- Член од
- 3 октомври 2007
- Мислења
- 103
- Поени од реакции
- 1
IN MEMORIAM
Македонската мега ѕвезда Тоше Проески загина утрово (16 октомври 2007) во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка во Република Хрватска.
Портпаролката на Бродско-посавската полициска управа по завршениот увид на местото несреќата изјави дека Тоше Проески загинал на самото место на несреќата, а неговите сопатници се пренесени во болница во Нова Градишка.
Несреќата се случила утрово во 6 часот и 25 минути на 170-тиот километар од автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка, кога автомобилот марка „Туарег“ со македонски регистарски таблички, удрило со предниот дел во страничниот лев дел на полуприколка на товарно возило со италијански регистарски таблички.
Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).
Тоше беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“.
Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издава песната „За овој свет“.
Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“.
Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“-верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“-верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“-хрватска верзија (2007).
Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки.
Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти овој месец на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјата.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Главна_страница