мое лично согледување :
Ме провоцираат вакви изјави без да се протолкуваат , па да се навратиме на еден друг начин на согледување.
Уметничките вредности од древнина кои господинот Анавено , господинот Трн Во Око , како и многу други господа од форумот ги постираа , не наведува на следнава констатација :
Пластичните форми и обликувања се карактеристични и својствени на градбите изведувани на Македонска земја , односно материјалите од кои тие се изведувани и обработувани потекнуваат од земјата на староседелците (тука треба да се напомене дека за Грците , Македонците се народ „ДОПИОС “ што во превод значи СТАРОСЕДЕЛЕЦ Во тој контекст припаѓа и начинот на градба на Македонските куќи , кој е различен од Грчките , односно МАКЕДОНСКИТЕ КУЌИ со својата тврдата градба опстојала со векови , додека во деловите каде биле дојденците нема такви пронајдоци ) кои ги населиле најпродуктивните делови на Балканот , како со плодно земјиште така и со минерални богатства . За разлика од староседелците Грците живееле на КАРПИ и биле потполно зависни во однос на исхрана од луѓето кои имале обработливо земјиште. Логиката јасно укажува кој бил во предност и кој бил способен да твори , но бидејки на форумот постојат секакви видови интелекти ќе потенцирам дека тоа биле МАКЕДОНЦИТЕ.
Да се навратиме кон древната уметност . Македонецот својата свесност и потреба почнал да ја изразува со обликување најразлични форми кои до ден денеска претставува своевиден препознатлив технолошки процес .Ова значи дека Македонците и ден денеска творат на истиот начин благодарејки на околината која изобилува со неисцрпни богатства .
Многумина пробале да творат на овој начин , но нивните дела ја губат основата на вредноста бидејки нивните информации го немаат МАКЕДОНСКИОТ БЛАГОСЛОВ , односно повеќе наликуваат на кич .
Како се ширело царството на МАКЕДОНЦИТЕ така се творело и во новите земји , но сегогаш се запазувал менталитетот на МАКЕДОНЕЦОТ.
И во денешно време МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ се надоврзуваат на древноста и се познати по стилот на творењето , за разлика од нив странските уметници воопшто не ја запазуваат технологијата од едноставна причина :
НЕ ЈА ПОЗНАВААТ
Модерната наука ги наведува потребните материи и наговестува за нивна употреба , но никогаш неможела со прецизност да го долови технолошкиот развој на ТАЈФИТЕ кои своето знаење го пренесувале усмено .Значи благодарејки на ТАЈНАТА која ја зачувале , денес може да се пофалиме дека сме единствени во светот ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО СВОЈОТ СТИЛ .
Значи ниту еден друг народ не е способен да проникне со таква технологија од едноставна причина : на нивната почва ги нема потребните супстанции или ако сакате компоненти .