Емиграција во Канада

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.717
Здраво на сите. Јас и мојот сопруг сме заинтересирани да емигрираме во Канада. Целата фамилија (баба, дедо, вујко, тетки и повеќе од 10 први братучеди) на мојот сопруг се во Канада повеќе од 20 години. Ги исполнуваме скоро сите услови за емиграција, единствено нешто што ни остана е полагање на IELTS тестот. Познато ни е дека е потребно минимум 6 оцена за двајцата. Полагавме еднаш меѓутоа не ја добивме посакуваната оценка (Јас 5,0, а сопругот 5,5). Ако може некој да ми даде некој совет за некое училиште за странски јазици, или пак приватни часови. Или пак доколку имате материјал за подготовка, ако можете да ми испратите во порака.

Секој совет е добредојден.
Фала ви однапред.
Пробај во Центар за странски јазици. Ма да обичните школи за странски јазици се поевтини. Како и да е имаш огромен избор.
 
Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26
Супер е, само прво пред да дојдете прашајте ги адвокатите емиграциони зошто наплаќаат за услугата однапред.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Некој да пробал преку ова или да познавате некој што заминал со помош на овие програми тука?
http://www.immigration.ca/

Ми испратија инфо за нивната лиценца за работа, се фалат дека се овластени адвокати што работат баш со ова, но бараат доста солидна сумичка на пари за посредување, се нудат дури и работа да ми најдат, примарно демек Монтреал.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028

Сите овие информации шо ги бараат за тестот дали си квалификуван за работа во Канада можеш да си ги направиш сам на владината страна на имиграција
http://www.cic.gc.ca/english/work/apply-who-eligible.asp

Мој другар отиде во некоја од агенцииве и прашуваше и му рекоа дека треба да има 10 000 канадски долари на сметка или некој да му гарантира во Канада (со доказ од 10 000 на сметка)

Прочачкај си прво на нивната страна, распрашај се и после аплицирај.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Сите овие информации шо ги бараат за тестот дали си квалификуван за работа во Канада можеш да си ги направиш сам на владината страна на имиграција
http://www.cic.gc.ca/english/work/apply-who-eligible.asp

Мој другар отиде во некоја од агенцииве и прашуваше и му рекоа дека треба да има 10 000 канадски долари на сметка или некој да му гарантира во Канада (со доказ од 10 000 на сметка)

Прочачкај си прво на нивната страна, распрашај се и после аплицирај.
Ти благодарам, ќе разгледам подетално таму.
Скапички се малку овие, покрај тие пари на сметка за услугата бараат 3250 долари само за средување околу визата, плус екстра за барање работа (а самиот што отворив за моја професија гледам дека има преку 40 активни огласи).
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ти благодарам, ќе разгледам подетално таму.
Скапички се малку овие, покрај тие пари на сметка за услугата бараат 3250 долари само за средување околу визата, плус екстра за барање работа (а самиот што отворив за моја професија гледам дека има преку 40 активни огласи).
Ако знаеш англиски можеш сам да си аплицираш, јас се сама си завршив се. Финтата за со МК пасош е што сакаат да имаш бааги пари на сметка за да не зависиш од државата и да знаеш англиски. Ако имаш некој тука би било топ пошо они може да те спонзорираат.
Не знам што си по струка ама некои работодавачи се нудат да те спонзорираат. Као легално они треба да го покријат трошокот ама обично сакаат испод маса да им ги вратиш парите со тек на време, обично е накај 4000 долари.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Некој од форумов да заминал преку Express Entry за Канада, а е со високо образование завршено на Универзитет Кирил и Методиј?
Ако има, ме интересира како сте поминале во делот на Educational Credential Assessment (ECA).
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
има разлика ако е завршено на кирил и методиј или друг ?
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Здраво . Сакаме со мојот дечко да се венчаме и да одиме (емигрираме) во Канада. Ве молам доколку некој аплицирал преку Eхpress entry нека ми пише или нека сподели искуство имам неколку прашања.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Здраво . Сакаме со мојот дечко да се венчаме и да одиме (емигрираме) во Канада. Ве молам доколку некој аплицирал преку Eхpress entry нека ми пише или нека сподели искуство имам неколку прашања.
Ако најдеш било кој јунак што ја минал оваа процедура пиши и мене ми требаат информации, за брзо треба да полагам IELTS, а попатно ги собирам и другите документи.
Најпрсото од тоа што имам досега собрано како инфо:

IELTS General Training пожелно над 7 оцена (солидни поени се добиваат трите скилови по 7 и listening 8).
Educational credential assessment (ECA) околу 200 долари по диплома, уште не сретнав некој што го минал процесов за да прашам дали нашиве дипломи се еквивалентни на канадските или ќе треба нешто дополнително, плус ќе треба да собереш апостил од министерство за правда или министерство за надворешни работи, па после да ги преведиш на англиски и да ги испратиш, само со печат од кај нас не ги признаваат не сме имале некоја хашка конвенција потпишано или тие немале потпишано, така нешто беше.
Работно искуство минимум 1 година, пожелно барем 3 години во соодветната област, можеби најбитниот документ е позитивна референца од претпоставениот во фирмата каде што имаш работено, без овој документ си во лоша положба.
Не осудуван.
Медицински здрав без хронична болест, се што би можело да биде на товар на нивниот здравствен систем (пример дијабетес) автоматски ти ги сведува шансите на минимум или да не кажам нема можност да поминеш.
Финансии за двајцата заедно околу 15500 долари, плус доказ од каде ти се парите, ако се од твоите дома мора да ти потпишат дека нема да ти ги бараат парите во иднина.

http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/skilled/funds.asp
http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/skilled/noc.asp
http://www.cic.gc.ca/english/express-entry/index.asp
http://www.cic.gc.ca/english/helpcentre/answer.asp?qnum=681&top=29
 
Ајдеееее не е чудо што одма по апликација ме одбија бидејки освен парите немав ништо од горенаведеното.:(:( здравје ке бараме срека на друго место. Сепак фала за одговорот поздрав
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Malku razgledav na internet sto pisuva za ESA za nasata zemja MK

https://www.icascanada.ca/new/immigration-to-canada.aspx/document-detail.aspx?document=816d4ea8-b9a2-43d4-b219-a0276965fe38

i kako sto gledas baraat samo kopija od diploma, sertifikatot, kniga za studiranje so se prevod i plus koga ke platis nekoj formular ke ti dadat na internet i toj mora da go odneses na nasiot fakultet i tie sose oficijalna potvrda i site ovie kopii na diploma, sertifikat i kniga na studiranje ke mora da go pratat od kaj niv po posta.

Se procesuira za 20 nedeli za 200$

Ne treba nikakov apostil od ministerstvo nase.

So sreka
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.905
Поени од реакции
11.246

Извини не сфаќам, за кој сертификат и за која книга за студирање станува збор?

До модераторите, иста ваква тема со идентичен наслов има и во Туризам и патувања. Да се спојат или една да се кикне не би било лошо.
 
Член од
25 март 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo, jas imam aplicirano za iselenicka viza za Kanada vo 2016god. pa ja zakacivme aplikaijata na nivnata strana kade sto gledas dali ima nekakvi promeni. No seuste nemame nikakov odgovor samo pokazuva deka posledno ja gledale na 13 Avgust i nema nisto. Dali nekoj drug ima aplicirano?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom