Емоционални вампири

Член од
14 февруари 2013
Мислења
38
Поени од реакции
37
верувале или не вчера баш гледав една епизода од шерлок стариот серијал со Џереми Брет, и овој феномен е прилично познат и признаен од медицината, сепак е само на филм тоа али ако може еве отварачот на темата или некој друг да елаборира би било одлично
http://www.economy.rs/zivot-i-stil/20174/slobodno-vreme/Energetski-vampiri--koje-ljude-da-udaljite-iz-svog-zivota-.html Тука можеш да прочиташ нешто повеке...
 

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Јас така...но во овој случај јас ја цицам енергијата. И понекогаш неможам да се заштитам од тоа со штитови.И така повеќе пати се паѓа во депресија со мешање на разничните енергии и чувства кои се примаат.Но често можам и да им дадам енергија на луѓето..но постојано сум исцрпен
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Темата си е на место, само повеќе мислам дека би одговарало во Психологија да биде сместено, а до тогаш може и овде.

Иначе во право е членот што ја отоврил темата. Мислам дека сака да каже на оние луѓе што се родени само за да те нервираат и замараат. Сите знаеме по некој таков, кој доколку ти се појави може гадно да ги со сј*бе денот и ќе кажеш: "Од каде ми се избаци ти?!", во смисла на тоа што знаеш дека личноста која си ја видел негативно влијае на тебе. Има, има и ова...
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Аха, значи ако таа ми помогне да ослободам позитивна енергија тогаш е добро.

А види вака - кога сум нервозен и лут сум приметил дека таа намерно ќе ме боцне за да и се развикам, да се истурам на неа дури и кога не е крива за ништо. Тоа значи дека таа ја ослободува негативната енергија од мене.

И шо прајме сеа?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
На кој начин ја цицаат енергијата ?
 
T

templar55

Гостин
Ова е 100% точно. Значи гарантирам. Имам една комшивка кога ке ни дојде на гости нон стоп сере како нешто не и е ок. Значи со самата нејзина појава имам губиток на пари. Прват кога ја видов ( пред испит ) колку многу учев бев убеден дека ке положам ама некој малер е жената матер и ебам и паднав за чудо. Вториот пат додека седеше кај нас на гости во истиот момент имав губиток на пари од кој ке ви се заврти глава. Третиот пат кога дојде одма утредента имавме крадец кој за наша среќа не зема нешто којзнае што. Ѓавол да ја носи у пичку матер.
Ми е страв денеска да ја видам, ако ја видам шансите да ми падне метеор над глава и не се толку мали со нејзина појава.
Исто имам другар кој нон стоп кења како не сме требале тука да се родиме, како е се хаос, како он нема среќа у ништо а и тоа што го работи не го работи како што треба и никој не му е крив, машта нон стоп за некои глупи работи... цицач невиден. максимално го избегнувам ( исто губиток на пари кога ке го видам али не у голема мера како дрољава што е спомната погоре ).
У тотална спортивност имам личност што кога и да ја слушнам денот ми го разубавува. По позитивно девојче здравје, ја обожавам просто.
Искрено подалеку од цицачи за да не се претворите како нив.
 

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Пробајте така со чаша вода.Ако мислите дека некој има негативна енергија во себе, или ја зема вашата повикајте го на гости и наполнете вода.Кога ќе си отиде пробајте ја водата, ако горчи водата вистина е.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Emocionalni vampiri se definitivno luge so psiholoski problemi
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Пробајте така со чаша вода.Ако мислите дека некој има негативна енергија во себе, или ја зема вашата повикајте го на гости и наполнете вода.Кога ќе си отиде пробајте ја водата, ако горчи водата вистина е.
Како тоа водата ќе стане горчлива?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вампирите се суштества кои ви ја пијат крвта, а емоционалните вампири ви ја црпат енергијата.


Ако сте се почувствувале изнемоштено, безволно, овенато, исцрпено, нелагодно и вознемирено, чувајте се, во вашата околина имате емоционален вампир кој ви ја црпи енергијата.

Ако не сте биле такви претходно, а особено ако чувствувате како ваквите чувства ви се зголемуваат во близина на одредена личност, тоа треба да ви биде јасно предупредување дека таа личност е емоционален вампир кој полека ви ја разградува суштината на вашето битие и во крајна линија има способност да направи целосен хаос во вашиот живот.

Но, како да бидеме сигурни дека одредена личност е навистина емоционален вампир?

Ќе наведеме само неколку симптоми кои веројатно сте ги почувствувале повеќе од еднаш:

Често се чувствувате уморно, ви тежат капаците и се чувствувате како да ви се спие, но понекогаш се чувствувате преисцрпено за да задремете.
Добивате „напади“ за благо, грицки и слични производи со јаглехидрати.
Вашето расположение знае нагло да опадне.
Се чувствувате недоволно ценети и омаловажени.
Се чувствувате анксиозно, депресивно и негативно.
емоционално енергетска истоштеност

Голем број психолози, лекари и психотерапевти го истакнуваат фактот дека обично најголемото губење на енергија е во врските. Некои врски се позитивни, ви го креваат расположението и едноставно ве полнат со енергија. Други пак, може да ви го исцицаат оптимизмот, колку и да го имате, и ви ја нарушуваат смиреноста. Терминот „емоционален вампир“ се разбира не е стручен термин, но е поим со кој во психологијата жаргонски се означува овој втор тип на луѓе.

Ги има повеќе типови како што се депресивецот, жртвата, критизерот, нарцисот, драмаџијата, дрдоркото, манипулаторот, контролорот, перфекционистот и редица други. Секој од нив си има свој начин со која ви ја црпе енергијата до изнемоштеност и ве прави депресивни.


Доколку се почувствувате апатично, безволно и се ви станува заморно, вие неосетно сте станале жртва на некој ваков емоционален вампир. Процесот обично не е толку очигледен за да го препознаете веднаш, но ако малку се вратите наназад речиси точно ќе го лоцирате временскиот старт на разјадувањето на вашата енергија.

Но, овие вампири не ви ја разјадуваат само вашата физичка енергија. Оние најмалигните ќе ве направат да се мразите себеси и да помислувате дека не сте вредни за љубов. Се разбира што поосетлива е вашата душа, толку штетата е поголема и посеопфатна.


Клучниот показател за тоа дали некој е емоционален вампир или не, е во енергијата. Доколку кога сте во контакт со таа личност честопати чувствувате избивање на вашата позитивна енергија и промена на вашето расположение, дефинитивно си имате работа со емоционален вампир. Ако таа личност ви го менува расположението од позитивно во негативно, не ви требаат некои посилни показатели.


Овој тип на вампири честопати знае да се замаскира со тоа што не секогаш ќе ви ја црпи значително енергијата, туку ќе ве остава во ситуација на своевиден емоционален зомби, кога нема да ви ја „исцица“ енергијата до крај, туку само до одреден степен со кој може да живуркате но не и во целост да го живеете животот.

Вакви луѓе можете да ги имате во непосредното семејство и тогаш е потешко да ги избегнете. Но, во случај да сте биле привлечени на некаков начин од емоционален вампир и сте завршиле во врска со него, тогаш направете се во моментот кога ќе станете свесни дека таа врска ви ја црпи енергијата и страшно негативно се одразува врз вас и вашата психичка состојба, да го прекинете кругот. Освен, се разбира, ако тоа да ви ја црпат енергијата не ви причинува задоволство.


Како да се справиме со Емоционален Вампир?

Постојат низа мерки кои може да ги преземеме за да се справиме со емоционалните вампири. Најпрвин треба да имаме јасна претстава за тоа каква е природата на нашата релација со таквата личност. Ако сте доволно сигурни во себе и доволно се сакате, најпаметно е да ја прекинете релацијата со секоја личност која ви го нарушува енергетскиот баланс во негативна смисла. Опкружете се единствено со оптимистички личности кои ве полнат со емотивна енергија и се способни за здрави емоционални релации.


Треба да знаете дека нивните проблеми не се и ваши. Едноставно, не можете да бидете нечиј терапевт цело време. Понекогаш треба да се биде искрен и кон себеси и кон другата личност и да и се каже дека и е потребна професионална помош. Очекувано е нивната реакција да не биде ни најмалку воодушевувачка од таа идеја, но работите мора да бидат ставени на јасна виделина.

соочување со себеси

Кога се работи за колеги на работа, како на пример секојдневниот критичар, мора да се стекнете со вештина да одите на работа со своевиден „заштитен штит“ кој нема да дозволи отровните стрелички на критизерот да ви го нарушуваат расположението. Ако добро го истренирате мозокот да се справува со непријатните ситуации кои ви ги приредуваат таквите личности ќе се оспособите себеси да имате внатрешен баланс како на емоционален план, така и во однос на работната енергија.


Неколку кратки совети во оваа насока би биле да научите како правилно да дишете за време и по ситуацијата. Дишете длабоко и смирено. Не си дозволувајте реакции, а особено не избрзани и избувнувачки. Ако сте способни за тоа, слушајте и веднаш потоа отстранете го од умот она што таа личност ви го наметнала како тек на мислите. Поработете на ваши лични начини за подигнување на расположението веднаш по средбата со емоционалниот вампир, не оставајте да завладее со вас негативниот тон кој го шират ваквите луѓе.



Ако се работи за домашна или семејна ситуација, тогаш обично ситуацијата е малку покомпликувана, затоа што не можете да ги замените тие личности како што на пример тоа би било возможно со пронаоѓање на друго работно место. Најчест пример за емоционални вампири во вакви околности се критизерот, манипулаторот, нарцисот, контролорот, перфекционистот. Овие личности знаат и да си заменат одредена улога со друга. На пример, нарцисоидната мајка може во зависност од потребите (доколку не ви ја издренирала доволно енергијата на еден начин), да „одглуми“ жртва или депресивец. При што вие, вистинската жртва на оваа енергетска дренажа, останувате збунети и онаа енергија која ви останала ја истурате сега тешејќи ја жртвата или попуштајќи му на депресивецот. Може да имате контролирачки татко, брат перфекциониста, сестра „драмаџика" итн., но било кој член на семејството во било која улога и да е, доколку не знаете да се заштитите од нивните „енергетски напади“ постојано ќе чувствувате недостаток од енергија и слабост. Затоа, обидете се да ги научите сите можни техники за заштита од емоционални вампири. Не исклучувајќи го и лукот Smile.


Ако пак сте се нашле во врска со некој енергетски вампир, наједноставното решение е веднаш да ја прекинете таа врска. Ако не сте се заљубиле, тогаш прекратете со сопственото измачување што поскоро. Но, што ако веќе вистински сакате некоја личност која е емоционален вампир?

Ако сметате дека може да се справите со таквата личност, тогаш најдобар совет е веднаш да поставите некои граници. Во моментите кога саканата личност ќе каже или направи нешто со кое на најдиректен начин ви ја црпи енергијата, веднаш реагирајте. Бидете отворени и јасни. Не дозволувајте некој да ви зборува или да се однесува со вас на таков начин. Бидете директни и цврсти, но сепак со потребната доза на нежност и емпатија. Секогаш е можно да не се сложите со нешто, без притоа да бидете неугодни и непријателски расположени. Запомнете, единствената моќ која некоја личност ја има врз вас е моќта која сами ќе и ја дозволите.



Какви личности се емоционалните вампири?

Емоционалните вампири се таков тип на личности на кои им треба многу љубов и внимание. Тие секогаш сакаат да се во центарот на вниманието. Имаат многу недостатоци кои се обидуваат да ги сокријат преку демонстрација на лажна самодоверба. Доколку имаат проблеми со нивните родители и нешта од нивното минато кои треба да се разрешат, тогаш тоа може да се надмине преку психотерапија. Кога ќе се соочат со своите проблеми и своите емоции стануваат свесни за нив. Процесот на психотерапија ќе им помогне да си ја зголемат самодовербата на конструктивен начин, наместо деструктивната илузија за самодоверба која си ја приредуваат себеси и на другите. Кога проблемот е поврзан со некое нарушување на личноста, терапевтскиот процес е подолготраен и мора да биде потемелен за да се поправат нештата. На крајот на краиштата се се сведува на тоа колку се сакаме себеси, ако се сакаме повеќе, ќе ги сакаме и другите луѓе повеќе. Се е поврзано како во ланец.


Кога се работи за концептот на љубовта, честопати се случува да ги измешаме работите и да влеземе во парадоксални ситуации. Склони сме да страдаме во име на љубовта, сметајќи дека тоа така треба да биде. Дека тоа ја прави љубовта „вистинска“. Но, мора да сфатиме една работа. Емоционалните вампири се луѓе кои не сакаат, тој или таа ја исцицуваат енергијата на другите и ја злоупотребуваат нивната добрина. Затоа, чувајте се да не бидете гризнати од ваквите вампири. Како што важи и за оние кои цицаат крв, сигурно не би сакале и вие да станете емоционален вампир после тоа, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom