Убавино во цвеќе свиена
на раце те носат од мене
ѕвездата ти згасна, а само што те пронајдов
ти замина.
Патувај љубов моја, во сонот ти си мој,
ангел чувар, пак ќе бидам твој.
Иконо моја за душа рај ми беше само ти
но небото те скри
О колку боли, но казна моја си ти
мило мое, казна моја.
Кандило и небо огреа
венец бел ти плетат ангели.
Радувај ги ангеле со твојата песна, твоите браќа и сестри ангели, горе на небото. Ти нема заборав!!!