Менаџмент на мал бизнис... ист начин на учење како менаџмент, малце е полесна материјата од Менаџмент, ист начин на поставување на прашањата... Сепак препорачувам да го положиш на колоквиуми, оти во оваа сесија испитот го даде на пишување иако беа пријавени повеќе од 50 студенти. Исто така треба да бидеш редовна на предавања, пожелно е и семинарска
Менаџмент на човечки ресурси... кај Бојаџиоски може ли да има предмет кој е тежок?
Прашањата се формираат на ист начин како Економика на претпријатие, биди редовна на вежби (асистентот одлично објаснува, плус само од вежби можеш да собереш околу 20-тина поени + две оценки), пишувај ги домашните (CV и оглас), и без многу напор ќе имаш одлична оценка. И тука може семинарска.
Теорија на одлучување... професорот викаше дека 90% ќе имаме оценка 10 Искрено не познавам некој кој има таква оценка, можеби не сум ги прашал сите, но така е... Пушта список на крајот на секое предавање, исто и на вежби... На предавањата кажува доста шеги, но сепак знае да каже и нешто што може да затреба. Професорот е доста начитан, има знаење од многу области, не само од економија. Тестовите се на пишување, ти препорачувам да си го полагаш на колоквиуми, на испит дава премногу прашања, осум страници со прашања на пишување, па и Ајнштајн да си нема да можеш да ги одговориш. Исто и на колоквиуми, скоро никогаш нема време за сите прашања. Прашањата кои се паѓаат на колоквиумите се вртат по студентиве, од рака на рака, по мејлови... Голем дел од нив паѓаат, ама не сите прашања... И то
Исто како и претходните два предмети и тука се можни семинарски... но даваат пет поени за семинарска во која ќе вложиш екстремно голем труд. Вежбите се тапа, досадни, непотребни...
FALA ti najmnogu:smir: