Емоционални вампири

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не сум имал таков во мое друштво, немам и нема да имам пошто и ако случајно залута ќе избега во рок ед 5 минути :). Во краен случај никој не те тера да седиш во друштво кое не ти прија...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Прв пат слушам за вакво нешто и за вакви луѓе.

Не знам, немам осетено нешто слично на ова т.е. немам сретнато таков лик .. Или пак имам, но сеуште не ме доцицале ! :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Vampires that appear in a daylight:)
Ти ја цицаат позитивната енергија,еланот, ентузијазмот за било што и по секоја краткотрајна средба со нив, се осеќаш како исцеден лимон.
Многу ме интересира дали свесно или несвесно го прават тоа, со својата појава и однесување.
Доколку е свесно, веројатно е поради тоа што се во дефицит или па воопшто немаат такви happy thoughts and emotions, па буквално ја крадат и изнудуваат истата од тебе.
А чаре-симпл, ќе ги избегнуваш до максиум таквите појави и ќе настојуваш комуникација со оние кои зрачат позитивна енергија(think happy thoughts, walking on sunshine, things like that) и на тој начин ќе си надополниш батериите, доколку претходно те исцицал некој.
 
А

Антоние

Гостин
Ако си кул типче, и ако се трудиш да водиш автентичен муабет со луѓето, ги гледаш во очи кога збориш со нив и внимателно ги слушаш што ти зборат, тогаш многу ретко, скоро никогаш нема да сретнеш некој кој што те нервира со самата негова појава. Повеќето луѓе не се онака суштински злобни. Ако видат дека си добро расположен и уште побитно ако сфатат дека не ги осудуваш за тоа што ти го зборат, тогаш честопати и самите стануваат расположени(ова е веројатно заради нивното его, но не е толку битно ова). Затоа што, најпосле, негативноста привлекува уште повеќе негативност. Имам една колешка на факс која што има стекнато лоша репутација во групата како "негативна особа", или како што викате вие - емотивен вампир, меѓутоа кога јас зборувам со неа, таа е сосема друга особа. Фина е, дели комплименти итн...

Тешката работа доаѓа кога треба да гледаш на сето тоа без осудување и без его. Според мене не би требало да ги осудуваме ваквите луѓе затоа што и тие се несвесни како нас.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ако си кул типче, и ако се трудиш да водиш автентичен муабет со луѓето, ги гледаш во очи кога збориш со нив и внимателно ги слушаш што ти зборат, тогаш многу ретко, скоро никогаш нема да сретнеш некој кој што те нервира со самата негова појава. Повеќето луѓе не се онака суштински злобни. Ако видат дека си добро расположен и уште побитно ако сфатат дека не ги осудуваш за тоа што ти го зборат, тогаш честопати и самите стануваат расположени(ова е веројатно заради нивното его, но не е толку битно ова). Затоа што, најпосле, негативноста привлекува уште повеќе негативност. Имам една колешка на факс која што има стекнато лоша репутација во групата како "негативна особа", или како што викате вие - емотивен вампир, меѓутоа кога јас зборувам со неа, таа е сосема друга особа. Фина е, дели комплименти итн...

Тешката работа доаѓа кога треба да гледаш на сето тоа без осудување и без его. Според мене не би требало да ги осудуваме ваквите луѓе затоа што и тие се несвесни како нас.
Дури и луѓе на шалтер што работат можат да испаднат фини ако ти е фин пристапот со 'Добар ден' и смајли фејс. Некоја чудна појава е дека луѓето се понашаат така како што мислат дека ти си имаш створено мислење за нив, помалку или повеќе. Ништо чудно ако насилник кој знае дека ти го сметаш за насилник а дека ти самиот не си насилник земе да се понаша насилно кон тебе, различно од тоа како би се понашал ако некој што првпат го гледа му пријде позитивно. Затоа кога си имаш работа со лош човек, подобро да се понашаш како да не знаеш дека е лош. И таквите имаат потреба некој да ги подржува/ т.е. да мисли дека се добри и затоа веројатно ќе гледаат да не ти го влошат мислењето што го имаш за нив. Интересна појава е и размисли за тоа.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
И јас имам таква особа у живот и нажалост - невозможно е да се избегне затоа што ми е во најблиска фамилија. Кога оваков карактер е во иста vacancy со тебе, се осеќа тежина во воздух без разлика колку покушаваат да бидат пријатни. Затоа што покрај таа пријатност - ќе се откачи некој blooper што ќе иницира кон нешто незадоволувачко. Плус, некои од нив се одлични глумци.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Луѓе кои без трошка срам ќе ви ги исцицаат сите емоции и цела енергија од вас и после тоа ќе си отидат и нема никад да ги слушнете...

Значи не само за љубов и во другарство и во меѓучовечки односи, се почести се ваквите луѓе...

Постојано ти ја цицаат енергијата од тебе, позитивната се разбира и те полнат тебе со негативна и кога на крај ќе си изморен одат кон друг што има позитивна енергија...

Буквално зимаат се од тебе додека им користиш после не постоиш за нив...
Иако воопшто не делуваат така, многу се смирени, дури и забавни се, не се негативни сами по себе... додека не ја достигнат целта...
Што мислите за ваквите луѓе?
Сте имале ли ваков пример во животот?
Чаре?

Секој сеирџиски или Хаус коментар ќе биде избришан, а членот баниран од тема... Чисто информативно...:smir:
Да, за жал сум имал.
Терминот "вампир" неможе да биде посоодветен за овие луѓе. Ако се направи една анализа за карактеристиките на вампирите и симптомите на нивните жртви, според мене би го добиле следново:

Вампирите ја цицаат животната есенција од луѓето - крвта.
Бегаат од сонцето и светлината.
Немаат одраз во огледало.
Нивните жртви во процесот на "преобразување" минуваат низ процес кој е болен и во кој го губат човечкото, за на крај и самите да го пополнат со глад за крв.
Крвта
Овие карактеристики прават совршена аналогија за вистинските вампири меѓу нас. За разлика од филмовите, во вистинскиот живот гладта по внимание е "крвта" која вампирот ја бара.
Таа глад ќе ви ја спакува и претстави во "амбалажа" која најмногу ќе одговара во дадената ситуација. Може да биде љубов а може и пријателство сеедно за крвопиецот.
Понекогаш и самите веруваат дека задоволството кое го чуствуваат додека ја задоволуваат својата глад, е тоа што останатите го дефинираат како љубов или пријателство.
Сонцето
Една поговорка вели: "Три нешта неможе долго да се кријат - сонцето, месечината и вистината".​
Вистината не им е сојузник, па затоа бегаат од неа. За овие суштества на "ноќта", вистината е сонцето кое ги пеплосува.......​
Огледалото
Ликот кој го претставуваат пред останатите е она што на останатите им е потребно да го видат и чујат, ништо друго туку илузија.....Нешто кое непостои, неможе да даде ни одраз, неможе да се рефлектира.​
Но затоа како појава, околината обично ги перцепира како мили, наивни, внимателни....Затоа вампирите се претставувани со надприродна привлечност.​
Преобразувањето
Кога паразитот повеќе ќе нема корист, или ќе најде нова жртва, почнува преобразувањето....​
Илузијата се руши и жртвата чуствува како во себе ја нема онаа "животна есенција". Нешто кое предизвикува болка. Одеднаш "сонцето" почнува да и пречи, бидејќи тоа безмилосно ја "осветлува" реалноста......Доколку не се осмели да погледне во него, преобразбата финишира со пополнување на новонастанатата празнина преку истата глад......​
Чарето е да се има сила и да се погледне во "Сонцето", да не се падне на искушението да се задоволи "гладот".​
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Чаре е да си останеш чист, да не бараш помош од никого , да им помогнеш на сите што ги знаеш и што не ги знаеш.....ама се тоа не еден магичен начин, во кој за два дена ќе заборавиш се, и два пати ќе умреш.
 
S

Sagan

Гостин
Ова би му дошло сатанистичка верзија на скиентолошката „супресивна личност“...
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Дечкото на мојата најдобра другарка. Бевме супер комбинација за зезање и тепање време. Но кога таа отиде неколку месеци во странство, оооп!, се се промени. Мајко мила, по две недели секоја дружба со него ме доведуваше на работ на нервен слом.
Тој беше љубезен, се трудеше да биде забавен, не цвикаше по другарка ми или нешто такво. Се беше како порано, а всушност ништо повеќе не беше како порано.
Дури кога останав сама со него сфатив колку е напорен и колку не ме интересираат неговите штосеви и погледи на работите.
И, еден ден кога повторно дојде по својата редовна доза „крв“, собрав сила да бидам онаа лошата и да му кажам дека имам потреба од простор. Малку необична ситуација, простор, чиниш тој ми е незнамшто, ама така, го откачив, фала богу.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Имам забележано дека некои луѓе навистина поседуваат ваква моќ. Се нешто се нерасположени, нешто им недостига, премногу зборуваат или лажно се смеат. Едноставно после секој разговор со нив се чувствуваш психички исцрпено до максимум. Нажалост невозможно е да ги избегнеш бидејки се во твоја непосредна близина, може само колку е што можно повеќе да се трудиш да се дистанцираш од нив. Барем привремено.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Имам забележано дека некои луѓе навистина поседуваат ваква моќ. Се нешто се нерасположени, нешто им недостига, премногу зборуваат или лажно се смеат. Едноставно после секој разговор со нив се чувствуваш психички исцрпено до максимум. Нажалост невозможно е да ги избегнеш бидејки се во твоја непосредна близина, може само колку е што можно повеќе да се трудиш да се дистанцираш од нив. Барем привремено.
А замисли кога две такви персони се заедно во една соба... ке си изедат живи...:D
Има три типа на луѓе... едните се така наречените енергетски вампири добро познатите цицачи на виталната енергија и тоа го прават несвесно без намера да ти ја исцицаат енергијата, но самото нивно понашање и состојба ги прави да бидат како сув сунгер кој е жеден за вода и веднаш ја впива... се исполнуваат себе си со туѓа енергија и за некое време лажно се поживи и задоволни, но за брзо време ја трошат и повторно цицаат друга( можа ке генерализирам и можда и ќе згрешам ама мислам дека доста голем процент од луѓето се во овој тип такозвани вампири)...
Вториот тип на луѓе се пак неутрални т.е. тие си имаат своја енергија и си ја користа и природно реобновуваат не цицајќи туѓа, во нивно присуство нема да осетите многу од нив онака нормлен човек... може од моменти да варира да постане цицач или да ја сподели сопствената енергија со другите... се во зависност од момнеталната внатрешна состојба на свеста...
Додека пак третиот тип на луѓе е категорија сам по себе... тие се на едно поразлично ниво на свесност... полни се со енергија но ви исто време и се конектирани на свесно ниво со целокупната енерија и можат да ја користат во зависност од ситуација до ситуација... најчесто се многу храизматични и во нивно присуство се полните со витална енергија и некоја неопиплива среќа...
Е сега не дека ако си од првиот тип на човек дека таков и ќе останеш... во зависност од моменталната состојба на сопствената свест така и ќе се менуваш во типовите и варијациите...
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
38
Поени од реакции
37
Некои луѓе се толку негативни, што можат да ве „испразнат“ за неколку минути. Ако се сомневате дека некој ви ја цица енергијата како вампир, подобро е да го избегнувате максимално.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
верувале или не вчера баш гледав една епизода од шерлок стариот серијал со Џереми Брет, и овој феномен е прилично познат и признаен од медицината, сепак е само на филм тоа али ако може еве отварачот на темата или некој друг да елаборира би било одлично
 

Kajgana Shop

На врв Bottom