чистење забен камен, па дури кога ќе се опуштиш тогаш да се чепка забот. И најважно мора да имате сигнал со докторот ко на пример кревање рака за кога чуствуваш болка докторот да мора да престане.
    Ајде со лесно нека ти е.

    Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
     
    На Gladiatorized, Disconnect и Donova_n им се допаѓа ова.
  7. katinkacvet

    katinkacvet

    Член од:
    17 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    4
    Која е најдобра паста за чувствителни заби?
     
  8. Петра П.

    Петра П. насмевка

    Член од:
    16 јануари 2008
    Мислења:
    1.448
    Допаѓања:
    817
    Мене стоматологот ми ги препорача Lacalut и Paradontax. Вторава е малку грозна, солена е... ама е многу, многу ефикасна.
     
    На Gladiatorized и katinkacvet им се допаѓа ова.
  9. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    68.098
    Допаѓања:
    129.400
    Парадонтакс е најдобрата паста за заби
     
    На katinkacvet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. katinkacvet

    katinkacvet

    Член од:
    17 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    4
    @Петра П. Благодарам за одговорите. За колку време имавте подобрување?
     
  11. Петра П.

    Петра П. насмевка

    Член од:
    16 јануари 2008
    Мислења:
    1.448
    Допаѓања:
    817
    По првиот месец. Јас имав страшен проблем со непцата и глеѓта на забите. Сега веќе не.
    Исто незнам дали сте пробале но за мене функционира и чистење на забите со палмово масло. Може како паста на четка ама јас го топам и жабуркам за да ми исчисти добро се што е помеѓу забите некои 5-10 мин. Многу пријатно е потоа чуството.. а колку што знам не е воопшто штетно.
     
    На katinkacvet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. katinkacvet

    katinkacvet

    Член од:
    17 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    4
    Каде се продава маслото, од кој производител и цена?
     
  13. Петра П.

    Петра П. насмевка

    Член од:
    16 јануари 2008
    Мислења:
    1.448
    Допаѓања:
    817
    Гo имa вo скoрo сите прoдaвници зa здрaвa хрaнa. Еднa мaлa тегличкa е oкoлу 300/350 денaри. Јaс јa купив oд Bio Cosmos вo Прилеп. Вo Скoпје вo Биo Култ гoре вo ГТЦ сигурнo имa. :)
     

Сподели преку: