Епа лошо сум запамтил, тогаш беше фискална политика на владата...
Иначе после тоа што ми го напиша ти имаш објаснување преку пример... али еве...
Автоматските стабилизатори дејствуваат во услови на ЕКСПАНЗИЈА И РЕЦЕСИЈА(односно да се спречи силна Инфлација при Експанзија, или Депресија при Рецесија)
Значи при Експанзија поради зголемените цени и зголемените доходи, расте и даночната основица на даночните обврзници(потсети се на лекциите за данок дека има различни даночни стапки за различен доход) и со тоа поголемиот доход ќе се одданочува по поголема даночна стапка и дел од парите во оптек ќе бидат повлечени од страна на државата(во буџетот) и со тоа ќе се спречи инфлација. Или пак преку расходната страна на буџетот, ќе има повеќе инвестиции и помалце невработеникои ќе се вработат и нема да примаат социјална помош.
Обратно е во случај на Рецесија.
Се надевам дека ти помогнав, ова сеа го прочитав од книгата...