Диоген во Стара Грција сред бел ден со фенерче од човек до човек одел и ги гледал луѓето. Кога го запрашале што прави, одговорил:“Барам човек“.
Барал човек меѓу луѓето. (Парадоксот на Диоген)
Ако Диоген бил вчера во Крушево и повторно барал човек, ќе го пронашол единствениот - Тоше Проески.
Колку и човек да е цврст, колку и умешно да ги крие своите емоции и слабости, на ова ќе попушти.
Уште се е шокирано, се како да е во сон. И подобро да е така, да не се “буди“ никој, нека поминат овие денови оти лошо е ако се разбуди, ќе ја види суровата вистина.
Сите големи луѓе својот живот го завршуваат на ваков или сличен начин.
Една изјава на Тоше за А1, не ја цитирам ќе импровизирам: И да немам со што да се хранам физички, материјално....ќе се хранам со музика. Макар и на крајот енергијата да ја делам со двајца јас повоторно ќе пеам исто како да е со повеќе.
Не можам да седам пред компјутер или дома, не можам да поднесам да гледам, оти кажав и оној што крие емоции ќе попушти.
И да, го изгубивме единствениот кој беше на некој начин лидер на Македонија, движечка сила, единствениот кој се издвојуваше од другите. Сега сме......