Јас ќе ти кажам, за втор да не се спремаш само психички, туку да го набубаш до точка, вториот колоквиум маркетинг е најтежок, тоа го кажувам и од лично искуство, и од искуства на другите
Инаку, дај малце настрана од колоквиумската, да прашам, дали некој знае дали некој наш професор има блог... Баш ме интересираат мислењата на Таки Фити, Сашо Арсов, Кикеркова, Благоја Ѓорѓиовски, Драган Тевдовски, Предраг... добро би било кога барем еднаш неделно би објавувале нешто, мора од деканат да им наредат
Мислам дека би било добро со тоа што професорите би биле подостапни, а и факултетот доста би се популаризирал (само да не не' чита Цаноски, од утре сите професори на ФОН со блогови
). Знам кој им е изговорот на нашиве професори, ќе кажат немаат време за такви работи... Епа тогаш не ми е јасно како може
Грегори Менкју и
Пол Кругман да пишуваат по 2, 3, 4 поста дневно со оглед на тоа што првиот веќе неколку години е во најтесниот круг за избор за нобеловец по економија, а овој вториов е минатогодишен нобеловец :raz: Зар нашите професори се позафатени од нобеловци по Економија :kesa:Знам дека Трајко Славески имал блог, но тој блог не е активен веќе 3 години, исто и асистентот Мијалче Санта има блог, но и неговиот блог не е активен веќе неколку месеци, речиси година :raz: