Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.335
Поени од реакции
43.120
Според моите истражувања новата година треба да биде првиот ден од 'Новата (Млада) Месечина' после Пролетниот Еквионкс. Овој ден е прославуван во Стар Египет/Кемет за ден на воскреснувањето на Осирис. Стариот свет користел Лунаерн календар и новата месечина е многу важна за Египет, односно последните 14 дена после полна Месечина, Месечината оди во тотална темница односно 'снемува'(не рефлектира светлина) после новата Месечина повторно да се препороди, да воскресне (се полни со светлина), Осирис бил исечен на 14 парчиња. ;)

Доколку има и затемнување на Сонцето токму како овој ден, тогаш тоа се смета за вистинско раѓање на Хорус, бидејќи денот снемува светлина, оди во тотална темница за повторно да ја пронајде светлината. Сетете се на кундалинито, душата треба да заплови во тотална темница и само таму ќе ја најде вистинската светлина.

Ова впрочем е и вистинскиот датум за Велигден, Исус воскреснува исто како Осирис после 3 дена. На 19 Март 0033 година има тотално затемнување на Сонцето. Тој ден е велики четврток, Исус умира на велики Петок но пред да излезе месечината што значи Исус умира на денот кога има Тотално затемнување на Сонцето на денот на Пролетниот Еквинокс. Воскреснува три дена подоцна во Недела.

Пролета е денот кога земјата расцветува, затоа се смета за нова година, земјата се буди од темнината, исто така тоа е време кога и зрното спиритуална енергија може како Кундалини да се крене кон светлината.
Брат, ти ептен си навлегол у овие работи.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
We are delighted to announce yet another title in the Oxford Studies in Western Esotericism Book Series: Deja Whitehouse’s “The Lady and the Beast: The Extraordinary Partnership between Frieda Harris & Aleister Crowley.” This is the first monograph devoted to the artist Frieda Harris (1877-1962), who painted the Thoth Tarot under the guidance of Aleister Crowley (1875-1947). Today, the Thoth Tarot is one of the most famous tarot decks in the world. More information about the book will be posted shortly.


1713805877396.png
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
The LadyBoy and the Beast...
Frieda, Lady Harris, wife of Sir Percy Harris, Liberal M.P. and party Chief Whip, created the magnificent Tarot paintings that underpin Aleister Crowley’s The Book of Thoth. Harris conformed to the conventional appearance of a respectable middle-class lady until she was in her sixties.

However, her unwavering commitment to Aleister Crowley and the Tarot project eventually threatened not only her social standing, but also her marriage.
Despite her dedication to the Thoth Tarot, she never fully engaged with Thelema, which she anthropomorphised as the bossy and interfering ‘Miss Thelema’. Nevertheless, she progressed through the grades of Crowley’s magical orders and remained loyal to Crowley and the Great Work to the end of her days, endeavouring to secure a publishing deal for a general release of The Book of Thoth and the Thoth Tarot deck. Using extracts from Harris and Crowley’s correspondence and Crowley’s diaries, this paper will explore Harris’s personal involvement with Thelema, both in her collaborative activities with Crowley, and her endeavours to preserve his legacy after his death.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.463
Поени од реакции
7.787
Кога ќе разберете дека Сатаната не е спиритуален концепт, сатаната е кралот на егото и алчноста, сатаната владее со физичкиот свет, сатаната сака да те убеди дека господ не постои и дека материјалниот свет е вистинската реалност. Исус кога бил во пустината и кога ѓаволот го искушувал му ги понудил сите кралства и цело богатство затоа што ова е доменот на сатаната и алчните социопати се неговите слуги демони.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Кога ќе разберете дека Сатаната не е спиритуален концепт, сатаната е кралот на егото и алчноста, сатаната владее со физичкиот свет, сатаната сака да те убеди дека господ не постои и дека материјалниот свет е вистинската реалност. Исус кога бил во пустината и кога ѓаволот го искушувал му ги понудил сите кралства и цело богатство затоа што ова е доменот на сатаната и алчните социопати се неговите слуги демони.
О и тоа како сатаната вирее во спиритуалниот домен. Како се вели, ѓаволот сака да ги убеди сите дека не постои. Точно дека материјалниот свет е негово царство, но мора да се има на ум дека рогатиот е присутен во сите светови.
Луцифер е амбасадор на злото, негова духовна и материјална инкарнација. Паднатиот. Злото е постаро и од самиот ѓавол, постои како опозиција на божјата креација уште од создавањето на светот.

Пред нас се последните времиња. Можеби баш ние сме таа генерација која ќе има среќа или несреќа да посведочи на последната битка меѓу доброто и злото. На нас останува да бидеме што подобри, поморални, и поистрајни како верници во Бога и Богочовекот. Како христијани мора да го применуваме тоа што Исус нашиот Спасител го направил а тоа е одбивањето да му служи на Мамон.

Христовата порака по својата природа е егзотерична. Повеќето од тие групации и секти кои инсистираат на езотерија и исклучивост се поредната алатка на нечестивиот во борбата против човечноста, против Неговата најкомплексна и најсакана творба.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.463
Поени од реакции
7.787
О и тоа како сатаната вирее во спиритуалниот домен. Како се вели, ѓаволот сака да ги убеди сите дека не постои. Точно дека материјалниот свет е негово царство, но мора да се има на ум дека рогатиот е присутен во сите светови.
Луцифер е амбасадор на злото, негова духовна и материјална инкарнација. Паднатиот. Злото е постаро и од самиот ѓавол, постои како опозиција на божјата креација уште од создавањето на светот.

Пред нас се последните времиња. Можеби баш ние сме таа генерација која ќе има среќа или несреќа да посведочи на последната битка меѓу доброто и злото. На нас останува да бидеме што подобри, поморални, и поистрајни како верници во Бога и Богочовекот. Како христијани мора да го применуваме тоа што Исус нашиот Спасител го направил а тоа е одбивањето да му служи на Мамон.

Христовата порака по својата природа е егзотерична. Повеќето од тие групации и секти кои инсистираат на езотерија и исклучивост се поредната алатка на нечестивиот во борбата против човечноста, против Неговата најкомплексна и најсакана творба.
Види мора да разбереш дека се што постои е креирано од мислата на еден, дали ќе го наречеш Бог, Господ, Брахман, Монад, Еин Соф, Алах, Вечниот, Свеста итн. ние постоиме во неговата мисла.

Земниот свет е само дел од неговата манифестација, ние го викаме материјалниот Универзум кој патем е само илузија создадена од мислата или електромагнетните бранови. Исто како ти кога спиеш и сонуваш, креираш цел физички универзум само со твоите електромагнетни импулси во мозокот. Додека сонуваш тоа за тебе е реалниот свет и многу ретко кога ќе станеш свесен во сонот, знаеш дека сонуваш, епа тоа е исто кога Монкот ќе се просветли и ќе сфати дека ова е илузија.

Господ во Кабалата се дели на 10 сфери од кој последната е материјалниот Универзум, во Кабалата тоа се вика Малкхут, во Хиндуизмот тоа е Муладхара Чакра во Стар Египет тоа е Кхет. Ние како луѓе сме направени по сликата на Господ. Што значи тоа? Тоа значи дека ние сме присутни во сите сфери од креацијата, односно нашата душа е поделена во тие 7 Чкари, 7 цркви, 7 пониски сфери од Кабалата, 8 парчиња на душата (Антички Египет). Тоа го сочинува дрвото на животот, кое се наоѓа во нас.

Дел од тие сфери се ментални и спиритуални и се на повисока фреквенција. На пример една од најтешките сфери во Кабалата се вика Гевура а во Стар Египет Шекхем, од таму доаѓаат емоциите кои се поврзани со строгост, доминација, его, моќ, остварување на материјални желби. Пошто сме луѓе со слободна воља доколку се водиме по тој пат без баланс ние се водиме по лошото односно Сатаната. Доколку ги прифатиме само манифестациите на Гевура ние ја губиме човечноста и газиме се пред себе.

Патот до круната на Господ е прав и многу тесен, што значи за да се спасиме од цикличното постоење мора да ги претвориме емоциите кои не влечат надоле како љубомора, его, материјалните желби итн во разбирање, човечност, љубов, делба, да ја избришеме омразата од нашите души за да ја обезбедиме вечноста.

Материјалниот свет е местото каде што го осознаваш знаењето за доброто и лошото да станеш мудар и со твоето знање да се спасиш од цикличниот свет. Ова во Хиндуизмот се вика Бавачакра или Маја илузија каде што собираш Карма. Во Библијата ова е моментот кога Адам и Ева пробуваат од забранетото овошје и се пратени да го научат доброто и лошото надвор од кралството на Господ. Односно ова е моментот кога Господ се дели од човекот и чека пак да се спои.

Пантеонот на Индо-Европејските Богови е поврзан со Сферите од Дрвото на Животот, односно секој Бог е дел од една гранка. Обичнио Материјалниот свет е поврзан со женската енергија и божества. Во Кабалата тој дел од Господ се вика Шекина, во Египет Хатор/Исис/Нефис, во Сумер тоа е Ерешкигал/Иштар, во Хеленистичка Грција тоа е Хекате, Деметер. Има многу лица оваа енергија. Впрочем таа е светиот дух во нас.

Така да и Сатаната е дел од Господ, само дали ти ќе го одиш тој пат, тоа е до тебе, пошто Господ е бесконечен и бесконечни се твоите патишта на душата, но патот до спасение е само еден, прав и тесен.

Ова вака е на кратко...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom