Зошто да е скраја.
Не тврдам дека секој што поминал некаква обука има 100% шанси да се спаси во некоја непогода, ама мислам дека многу е важно да се знае да се реагира. Исто мислам дека една од клучните работи е присебноста, а тоа како луѓе го немаме затоа што немаме образование, воспитување на деца како што треба.
На пример, на земјотрес од 7 степени, во Јапан ќе чуеш дека загинале тројца, од кои за двајца е дискутабилно дали е во врска со земјотресот, а во Хаити, напуштена француска спрдачина од колонија, гинат 250 000 најмалку, од кои добар дел од инфекции, бизарни ситуации и лош кризен менаџмент.
Во Холандија, која нема земјотреси, ама има свои проблеми со негативна надморска висина, задолжителен дел од образованието е пливањето и тоа дури ако не се лажам, ги учат децата и во облека да пливаат (непотврдено е ова). Сакам да кажам дека ако реагираш соодветно, ги зголемуваш шансите за преживување. Е сега, тука е квалитетот на градбата у која живееш - што не мора да значи дека не можеш да го промениш. Кај нас луѓево купуваат све и свашта....у центар да е, ако е мало, ако не може пожарна да припари до него, ако не може спасувачка екипа да припари до зградата....камион за ѓубре не може да влезе у пола улици у Скопје, затоа се оние рикшине мали.
Јас не би давал совет што да се праи. Логично е да си проанализирате низ станот каде е безбедно да застанете. Да не може стакло од слика да те заколе или плакар да преклопи, а зградата да си остане читава. Логично по мене е блиску до носечки елемент - столб или платно и што подалеку од опасности од тип на струја и мебел. Нормално, земјотрес може да те затекне у кола, мол, лифт, на улица, на вц шоља...тоа е пак некоја лична среќа, меѓутоа некогаш ни е оставено на присебноста, а не на панична реакција. Има луѓе одма трчаат по скали, или скокаат од балкон. Разорен земјотрес може да трае прилично долго и да оштети делови од зградата што не ни очекуваш да бидат помалку безбедни од местото каде што си во моментот.
Никогаш нема да го заборавам септември 2016та кога не збудале онаа серија земјотреси и ич не ми е мило што и државава е баш у таква зона, ама ете, кога веќе сите други околности се против тебе, веројатно треба да настапиш разумно, а ако си обучен уште подобро.