Добро си слушнала... ама тоа важи за некои предмети од втора, трета, четврта.
Не дека нема да ти дозволат да полагаш без книга, ама има некои предмети кои мора да ги полагаш со книга, зашто има еден дел... т.н. case study... учење по пример Тој дел носи околу 20% од поените, и доколку немаш книга нема да имаш право да го полагаш тој дел Инаку за во прва, мислам дека ти е задолжително да имаш математичка таблица од Драги Јанев, а слушам дека последнава година дозволувал и со збирки на полагање, значи ти треба и негова збирка
Исто така ти препорачувам да си ја купиш „Основи на Економија“ од Таки Фити, одлична книга, верувам дека и 90% од колегиве би се согласиле со мене и би ти ја препорачале