Шипка (било какво оружје) носиш со себе ако не си сигурен за твојата безбедност. Штета што форумов е Македонски и може да се прикаже само гледиштето на едната "оштетена" страна, само не заборавајте дека секоја 5 денарка има две лица.
Истото важи и за вистината.
Има и сега би влегол во дискусија ама знам дека ти знаеш како стојат работите само така се правиш на три и пол што викаме
Ама ај за другите неколку податоци:
Повредените редовно се Македонци
Родителите на Македонците бојкотираат настава зошто се плашат за безбедноста на нивните деца. Родителите на Албанците до сега не се пожалиле за безбедноста на нивните деца.
Кога училиштето беше доминантно со Македонски ученици, тепачки со шипки или било какви масовни тепачки беа незамислива работа.
И ај вака можам уште ама не е важно. Самиот си свесен дека ова е политички конструирано и си има цел, знаеш и кој тепа и кој е тепан. И се разбира после и крив што е тепан.
Тоа што е Македонски форумов не те спречува да си напишеш што имаш и да си образложиш зошто е тоа така.