Ако најдеш било кој јунак што ја минал оваа процедура пиши и мене ми требаат информации, за брзо треба да полагам IELTS, а попатно ги собирам и другите документи.
Најпрсото од тоа што имам досега собрано како инфо:
IELTS General Training пожелно над 7 оцена (солидни поени се добиваат трите скилови по 7 и listening 8).
Educational credential assessment (ECA) околу 200 долари по диплома, уште не сретнав некој што го минал процесов за да прашам дали нашиве дипломи се еквивалентни на канадските или ќе треба нешто дополнително, плус ќе треба да собереш апостил од министерство за правда или министерство за надворешни работи, па после да ги преведиш на англиски и да ги испратиш, само со печат од кај нас не ги признаваат не сме имале некоја хашка конвенција потпишано или тие немале потпишано, така нешто беше.
Работно искуство минимум 1 година, пожелно барем 3 години во соодветната област, можеби најбитниот документ е позитивна референца од претпоставениот во фирмата каде што имаш работено, без овој документ си во лоша положба.
Не осудуван.
Медицински здрав без хронична болест, се што би можело да биде на товар на нивниот здравствен систем (пример дијабетес) автоматски ти ги сведува шансите на минимум или да не кажам нема можност да поминеш.
Финансии за двајцата заедно околу 15500 долари, плус доказ од каде ти се парите, ако се од твоите дома мора да ти потпишат дека нема да ти ги бараат парите во иднина.
http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/skilled/funds.asp
http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/skilled/noc.asp
http://www.cic.gc.ca/english/express-entry/index.asp
http://www.cic.gc.ca/english/helpcentre/answer.asp?qnum=681&top=29