За земјотрес може единствено да се преземат мерки за превенција за помалку човечки жртви и да се работи на инфраструктурата.
За тоа кога би можело да се случи е тешко и не може да се нагаѓа со некоја голема прецизност. На пример ако подолго време нема послаби земјотреси во трусно подрачје, може да се очекува во нареден период да има посилен земјотрес. Или земји како Грција, Турција, Чиле и Јапонија или други земји кои се наоѓаат на раседи кај што се притискаат плочите, голема е веројатноста дека ќе има чести и силни земјотреси.
Сепак тоа се претпоставки и некои генерални насоки. Откривање точно кога би се случил земјотрес и со кој интензитет и на кое место не е можно и тоа би требало секој разумен човек да го знае.
Исто генерално се смета дека после силен земјотрес има серија од слаби земјотреси. Но и тоа не е правило. Некогаш имало силен па уште еден посилен за два три дена. Или како кај нас вчера во растојание од 6 часа.
Наше е да преземеме мерки за превенција. Да не се градат згради и други објекти за живеење таму каде што поминува раседот во Скопје, да се анализира почвата дали и каков објект може да се гради тука, да се прават обуки и насоки како да се постапува при земјотрес и слично.[DOUBLEPOST=1473673530][/DOUBLEPOST]
Најбоље е таа доле што прашува "во кое време ако знаеш". Најверојатно мисли дали ќе стигне за на фризер или да презакаже за друг ден.