Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
КАМПАЊА ПРОТИВ ДРОГА!

Кампања за подигање на свеста кога се работи за уживање на било каков вид дроги. Убаво сработено, потресно, сјајно...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ке се повторам - што ке крадат тие што користат crystal meth? Авион?

Мааааааалце преувеличено. (тоа што има многу а не значи дека намалувам вредност) Подржувам кампања али со реални работи а не со ова. Што не ставиле дека ако дуваш марихуана ке станеш Виктор Карамарков?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Браво за рекламиве, а кој ги прави Владава или некоај невладина организација? Треба да се пуштаат по школите за да видат малите што се прави дрогата.

ЧИСТА 10-ка
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Мислам дека се финансирани од Владата. Сосема е нормално да се прават кампањи врз хиперболизирана ситуација. Затоа што таа е сепак - можна, во екстремни случаи на користење дрога. Муабетот е - ако не видиш нешто волку вознемирувачко, нема шанси да ти текне да престанеш (фиктивно). Слично како што ни кажуваат кампањите против цигарите. Се согласувам дека има небулози. На пример, пред некоја недела во проспект кој сосема случајно ми се најде во раце, прочитав дека во Македонија има 6 000 зависници од дрога регистрирани. Сега си мислам: Тие 6 000 зависници, секој ден земаат дрога што чини 5 евра
(да речеме, минимум)... Тоа ти е 6000*5*365, тоа се десет милиони и деветстотини и педесет илјади ЕВРА ГОДИШНО, ЦРНИ ПАРИ НА ДРОГА. Не можеме ни да замислиме, колку нерегистрирани има...
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
6000 се САМО регистрарани, за жал таа бројка е минимум двојно поголема.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
И темава сте ја ставиле во Чек Дис Аут? Браво! Многу е смешна и весела... Шо нема да видам.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Јака е оваа со екстазиве ејјј!Инаку овде е прикажана крајната точка на тоа што би можело да ти се случи ако конзумираш дрога.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Затоа што претходната беше отворена во ЧДА, оваа ќе го завземе местото како важна тема за да може секогаш да биде меѓу првите три. Се надевам дека со клиповиве ќе се крене до некаде свеста на оние кои ја користат дрогата.
Одлична кампања.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
НАРКУВАНИ! ДРОГАШИ!

Ја оправдувам кампањава, али малце го претерале на клипчето со марихуаната.. Малку пореално би требало да изглеа веќе коа праат вакви ствари..
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.469
Рекламите се правени од страна на Република. Една од двете маркетинг агенции кои добија на тендерот на владата за вакви реклами, како што се сеќавам.
Темата во Чек дис аут е затоа што имаат пропусти рекламите, во секоја ќе најдеш по неколку. А и Викторија Лоба во Екстази е :drk:

Енивејз, рекламиве се предоооооооолги. Мислам кој ќе гледа по минута-две-па и три за на крај да му се пренесе порака да не се дрогира. Ама па од друга страна со долги реклами се пополнува повеќе простор на МТВ, ама ќе отидам офтопик ако продолжам.
 
M

marsovka

Гостин
владата наместо да пушта пари за кампањи нека појасни зошто беа вратени 2 милиона назад за градење на центри за лечење од зависности и зошто уште послееееееееееееееееееееееее толку години со голем број на зависници од дроги и алхохол има само еден ЕБАН ЦЕНТАР ЗА лечење на ЗАВИСНОСТИ !!!!!!!!!!!!
во скопјево барем колку што знам
„Ќе се погрижиме и ние да ги мотивираме да доаѓаат, сега ние она што го правиме, ги демотивираме да дојдат, нема да дојде, што ќе им правиме, не можам да ги примам“, изјави Лилјана Игњатова, дневен центар за лекување на болести на зависноста. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109329
ПРОПАЃААТ ПАРИ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД

- Откако е направена првата Национална стратегија за ХИВ/СИДА за периодот 2003/2006 година, државата преку Министерството за здравство се пријави за добивање средства до Глобалниот фонд, кој се однесуваше за периодот од 1 ноември 2004 до 30 октомври 2007 година. Тогаш од Глобалниот фонд беа доделени вкупно 5,8 милиони долари. Со тие средства требаше да се отворат повеќе центри во поголемите градови, онаму каде што навистина се судираат со овој проблем. Во Скопје требаше да профункционираат три центри. Вакви служби во периодот 2005/2006 беа формирани во Струмица, Куманово, Охрид, Тетово, Гевгелија и во Штип, како и во КПД во Идризово. [FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]Во Скопје не дојде до отворање на центрите. Општините се откажаа од тоа, иако според законот се должни да обезбедат амбулантско лекување на наркозависниците. Граѓаните не дозволуваа да се градат во нивно соседство, а Министерството за здравство не најде начин, иако „бараше“, како да се реализира идејата. [/FONT]Тој рок се продолжуваше од Глобалниот фонд, но државата секогаш наоѓаше причина да се одложи рокот за отворање на центрите, под изговор дека треба да се распишат тендерски постапки за реновирање, па не се прави тоа во избори - изјави Христијан Јанкуловски од невладината организација ХОПС, која се занимава со овој проблем. Според него, последниот датум до кога требаше да се отворат вакви центри бил 1 април 2009, па Министерството ќе мора остатокот од доделените средства од Глобалниот фонд да ги врати назад. Поради недостиг од центри во Скопје, повеќе од 30 лица секојдневно патуваат во Тетово и во Куманово за да си ја земат сопствената терапија, бидејќи во главниот град владеат невидена стигматизација, предрасуди и маргинализација и од институциите што се занимаваат со овој проблем, но и од самите жители - констатира Јанкуловски.
додаток од текст во дневник линк нема жалам
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Респекат за рекламиве. Поучно и Потресно.
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Ја оправдувам оваа кампања, ѕверски направено пред се .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom