Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Ne sam oshte ubeden...
Зоки искрен да бидам, ти ќе ми бидеш од најтешките случаи. Колку тежок сликовито опишано:
Раката ти е испружена со чаша која е завртена наопаку, а чекаш да ти ја наполнам со пиво.
Јас можам да леам буриња пиво, ама чашата нема да приме ни капка.
Тако да нормално дека неси убеден.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Хепта реално не се заморува со нови луѓе и луѓе кои бараат иницијација. ;)
Само чекам да почнете да пишувате размисли за темите, за да можам да се приклучам во муабетите, на ова што вие расправате - немам што да кажам, оф-топик е.

Секогаш се повлекувам кога простачки и офтопик се расправа на дадена тема од страна на членови кои реално не ги интересира темата туку само сакаат да тролаат и имаат некоја луда цел „да се уништи темата“... дури и да се работи за тема за христијанство или некоја друга старо-еонска религија или философија на живеење, строго сум да се зборува за темата бидејќи така се учи по нешто секогаш.

Што, ќе се натпреварувам со твојата омраза или игнорантност кон темите на кои расправаш? Бесцелност.

Подобро да те потсетам од време на време да пишуваш за темава, за Форчн, за езотерија, Кроули или било кој друг авторитет поврзан со сето ова... што знаеш, дали знаеш, зошто не знаеш, до кај си со Кроули - отколку да се натпреваруваме со твоите будалаштини.

Кроули е мртов. Нема следбеници. Ниту О.Т.О. и А.'.A.'. се „негови“ за да има следбеници. Заборавате што е и зошто е иницијацијата!
Тој бил (Кроули) само O.H.O. на O.T.O. и имал функции во A.'.A.'. , а тие функции денес, а и пред Кроули ги држел друг и нормално во иднина ќе има други иницијанти кои ќе ги пополнуваат овие функции.

Езотеријата Е езотерија бидејќи бара иницијација! Не е тоа само едноставно „чување тајни доверени некому“ како што вие размислувате... така размислувате бидејќи немате искуство во овие ствари, а реално немате ниту знаење бидејќи не ве интересира ова. Сето ова ви е смешно, непотребно и ве разбирам.
Секој со своето. Секој има свој универзум во кој и преку кој десјвува со другите. Кроули како човек се обиде философијата на Телема да ја објасни за обичниот човек и да ја разбие предрасудата во однос на иницијацијата и човекот како единка во мноштвото!

Кроули е мостот кој не може да се одмине ако некој сака да премине во новиот еон. Ако го прочитате есејот на Ахад за новиот еон, ќе ви биде појасно што зборувам.
Тоа ги боли многумина кои се прогласуваат за Мајстори во новото време и прикриено ги прераскажуваат идеите и ставовите на Кроули или тајните мајстори кои немаат потреба да бидат познати во светот (токму заради тоа за да луѓето не напнат да бидат нивни следбеници) и бараат следбеници како да е ова стариот еон.

Нов еон е - не сакаме следбеници и фанатици. Сакаме колеги во овие нешта, во мистериите на Телема! Од секогаш тоа била идејата... но тоа го знаат луѓе кои се запознаени со Телема, со размислите на Кроули и неговите наследници во иницијантските Редови кои го прифатиле Законот на Телема!

П.С. @Dumbledore, (@pozdrav eden topol), во право си јас сум како плива и осека... но не мислам да се враќам како претходно (форумов има премногу за Телема и се останато во врска со тоа). Немам што да расправам повеќе...
блогот останува главна окупација.

Премногу работа и обврски во О.Т.О. и останатите нешта... се користи status quo со пандемијава за да се стартува потоа добро.
Имаме нова О.Т.О. Оаза во Скопје - нови планови и многу за постигнување - форумов оди на пауза.

Има мејлови кај мене на
профилов - кој сака да ме праша „дали сум жив или мртов“ во иднина.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Малку за окултното и тајното во исламот, за кое денес не се многу зборува... алхемија или al-kīmiyā доаѓа од кај нив, а може и тие го прзеле од Кем, старото име на Египет :)

Како што се вели во Bornless ritual:
„Hear Thou Me, for I am the Angel of Apophrasz Osorronophris:
this is Thy True Name, handed down to the Prophets of Khem."

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
@Хептаграм XI ontopik.... Krouli praktikuval peging?

:coffee:
Морав да барам што значи зборот... Со две p било: pegging.

Ако ја читнете автобиографијата на Кроули, како и многуте биографии што го истражуваат животот на Кроули ќе видите дека во одреден дел од животот бил бисексуалец.

Така да ова pegging или како и да го нарекуваме аналниот секс како стимул не било чудно ни тогаш а ни сега меѓу луѓето, како што гледам и збор има за тоа.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Не, тебе те иритира што некој ќе каже: да, знам повеќе од тебе и ти тука на форум досадуваш по теми и по членови како биле вакви или онакви бидејќи рекле дека знаат нешто за работи кои тебе не ти се ниту блиски ниту имаш основни познавања за нив :)
Битно те лути некој што кажал: знам повеќе од тебе, неписмен си.

Помири се со тоа.... ако сакаш да знаеш нешто повече за езотерија и како и зошто работите во книгите се измешани, атрибуциите се подудараат чудно - има начини. Со тоа што ќе ме прашуваш дали имаме оргии, дали Кроули бил геј или не... само покажува до кај ти е чергата за овие ствари, а ти упорно ногата ја подаваш бааги поеќе од чергата. :) Сугурно за некоја колосална цел, каква и да е таа..

Ако не сакаш да научиш нешто повеќе за ова или да се заинтересираш повеќе, ништо страшно - но не љути се на луѓето кога ќе ти кажат дека не знаеш ништо и дека другиот знае повеќе од тебе.
Ти си крив за таа твоја состојба. Сигурно знаеш за некоја друга тема или сегмент од животот на човекот, што ете јас не го знам... ;)

Кроули бил Телемит. Човек што успеал да создаде сам (ако веруваме дека може да создаде сам нешто такво) цел систем на иницијации и да го измени целиот ритуал кој што ќе оди во духот на новото време. Ако веруваме во тоа дека сам направил и напишал толку многу дела, коренспонденции со аспиранти, иницијанти итн итн, а од друга страна кревате врева како тој човек е забеган, зло, неспособен, наркоман, геј итн итн ... нешто не е ок со вашето расудување.

И ти малку наназад прашуваш Телемит тука за Кроули дали бил хомосексуалец, геј, дали сакал мажи или жени (индиректно, нели со мудри англиски изрази)... но што ти е грижа за тоа?
Те пали да знаеш за нечиј сексуален живот? Ќе треба да го споделиш твојот со мноштвото (не со зборови) па тогаш ќе може да ти се каже повеќе за дригиот ;)

Во философијата на Телема, чија основа доаѓа од „Книгата на Законот“ или Liber AL vel Legis svb figura CCXX, A.'.A.'. Издание во Класа А, се знае дека секој човек и секоја жена може да љуби како сака, кај сака и кого сака!
Со тоа што ти имаш некаков негативен став ако човек љуби друг од исти пол и тоа треба некој да натера да има негативен став кон Телема која што е философија на живеење која како прв зрак кон човекот го нуди зракот на СЛОБОДА - покажува до каде си во калта на мноштвото!

Имаш слобода? Или си заглавен во стариот еон и ги судиш луѓето според твоето бунило кое го гледам тука во пишана ворма на форумов?
Ослободи се, ќе видиш каде грешиш.

Така да, немате основни познавања за работите, што се буквално најосновното нешто што е достапно за секој човек (а доаѓа од тајни езотериски учења), бидејќи овие ствари доаѓаат од Liber Oz, кои важат за човекот, не за иницијанти само во некој Телемитски таен Ред, туку за секој!
А ако некој има проблем со тоа кој и како љубив поединецот не го разсбира Човештвото.

Езотеријата како прво бара да сте слободни и да немате од овие гнасни проклети предрасуди! Се додека сте вакви - ништо не правите.

П.С. Знам дека „Така е Хепта“ е најсоодветниот одговор од твоја страна ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Допира само простачкиот говор и омразата која ти постојано ја нарекуваш „зезање“. Но тоа допира од било кој, не си ништо посебно :)
Ќе дознаеме некогаш што те боли во однос на Кроули, О.Т.О. и Телема... на секој му треба издувен вентил, ова можеби е за тебе.

На темава упорно се зборува претежно за Кроули... и тоа за човекот Кроули, каков бил во кревет, дали гледал голи жени на Миса, дали имал оргии итн итн ... што нема врска со езотеријата и размислите кои ги имал за тајните учења и што споделил со нас во неговите илјадници книги...
Ако сеуште мистерија ви е голото тело... вие бааги имате пат за одење.
Ако сеуште ви е мистерија слободата, љубовта и животот - човек секој ден да ви кажува за тајните на новиот еон вие ќе бидете само збунети, а тоа ќе роди омраза бидејќи нема да ги разберете симболите на мајсторот Терион :)

Темата носи наслов Езотерија и потоа следуваат други авторитети кои допринеле на ваков или онаков начин да се оформи денешната западна езотериска мисла.
Зошто не читам нешто за нив? Некој барем да научил и да пробал од нивните учења? Не се малку авторитетод XIX и почетокот на XX век!

Другите авторитети за разлика од Кроули се и Форчн, Бардон, Регардие може да се стави тука, Леви, може и Гершом Шолем за кабала иако неговото е премногу стручно и премногу пристрасно, исто и Пајк кој сите го знаат само заради „Morals & dogma" а има многу повеќе и подобро напишано човекот... има и понови автори, но не ги споменуваме многу за да може да се изгради облак од мистерија околу нив :)

Или ти со твојата простачка размисла си убеден дела ќе навредиш некој? Да те просветлам: како и многумина други наназад низ годините, ти си само уште еден преку кој ќе може вака да пишуваме за новиот еон и иницијацијата што доаѓа преку Законот на Телема, за да не си зборуваме сами со себе :)

Демек „форум“ дискутираме иако претежно е простачки говор и несоодветни зборови со цел да се омаловажува некој... како што читам наназад на темава.

Автоматски споено мислење:

Имаш контакт со тие двајца „скандинавци“? И колку си сигурен дека се IX? И што е проблемот IX, VIII, VII да одстапат од Редот? И дали тоа ги спречува да бидат Браќа и Сестри и од помош на пониските степени ако некој решил да ги праша нешто во однос на било што поврзано со мистериите на О.Т.О.?
Да те потсетам за иницијацијата во О.Т.О.? ИЛи сам ќе се потсетиш? Ајде сам...

Кога зборуваш за О.Т.О. и луѓето и степени... барем проверувај што зборуваш или најмудро - молчи. Имаше таква моќ доделена на Сфингата... се заборава нели, за да се биде фраер по форуми? :)
Не дозволувај да шириш информации кои не ти се проверени или некој ти ги кажал и ти ги споделуваш како факт!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Е ај XI°ки бе(ова е шала).
Па и да биле VIII-ци пак е страшно.
Какво објаснување за самиот себе би си дал ти за нивното отстапување од „најсветиот ред"?
Пак се расфрлаш со броеви и степени и сешто...
Ако ти е страшно, плаши се, јас имам одредено разбирање за нечии одлуки во врска со Редот.

Јас и за себе си си имам дадено објаснување, а и имам зборувано со луѓе кои се повлекле од Редот и службата што ја држеле, зошто, како, што понатаму...
Сакаш овде да расправаме за тоа? Тешко...

Пак ќе те постетам: оди потсети се за иницијацијата во Редот и што значи сето тоа, го има на наштата страница, не е нешто „тајно“. За да имаш ти некое објаснување за себе си во врска со овие ставри...
Се забораваат некои работи, за тоа сум свесен. Та и јас заборавам и морам да се потсетувам :)

„Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!“

— Извадок од „Мали Есеи кон Вистината“, А. Кроули

Зарем ова не ве потсетува на Liber Resh? Кој стои на крмата, а кој на клунот на бродот наречен „Милион години“? :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Да кркнеме по една лажичка лауданум,(барем кај нас расте добар афион),а етанолот го даваат без проблем,во аптеките...а?
И да ја надминеме смртта исто како Бодлер.
Можеби и ќе најдеме некој заеднички јазик :)

Сега за сега уживајте на темава,можете да се осеќате исто ко дома :)
Во однос на дрогите, Кроули за кој неукиот злобник вели дека бил наркоман, а релано Кроули има огромни дневници во кои го забележува влијанието на дрогите во однос на постигнувањата, за на крај да го сублимира сето искуство во ова:

„Ако вовлечеш неколку дима од опиум ќе се издигнеш до безоблачниот и бестрасниот благослов на филозофите.
Ако проголташ малку хашиш ќе ги согледаш сите фантастични работи од бајките, дури и илјада пати повеќе; или ако земеш шишенце со етер – вдишувајќи го како да е вистинска душа на твојата љубена – и ти ќе ја согледаш сржта на Убавината во секоја едноставна и позната работа.

Секоја од овие дроги дава апсолутна заборавност на сета несреќа; не! можеш ли да ја замислиш најужасната катастрофа како ти претстои или како веќе ти се случува; и не се грижиш повеќе за тоа отколку што се грижи самата Природа.

Единствена маана на употребата на дрогите е што феноменот на толеранција наскоро се воспоставува и ефектот се намалува
; додека за слабичите секогаш постои опасност од формирање на навика, при што лажливиот слуга станува господар и го зема данокот за благодетта од краткотрајното небо, кој всушност е пропаст од постојаниот пекол.

Овие забелешки само беа вклучени за да го потенцираат фактот дека среќата е внатрешна состојба, зашто секоја од овие дроги дава среќа возвишена и чиста, потполно независна од надворешните околности на индивидуата.

Но зошто би говореле за дрогите?

Тие се само лажливи претставки
или поточно тоа се наредби од дискредитирана влада, додека ние го бараме најчистото злато. Ова злато може да биде наше доколку трагаме по него.“
- Достигнување на Среќата, Препород на Магиката, А. Кроули

Така да, кој му е до дроги - нека повели... јас сум на ставот на Кроули: за да бидете среќни, не ви треба калауз за да насилно отворите некоја внатрешна порта!
Има начини и начини...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Добар ресурс за Кабала :) :
Кога веќе споменуваат букви и патеки, во овој текст ги имам споредувано „двојните букви“ во хебрејскиот јазик поврзани со седумте планети, градејќи ја the cube of space ... :)

With 32 mystical paths of Wisdom engraved Yah,
.... And He created His universe with three books (ספרים),
with text (ספר) with number (ספר) and with communication (ספור).
...
With it He engraved and carved
22 Foundation Letters
Three Mothers
Seven Doubles
and Twelve Elementals“ — Sepher Yetzirah, I:10
 
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Езотерични мои, Дрексла ви се навраќа за момент да праша нешто или до телемитите или до било кој ја има прочитано македонската верзија на Книга на Тот заедно со англиската. Бидејќи македонската ја немам но ја меркам и планирам да ја купам деновиве, имено прашањето ми е дали МК верзија е збор до збор иста како англиската или преводот е по структуиран со по концизно објаснување за да целосно се се опфати превод од англиската и покаже разбирлив на мк, оти англиската е како да кажам..есејска и расеана и понекогаш мислите ми одат на трета работа додека читам прва и пак од почеток читање. Едностсвно дали ја има оваа нијанса разлика на структура во двата текстови или се идентични. Инаку како сте сите тука оди ли не оди ли :love:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Преводот на религијската литература обично е под строга контрола од страна на заедниците.
 
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Преводот на религијската литература обично е под строга контрола од страна на заедниците.
Мислам не е дел од листа на книги чија содржина е стриктно регулирана, можеби грешам. Конкретната повеќе ми делува филозофски ради интерпретација одшто религиска. Ипак да прашам случајно мк верзија да не е нешто по убаво форматирана од англиската.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom