Жена од Пустец - Албанија

Дали би земале/купиле жена од пустец?

  • Да, зошто да не ако е убава

    Гласови: 154 54,0%
  • Никогаш тоа е многу примитивно и понижувачки

    Гласови: 131 46,0%

  • Вкупно гласачи
    285

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Неможе !!!! Ќе ги доуништите .. и после од каде жени за во рурални средини и општо ? :icon_lol::icon_lol:
Не бе исто како вас ќе ја третирам, само деца неможам да и правам. Ќе си мете, ќе чисти, ќе пере без пари мераци. Мое е само јадење да и носам дома. Поефтина варијанта од чистачка.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.054
Поени од реакции
6.658
Не бе исто како вас ќе ја третирам, само деца неможам да и правам. Ќе си мете, ќе чисти, ќе пере без пари мераци. Мое е само јадење да и носам дома. Поефтина варијанта од чистачка.
мене земи ме -ем на попуст ме добиваш 0 денари претплата,ти само носи дома СЕ шо треба ќе метам,чистам,бришам,копам,орам СЕ шо треба низ дома и низ двор,ако треба и приспивна ќе ти пеам навечер.............дај си рака
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
мене земи ме -ем на попуст ме добиваш 0 денари претплата,ти само носи дома СЕ шо треба ќе метам,чистам,бришам,копам,орам СЕ шо треба низ дома и низ двор,ако треба и приспивна ќе ти пеам навечер.............дај си рака
Ти ќе избегаш за 49 часа 15 мин и 7 секунди од дома, не ми се исплатиш.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Сепак сметам дека прво треба да се засака некоја особа и врз основа на таа љубов да се склучи брак, а не обратно, прво купи ја, па склучи брак, па тек на крај запознавај ја и пробај да ја засакуваш.
Абе гледај.....браковите низ целиот свет се до некаде втората половина на минатиот век биле по принципот ко овие од Пустец.Брак од љубов,прво запознавање,па заљубување,па заеднички живот,па брак ти е пракса стара колку татко ми и мајка ми дури и на развиениот и напреден запад (чест на исклучоци).Ова со Пустец работава ти се случува од кога постојат луѓето......
:icon_mrgr:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонија | 16. June 2013 - 19:33
100-ци жени од Албанија среќата си ја најдоа во источна Македонија

Во потрага по невеста, животниот пат ги одел во Албанија. Гоце Антов и Боре Петров од Злетово пред 5 години дознале дека има луѓе кои стројникуваат, односно посредуваат за брак со девојки од соседна Албанија. На Гоце му нашле невеста од село Мало Острени, кај градчето Пешкопеја, а на Боре во Тирана.

-Дојде еден човек, не запозна. Започна со свадба, а сега имам фамилија- изјави Боре Петров

- Татко и и рече, момчето те бендисало, а ти?. Таа рече татко дај му рака и штом се даде рака знали дека ме сака- изјави Гоце Антов

Сопругата на Гоце, 28 годишната Фатмира живеела во село каде се зборува македонски јазик, па затоа и била и многу полесна комуникацијата. Кога пристигнала во Злетово, вели се чуствувала како дома, а и се исполнила и животната желба.

- Јас уште на 13 години имав желба да се омажам во Македонија. Тука ми е многу убаво, во Албанија сме многу сиромашни. Се чуvstvuvam, како да сум родена во Злетово.- изјави Фатмира Антова.

Фатмира и Гоце имаат две деца, 3 годишната Теодора и една година помалиот Адријан, а очекуваат и принова. Гоце останал технолошки вишок, но се надева дека ќе успее да се вработи преку проектот на Владата за згрижување на најраnливите категории на граѓани.

- Аплицирав и сега за сега надежта ми е таму. – изјави Гоце Антов

Алтана Петрова е албанка. Со Боре се во брак веќе 4 години и имаат две деца.

Јас не планирав овде да се омажам. Но судбина, дојде Боре и се вљубив на прв поглед- изјави Алтана Петрова

Алтана вели дека овде убаво се живее и топло и препорачува на своите сограѓанки да го следат нејзиниот пример.

- Која е паметна да си дојде тука. Овде има колку сакаш. Да трчат да дојдат- изјави Алтана

Боре се занимава со сточарство и засега е задоволен од семејната материјална состојба. Само во Општина Пробиштип невести од Албанија има 14, а според неофицијалната статистика предначи Општина Лозово каде над стотина албанки си го пронашле својот животен сопатник.

Трајан Ристовски
http://sitel.com.mk/100-ci-zheni-od-albanija-srekjata-si-ja-najdoa-vo-istochna-makedonija-0

На линкот има и видео. Воглавном жените од Албанија се презадоволни од имотната состојба во Македонија. Како ли живеат они таму????
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
^bedno? na sto te asocira imeto pustec? na raj?
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Како се одвива договарањето на албанските невести за македонските ергени преку Фејсбук?!

Невестите од Албанија стануваат се популарни во селата низ нашата земја каде што ергените мака мачеа да ги убедат Македонките да се омажат за нив. Па така, додека Македонките бегаат во градовите за да живеат посовремен живот барајќи прилика да се омажат за некој, бизнисот со албанските невести цвета. Последната новина ни доаѓа од популарната друштвена мрежа Фејсбук, на којашто се отвораат многу профили за брачно посредување.
"Ако имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу, ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме проблемот и ќе ви пронајдеме сопруга најкасно во рок од една недела, посредуваме со гаранција 100 отсто успешност, девојките се над 18 години и со целосно одобрување на нивните родители", стои во описот на еден ваков профил.
Заинтересиран ерген, кој контактирал со профил за брачно посредување на Фејсбук, раскажува дека за 1200 евра му била понудена девојка од Албанија која со сигурност ќе прифати да се омажи за него.
- Вртејќи по Фејсбук, видов неколку профили за брачно посредување. Сакав да си ја испробам среќата, бидејќи како што живеам на село, се потешко ми оди убедувањето на девојките. Сите сакаат да живеат во град, да имаат модерен живот, да не се мачат, но што да правиме ние. Со администраторот на профилот разменивме неколку пораки и така сфатив дека ако сакам да станам албански зет, прво треба да соберам пари, вели Кирил П.
Тој добил одговор дека едно одење до Албанија ќе го чини 200 евра, а таму ќе може да си избере невеста од неколкуте девојки кои ќе му бидат понудени. Најчесто, за бендисување невеста се одело за викенд. Откако работата ќе биде успешно завршена, се плаќала провизијата од околу 1000 евра. Својата приказна Кирил ја потврди и со разговорот кој ни го испрати.
Социологот Илија Ацески носењето жени од Албанија го оценува како нужност поради целокупната ситуација. Како што вели, има повеќе причини што има толку многу ергени по селата, а едната е што во селата нема добра инфраструктура.
- Другиот проблем е културолошки. Добар дел од жените не сакаат да се занимаваат со земјоделство, да бидат селски невести и се создава јаз меѓу она што го нуди модерното време и еманципацијата на жената и ситуацијата на село - тешкиот живот, каде што целиот товар од домаќинството паѓа на жените. Заради тоа најдобриот начин е да се избега од селото. Кај жените сега постои поголема свесност за модерното од порано, посочува Ацески.
На макрониво, пак, вели Ацески, проблемот е што државата во последните 30-40 години имала пасивна политика кон руралните краеви, па од земјоделство тешко се живее.
- Луѓето се затекнати таму, немаат каде да одат, мажите само се жалат дека нема кој да го води домаќинството, да им готви, но не сакаат сами нешто да научат, не се способни сами. Жените, пак, ја разбраа ситуацијата и го видоа тоа затоа бегаат. Носењето албански невести повеќе го гледам како нужност. Краиштата од коишто доаѓаат тие се на уште понизок степен на развој. Во Албанија, пак, имаме обратна ситуација - таму мажите од селата избегаа на печалба по Италија, а останаа жените. Односот жени наспрема мажи таму е два спрема еден во корист на жените, вели професорот.
Наоѓањето девојки од Албанија преку Фејсбук е помодерна варијанта.
За да им најдат девојки на се поголемиот број селски ергени, неколку општини засегнати од овој проблем, како што е општината Новаци, самите нудат да ги покријат трошоците за пат до Албанија на ергените кои одат по невеста. Речиси сите мажи кои донеле невести од таму велат дека се среќни, бидејќи добиле наследници. Во некои од селата за прв пат по многу години се слушнало и училишното ѕвонче.

ВЕЧЕР интегрално го објавува разговор со брачниот посредник на интернет
БП: Добредојде во кругот на нашите пријатели. Повели прашај се што те интересира јас сум тука да одговорам на секое поставено прашање.
К: Здраво, јас сам од Звегор, делчевско село, интересира ме дали стварно посредувате или само така ви е страната? Ја имам 38 години и сакам да питам дали само од Албанија се невестите и колку ќе ме чини целата постапка, треба ле да ода до Албанија или она ќе дојде?
БП: Фала, Кирил, навистина посредуваме. Се е како што е напишано. Искрени сме и озбилни и исклучиво за брак, законски и регуларно и со знаење на родителите на девојките. Девојките се само од Албанија, се оди во Албанија со наша кола, таму ќе погледнеш неколку девојки. Ќе одбереш една и потоа веднаш одиме кај нејзините родители да закажеме термин за да се земе невестата. Плаќаш трошкови првиот пат, а вториот пат плаќаш провизија, гаранција 100% дека ќе ти завршиме работа.
Трошковите изнесуваат 200 евра и ги плаќаш првиот пат. Во нив ти е влезено се за две одења во Албанија, а вториот пат плаќаш провизија, која просечно се движи околу 1000 евра, ретко повеќе, често помалку.
Друго прашање?
К: Ако провизијата е 1000 евра, значи ли дека ќе треба уште да плата?
БП: Не, немаш други трошкови, сето јас го плаќам од таа провизија, се што треба таму во Албанија. Инаку девојките се православни христијанки и ги има на секаква возраст.
К: А дали нешто на нејзините треба да им се плати во Албанија?
БП: Не, кажав дека се јас плаќам, твоја работа е да си ја земеш невестата, е сега ако сакаш да и купиш прстен или нешто друго, тоа си е ваша работа, исто како кај нас, но немаш никакви трошкови за плаќање.
К: А има ли шанси да ме одбие некоја дека сум без коса, се случуваат ли и таквија работи?
БП: Не, многу ретко. Ние ќе ти покажеме ако треба и повеќе жени, ти гарантираме дека ќе бидеш задоволен од жената што ќе ја одбереш, за тоа гарантираме.
К: Кои денови се оди во Албанија да знам заради работата?
БП: Најчесто сабота и недела, но може и друг ден, по желба. Еве сега јас ќе одам сабота, па повели дојди со мене.
К: Добро фала, да размисла, па ќе ви пишам.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Скратено кажано, ова ти е продажба на луѓе....
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Скратено кажано, ова ти е продажба на луѓе....
Зашто продажба на луѓе , кога некој неможе да си најде невеста треба да остане без брак , а и албанките самоволно си пристапуваат кон тоа и тука нема ништо нелигитимно ..е сега тие 1200 еура се за контактот кој го остваруваат и други трошкови .
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Зашто продажба на луѓе , кога некој неможе да си најде невеста треба да остане без брак , а и албанките самоволно си пристапуваат кон тоа и тука нема ништо нелигитимно ..е сега тие 1200 еура се за контактот кој го остваруваат и други трошкови .
Донекаде си во право, но што правиме со тоа што она е од друга вера?
На крај и краишта постојат милион села по Македонијава во кои има моми за мажење..... можат и таму да побараат :)
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.613
Јас со време да почнам да штедам, да не испадне после... :LOL:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Донекаде си во право, но што правиме со тоа што она е од друга вера?
На крај и краишта постојат милион села по Македонијава во кои има моми за мажење..... можат и таму да побараат :)
Poveketo se hristijanki retko doagaat muslimanki , a za nasite citas i vo tekstot deka begaat od selata i ne sakat da slusnat da se mazat ...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Како може да се купи жена!? Анкентниот лист е 50-50!
Какви се оние родители кои за пари си ги продаваат своите деца. Во Кина тоа се казнува со смртна казна, додека во државите каде највисока казна е доживотниот затвор, затворската казна би била голема.
Свадби се договарале, на овие простори, пред 50-тина години преку стројници. Можно ли е сеуште да тапкаме во место?
Знам дека К. и М. е срцето на организираниот криминал на балканот и пошироко, тоа на сите ни е јасно и треба да се бориме против истиот. Дали знааете колку луѓе се водат како исчезнати на Балканот последниве 15 години? Кој ни гарантира дека децата т.е. жените не ги продаваат за органи?
Јас отворено си кажувам дека албанка не би зел за жена никогаш, но на моите деца не би им се мешал. Присилувањето е еден вид на малтретирање. Од кај би знаеле дека со тој договор без љубов стапување во брак тој нема да ја тепа или малтретира.
Ако нашиот живот е не добар, не значи тоа дека и на нашите деца треба да им биде лош, треба да се трудиме да им биде добар, а ако нашиот живот е добар, треба да се потрудиме нивниот да биде уште пободар. Сепак учиме од нашите грешки. Колку и да имаме треба да им удоволиме, тие се или ќе бидат нашето најголемо богаство.
Љубовта на крајот мора да победи.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom