Колеги ме интересира како учите финансиско сметководство, бидејки не знам како да учам, немам претстава. Ги учите ли контата што се дадени во книгата за секоја лекција,или треба да се знаат само класите па кога ке даде на колоквиум книжење,на пр. нешто што спага во трошпоци и знаејки која класа е ке видите кое конто ви одговара во книжењето? Ве молам некој од постариве колеги да објасни што и како е, и што најчесто се пага хехехе. :nesum:
финансиско сметководство не е класичен предмет за учење, така да ако книжењата не ви се "влезени во рака" многу тешко ќе поминете на колоквиум. сепак, олеснување е што не се тешки и сложени книжењата и задачите кои ги дава професорот на колоквиуми, па минатата година ги спремав колоквиумите 2 дена пред полагање, со редовна посета на вежби, предавања ептен ретко, пошто Љубиша си седи и чита од книгата, не кажува нешто посебно, не решава на табла и слично, џабе присуството. минатата година беа многу слаби резултатите, па редовно ја пушташе границата, ако не се лажам на втор колоквиум беше 25/100 (!), затоа од 8ца повисока оценка немаше кај оние кои го минаа преку колоквиум.
нема потреба да се учат напамет контата, бидејќи се полага со контен план и секое објаснување што значи е дадено во истиот, а го има напишано и на тестот. важно е да се знаат само класите, како одат книжењата, контра-конто, каде е + или -, пр. при требувања, амортизации, отпис на залихи и слично. лани од трите колоквиуми вкупно собрав околу 130 поени од 300 и ми пиша 7ца, катастрофа резултати.. доста заебан предмет, само вежбање треба, теорија имаше по 8-10 прашања, ептен најосновни и најпрости, неколку точно/неточно и останатото книжења.