Емиграција во Канада

Дискусија во форумот 'Македонска дијаспора' започната од Marick14, 19 октомври 2014.

  1. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.703
    Допаѓања:
    1.751
    Значи вака:

    Сакаме цела фамилија да емигрираме во Канада. Најдовме некој човек што ја врши таа постапка за емиграција во Канада. Е сега гледам по интернет дека кружи вест дека имало многу преваранти. Па би ве замолил за совет што да правам.
    Ние првин сакавме да му ги дадеме парите откако ќе ја заврши работата и откако ќе добиеме визи. Но тој ги бара унапред. Но мене тоа ми изгледа ризично. Бара по 2.000 евра од човек. Значи 8.000 евра за 4-ца. Ни рече дека виза би добила за 6 до 12 месеци најкасно. Може ли да се добие некоја гаранција од него дека ова ќе се среди? Тој дал гаранција само на збор.

    Некој со вакво искуство или да ми дадете совет то да правам? :confused:
     
  2. Kacar

    Kacar Гостин

    Гаранција на збор во комунизмот, во капитализмот не !
     
    На ZeenaK9, Salt23, Biomage и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. smihajlo

    smihajlo Superposition, Relentless

    Член од:
    11 август 2010
    Мислења:
    3.005
    Допаѓања:
    3.340
    Не давај пари унапред. Инаку ми се чини даваат Канада лесно визи периодов не знам каде читав битно е само сериозно да сакаш да живееш таму значи да не биде за повремена работа и ова ти е од владата на Канада значи нема заебанции.

    Ова со посредников направете некој договор ако немаш нешто црно на бело заеби давање пари. Барем ова е мое мислење.

    П.С Немам искуство со миграција во Канада така да не знам колку ќе ти вреди советов.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Петар12345

    Петар12345

    Член од:
    21 октомври 2009
    Мислења:
    1.354
    Допаѓања:
    1.822
    НИКАКО ДА НЕ СТЕ ДАВАЛЕ ПАРИ ОДНАПРЕД!!!!
    знам во Прилеп неколкумина што си останаа бели во очите со вакви преваранти за визи.
     
  5. iksimkd

    iksimkd ШшшШшшШ...

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    4.983
    Допаѓања:
    2.141
    Кажи му пола сега пола после завршената работа, и договор на нотар.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zmej gorjanin

    zmej gorjanin

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    7.488
    Допаѓања:
    8.077
    Canadian Experience Class
    After you have lived in Canada for some time, you may have good English or French skills, the right kind of skilled work experience, and be used to Canadian society. The Canadian Experience Class (CEC) was created to help people like this take part in the Canadian economy.

    If you are a foreign worker or a foreign student, and have skilled work experience in Canada, you may be in a good position to move from temporary to permanent residence under the (CEC).

    http://www.cic.gc.ca/English/immigrate/cec/index.asp

    Значи прво треба да најдеш работа или да упишеш некакво образование во Канада, па после дури можеш да мислиш на фул емиграција. Све остало е превара.
     
    На Marick14, Branchez и ION им се допаѓа ова.
  7. ION

    ION

    Член од:
    27 јули 2011
    Мислења:
    460
    Допаѓања:
    833
    На dimitrova777 и blue ladybug им се допаѓа ова.
  8. McQ

    McQ McQ

    Член од:
    15 мај 2008
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    28
    И сеуште бараш одговор на твоето прашање?.....
     
  9. Personal

    Personal

    Член од:
    14 февруари 2014
    Мислења:
    181
    Допаѓања:
    155
    Ако сакаш да се простиш од парите слободно дади му ги.Ниеден консултант не може да направи тоа што и ти самиот можеш да го направиш.Затоа слободно свари еден бокал кафе,земи пенкало и неколку листа хартија и отварај страната www.cic.gc.ca и листај.Нема да завршиш работа единствено ако те мрзи или ако не читаш темелно.Плус како огромен додаток имаш и неколку форуми како snapsolutions,canadavisa кои што се баш за луѓе како тебе кои што сакаат да почнат ама не знаат од каде и како.
    Повторно ќе кажам - НЕ МУ ДАВАЈ ПАРИ НА ПОСРЕДНИКОТ БЕЗ РАЗЛИКА ШТО И ДА ТИ ВЕТУВА.Тие пари можеш да си ги искористиш кога треба да прикажеш при аплицирањето дека поседуваш доволно средства во канадски долари при евентуална емиграција.
     
    На Krstev и Безидејазаник им се допаѓа ова.
  10. lion888

    lion888

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    454
    Допаѓања:
    433
    Kolku sto znam nema registriran agent vo MK. A ima eden izmamnik koj site gi laze. Mozes da go prepoznaes po toa sto e kejlav ili so bricenata glava koj dosega zaebal edno 500 luge i najdobro begaj od nego. Site agenti sto imaat pravo da brkaat rabota za emigracija se registrirani vo Canada linkot e tuka

    http://www.cic.gc.ca/english/information/representative/verify-rep.asp

    Ako toj agentot ne e registriran so samoto toa sto ti gi pipa dokumentite ti si po avtomatizam odbien a ke bides staven na crna lista za cel zivot I ako apliciras povtorno so nekoj legalen agent ili sam.

    Celata procedura e najdobro da ja napravis sam bidejki ne e poveke od 2500 evra za cela familija I e mnogu lesna za nekoj sto znae angliski. Ako ne znaes togas nemas sansi I taka da dobies viza.
    --- Споено дупло мислење, 19 октомври 2014 ---
    Definitivno toj e nekoj izmamnik bidejki momentalno za emigracija co Canada se ceka pomegu 15 do 18 meseci.

    http://www.cic.gc.ca/english/information/times/perm/skilled-fed.asp#Europe

    I nieden registrian agent ne dava garancija bidejki nisto ne zavisi od nego, ako mu gi dades parite samo ke te vrti edno dve godini pa posle ke go frli mobilniot broj.
     
    Последно уредено: 19 октомври 2014
    На Personal, sankerce и Marick14 им се допаѓа ова.
  11. zmej gorjanin

    zmej gorjanin

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    7.488
    Допаѓања:
    8.077
    Ако беше само до англиски повеќе од пола Македонија ќе ја снемаше во рок од три месеца. Без работно искуство у бараните професии и препораки од фирмите кај што работел ништо не праи, а конкуренцијата од цел свет е огромна па види ти сега. Освен ако не реши да упише факултет или магистратура. Али и за тоа ќе му требаат некои 30.000 долари ко гарантна сума, башка tuition fees, плус ќе треба да си полага одредени испити, не само јазик ко IELTS, ќе треба и просек од факултет и препорака (во форма на писмо на англиски) од двајца професори од факс кои што ти предавале односно нивниот предмет ти бил maјor.
     
    Последно уредено: 19 октомври 2014
    На Natural-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.703
    Допаѓања:
    1.751
    Тој ни вика му требале сите пари сега за да уплател он негде за документите. :confused:
    --- Споено дупло мислење, 19 октомври 2014 ---
    Постар човек е со бела коса. Прашав и еден пријател за оваа работа и истото што го кажавте скоро сите и тој го потврди. :(:place:
     
    Последно уредено: 19 октомври 2014
  13. iksimkd

    iksimkd ШшшШшшШ...

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    4.983
    Допаѓања:
    2.141
    Епа ако му требаат сите пари за да плати трошоци тогаш обврзи го со договор на нотар, така нема каде да бега. Ако не ти заврши работа нека ти ги врати парите согласно договорот. Малку се ризични овие работи кога оди преку посредник кој не го познаваш каков човек е. Се појавија многу преваранти кои им ги земаат парите на луѓето а после не им завршуваат работа.
     
  14. Milanisimus

    Milanisimus Gladiator

    Член од:
    12 јули 2009
    Мислења:
    409
    Допаѓања:
    139
    Прво ќе ти кажам што да не правиш - пари давање однапред никако, има безброј случаи што се изгореле така, ретко некој да видел аир. Ако ти бара 2000 евра по човек за 4ца, тоа ти се 8000 евра. Какви документи се тоа што коштат 8000 евра ?? Инаку јас разгледував околу програми за емиграција во Канада, овде на форумот имаше оставено линкови за конкретни информации, знам дека при апликација се собираат поени по различни основи. Ти имаш голема предност бидејќи сакаш да одиш фамилијарно т.е. имаш поени по тој основ. Ако ти и сопругата имате факултет, работно искуство во професии кои се барани во Канада, познавање на англиски и француски јазик, мислам дека ќе собереш доволно поени за да можеш да емигрираш. Мој совет - пребарај убаво по интернет за информации и почни да се подготвуваш т.е. сертификат за јазик, фирма за работа, и слични работи кои се наведени како неопходни за престој во Канада.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moongoses

    moongoses

    Член од:
    21 октомври 2011
    Мислења:
    1.201
    Допаѓања:
    1.080
    Начинот и критериумите за аплицирање за иселеничка виза во Канада се јасно објаснети на владиниот сајтот на Канада постиран погоре. Има различни основни по кои може да се бара виза и секој од нив повлекува свои критериуми. Доколку ги исполнуваш критериумите можеш да добиеш виза, доколку не ги исполнуваш немаш никаква шанса. Никој, апсолутно никој на светов не може да ти гарантира дека ќе добиеш виза дури и да ги исполнуваш критериумите. Дали ќе ангажираш посредник (лиценциран) или сам ќе си ја бркаш целата работа, исто така нема никакво влијание во исходот за визата. Посредникот само ќе се погрижи да ти е исправна сета докумантација и да е во склад со барањата и ќе внимава да не има некој пропуст од страна на службениците. Ниту тој ниту неговиот ангажман немаат влијание врз одлуката за виза.
    А доколку самиот не успееш да се снајдеш во процесот на апликација, значи дека не ги исполнуваш сите услови за виза.
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: