Во Канада може да се оди туристички со Бугарски пасош без виза, во САД сеуште не. Види, специфична ми е ситуацијата, еве ако сакаш нормално да разговараме како луѓе ќе ти објаснам. Не сакам да одам во Канада или во САД да работам. Сакам едноставно да се иселам одовде. Мислам, ако одам, јас повторно ќе го правам ова што го правам и овде, ќе заработувам онлајн. Моментално имам аплицирано или сум во тек на апликација за PhD студии во САД и во Канада, на околу 30 универзитети. Само тие апликации ќе ме коштаат вкупно околу 3000 усд. Проблемот е што е прилично компетитивен влезот на тие Универзитети, па си ги проценувам шансите за успех на околу 20%. Затоа ми треба бекап план, сакам по секоја цена да бидам заминат одовде во рок од една година. Имам положено IELTS academic level со 7.5. Немам никакво работно искуство, не знам ништо да работам, и не сакам ништо да работам, освен на Универзитет.
Не сакам да одам некаде Европа најмногу заради јазикот, знам само англиски, и практично Ирска ми е единствена опција моментално во Европа. Тоа е ситуацијата генерално, ако имаш некоја идеја кажи слободно.