Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Па треба малку езотериско предзнаење.
Па добро, тоа малку езотериско предзнаење можеби и го имам. Но преводот на текстот ми беше лош и се откажав.

Не знам дали на темава веќе е пишано, но препораки за Карл Густав Јунг, Густав Мајринк, па и за писмата на императорот Јулијан. Штета што не е зачувано нешто покомплетно од Басилид. Робертс Гревс разгледува некои езотериски теми (Белата божица, Грчки митови, Хебрејски митови/ сепак неговото дело за Новиот Завет, засега, не ми е достапно на ниеден јазик) итн.
 
D

Drexel

Гостин
Ме интересира дали во македонија има некоја онлајн група за студирање и толкување на Тот (Thoth) таротот, Бидејќи сум член на неколку англиски групи и нарачав шпил за лично толкување, чисто онака да прашам дали има некој друг што го користи и ако случајно претходно користел Rider Wait-от која е најголемата разлика што сте ја сретнале помеѓу овие два системи. Тот-от сеуште не е стигнат едвај чекам да дојде по пошта па од нетрпение да развијам дискусија ако има тарот корисници во мк (Корисници од по висок “калибар” во смисла, не комшика што гледа за љубов брак и врски:ROFLMAO:)
 
Последно уредено од модератор:
H

Hyperion VI

Све ти е погрешно таму(сам ќе си видиш),држи си се до Рајдер Вејт,ова само за проучување¡Лажни авторитети за парарелигија се наоѓаат во секое време ;)
 
D

Drexel

Гостин
Све ти е погрешно таму(сам ќе си видиш),држи си се до Рајдер Вејт,ова само за проучување¡Лажни авторитети за парарелигија се наоѓаат во секое време ;)
Како мислиш се е погрешно? Карти кои се 1 од 3 најпознати системи во западниот свет создадени од човек кој придонел многу и не криел симболика како Вејт вредат да се проучат, Прашав дали има личности кои го користат не памет да ми солиш што да користам.
 
Последно уредено од модератор:
H

Hyperion VI

Гостин
Како мислиш се е погрешно? Карти кои се 1 од 3 најпознати системи во светот создадени од човек чие име е синомим за зборот окулт, претпоставувам не би делел лажни вести или криел симболика како Вејт, Прашав дали има личности кои го користат не памет да ми солиш што да користам.
Пиши си на Телема таму ќе те "обучат",ај со здравје не ти се мешам.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Ај друг пат не лупетај ако немаш суштина, Пријатно
Имам суштина за старт дека бројките се згрешени :) :)
Автоматски споено мислење:

Имам суштина за старт дека бројките се згрешени :) :)
Иде зима,а Краулиев тарот е добар за потпалување,ако се грееш на дрва.
Не си за 10€ ваљда¿
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.653
Поени од реакции
11.685

Немам сретнато јас лично група на македонски јазик која се состанува јавно онлајн за да зборуваат за Тот тарот или за било што поврзано со западна езотерија.

Што всушност се прави на такви онлајн групи? Видео предавања, споделувања трудови во врска со тарот и се што поврзува истиот од западната езотерија?

Во однос на разилката на Тот и другите форми на тарот карти, мислам дека голема разлика се имињата на самите карти, како и хебрејските бувки кои се дадени како атрибуција на големите 22 аркани или Ату како што ги викаат во Тот таротот.
Тот тарот картите се интерпретираат во духот на новото време со новите симболи и значења кои ги донесе Кроули со започнувањето на Телема.

Инаку, ја има од Алистер Кроули „Книгата на Тот - Египетски Тарот“ преведена на македонски и тоа се мислам во книжарницата „Или-Или“. Ако си во Скопје може да ја земеш книгата и да видиш во однос на атрибуции и уметност колку и во што е разликата помеѓу овие тарот карти.

Штом користиш други видови на карти, нема да е тешко да ги видиш основните разлики многу брзо. :)

Не ни очекував да има таква група тука но ете да прашам за секој случај, Обично има фејсбук групи за специфичен систем, некои се само социјални по карактер каде има размена на информации и искуство со картите, прашања и генерално дружење на луѓе со ист интерес околу картите. Други се по организирани каде основачот има и youtube канал поврзан со групата па и прави видеа за таа работа со различна содржина, но секако по ретки зошто нели треба слободно време и знаење да создаде содржина за споделување. Што се однесува до книгите веќе се спремни имено оригиналната Book of Thoth како и Understanding Aleister Crowley’s Thoth Tarot од Lon Milo DuQuette, човекот изминатиот период (сигурно ради карантинот) држи фејсбук live видеа и зборува околу картите и неговата книга што е одлична напишана заедно со оригиналната на Crowley за која треба повеќе време ради тумачење на текстот. Штета што нема нешто слично во мк али кој знае можеби ќе никне нешто некогаш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.653
Поени од реакции
11.685
Официјално нема таква група на фб во која што ќе се расправа за тарот нешто посебно.

Оние што ги знаат симболите, заради тајност - не смеат да ги изнесат јавно туку користат пак симболи, нешто како алхемичарите, зборувајќи за симболите со уште потајни симболи за да разберат само оние кои навистина ги имаат вистинските хиероглифи и клучеви за овие ствари.
Или пак наједноставно, не се зборува за тоа...

Да, Дукет прави еден вид на live audiobook сесии и ја знае темата одлично :)

Кога беше во Македонија имаше предавања за енохијанска магика во „Даре Џамбаз“ и беше фантастично.

Инаку да, Book of Thoth е последната „техничка“ книга на Кроули во која е збиено целото учење на Телема завиткано симболите кои ги содржи таротот. Тешко да се разбере ако не се знае самата мисла на авторот и неговите хиероглифи.
Книгата на Дукет е многу подобро структуирана со едноставни атрибуции покрај секоја карта како hint, а и Дукет има многу полесен, забавен начин да ги изнесе работите за да бидат разбирливи и на првото читање ... :)
 
Ај со тоа тајност и скришум пораки можеби ќе леташе пред деценија во живот без интернет. Денес секој кој е вешт со јазик, социјални медиуми, сопствено размислување со претходно детално истражување во главата на авторот и системот и има искрена интенција/намера да открие ќе ги погледне симболите и ќе ги преведе. Да точно потешко е со Тот-от зошто содржината им е обемна, генерална и космичка во смисла не се лимитирани во многу аспекти како Рајдер Вејт и може да доведе до губење или збунување особено кога ќе го вклучиш и дрвото на животот. Кој сака ќе си направи структура или силабус на учење и ќе тера пополека, Информација има само треба агилност во барање, Интуиција има само треба да медитира (Мада самиот начин на читање карти интуитивно и традиционално е дебата по себе) Тот-от е верстатилен шпил, зависно од кој колку длабоко сака да гледа ќе си го прилагоди знаењето.
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.653
Поени од реакции
11.685
Интернетот само уште подобро ги сокри симболите. Ги преплави сите симболи со енормно многу информации, со размисли од секакви автори(тети)... лесното пак пишување и објавување на нет, секој со свои мислења за било што уште толку помогна реално вистинските симболи да се чуваат во тајност.
Забрането е да се даваат вистинските симболи јавно на човештвото... од она што сум читал за оние кои ги знаат вистинските клучеви, имаат заклетви со кои се штити сето тоа.

Така да, не е до преведување и разбирање и истражување, по свое што сакал некој да каже. Симболите имаат практична примена која е тајна.
Во книгите авторите што пишуваат ако навистина се иницијанти или адепти, не може да ги кажат вистинските атрибуции на картите едноставно и јавно.... едноствано е.
И кога чита некој од нивните книги, секогаш ќе има сомнеж дали ова или она значи токму тоа што го напишал авторот - или пак нешто трето, задскриено.
Понекогаш некои автори и намерно во минатото за картите давале погрешни атрибуции, измешани... Може да ги разгледаш делата на Елифас Леви на пример.

Јас лично не верувам дека било кој автор туку така едноставно ги предал учењата и клучевите во некоја негова книга. И да сака, не може бидејќи симболите како што кажав доаѓаат од еден систем кој што мора да го знае оној што истражува и практикува за да преку искуство успее колку толку да проникне во сите тие хиероглифи и формули.

Интерпретациите што и како и градење сказни - останува на нас, како индивидуи... што не значи дека нема до одреден степен точно да се изгради едно толкување, но таротот не е само тоа...
Кроули вели „картите се како живи битија“ :)
 
Последно уредено:
D

Drexel

Гостин
Интернетот само уште подобро ги сокри симболите. Ги преплави сите симболи со енормно многу информации, со размисли од секакви автори(тети)... лесното пак пишување и објавување на нет, секој со свои мислења за било што уште толку помогна реално вистинските симболи да се чуваат во тајност.
Забрането е да се даваат вистинските симболи јавно за човештвото.

Така да, не е до преведување и разбирање и истражување, по свое што сакал некој да каже. Симболите имаат практична примена која е тајна.
Во книгите авторите што пишуваат ако навистина се иницијанти или адепти, не може да ги кажат вистинските атрибуции на картите едноставно и јавно.... едноствано е.
И кога чита некој од нивните книги, секогаш ќе има сомнеж дали ова или она значи токму тоа што го напишал авторот - или пак нешто трето, задскриено.
Понекогаш некои автори и намерно во минатото за картите давале погрешни атрибуции, измешани... Може да ги разгледаш делата на Елифас Леви на пример.

Јас лично не верувам дека било кој автор туку така едноставно ги предал учењата и клучевите во некоја негова книга. И да сака, не може бидејќи симболите како што кажав доаѓаат од еден систем кој што мора да го знае оној што истражува и практикува за да преку искуство успее колку толку да проникне во сите тие хиероглифи и формули.

Интерпретациите што и како и градење сказни - останува на нас, како индивидуи... што не значи дека нема до одреден степен точно да се изгради едно толкување, но таротот не е само тоа...
Кроули вели „картите се како живи битија“ :)
Се согласувам со фактот дека нетот прави конфузија и константното преминување граници на системи и толкувања води до деградација на информација, Но филтри и памет, филтри и памет, да знаеш што каде да тражиш и да категоризираш помага многу. Се е дадено на денешниот човек само треба да знае како да разликува и за што конкретно да размислува, извини но јас лично неможам да ги третирам таинственоста и скриеноста како сериозни пречки, да пропагирам сомнежи во глава на луѓе и уште толку да доведам некого во заблуда дека едни и единствени вистини се во некои си страци во некој ред што ќутат и висат на гранки и го гледаат целото човештво не е мој стил. Со почит кон тие што го посветиле животот во изучување на оваа наука и придонеле знаење, но нивните откритија не се апсолутни ни ексклузивни само раштркани што треба да се подредат. Која е поентата некој да пишува книга а да не ти каже ништо, Или те остава сам да израчунаш 2+2 што евентуално ќе ти ги даде одговирте, Или е злобна особа; оти за мене барем криење е поголемо зло од палење книги/библиотеки, И тука нема измеѓу. Можеби на почетокот на 20от век во друга ера на класа и хиерархија оваа со редови и степени изгледало по интересно кога египтологија зема замав за луѓе со преголем Trust-fund и премногу слободно време па едни со други си ги триеле тајните, Но тој начин на размислување и скришни збирштини умре. Точно е дека масите немаат допирна точка на интерес за овие теми и нема да се замараат многу, но за таа мала група која навистина има желба и капацитет да чачка и тражи одговори е друг свет на можности наспроти што би бил пред 50 години да речеме. Секако и потребата за таинственост ја разбирам за организирана институтција да опстои толку долго секако ќе користи вакви тактики, Институциите се како жив организам се бранат сами себе како можат и практикуваат работи за нивно опстојување, Да не должам но Thoth карти не се исклучиви клучеви на никого, Кога Golden Dawn му се налути на Вејт што под заклетва откривал премногу и Рајдер Вејт каритите биле премногу достапни за сите, Кроули партал ги направи со неговата верзија и самиот он егзибиционист не верувам би бил фан на сета ова реторика на ексклузивност на информација.
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.653
Поени од реакции
11.685
Не реков дека во книгите авторот не ти кажува ништо.
Реков дека атрибуциите од причини кои ги спомнав погоре, не може да бидат кажани директно и дека понекогаш и намерно се измешани од други карти, за да се види интелегенцијата и познавањето на самиот истражувач во овие работи. Погледни ги авторите што пишуваат на овие теми и се авторитети. Сите се иницијанти. Го разбираш тоа нели? Што значи?
И целта е сам да пресметуваш било која покоплекса формула ако ти се дадени методите.

Сето ова со Golden Dawn, лутење па како овој или оној дал било што на било кој се романтичарски сказни во браншата на фантастиката. Не би верувал премногу во тоа. Луѓе кои орктиваат тајни реално не орктиваат ништо бидејќи заклетвите не се залудност и само кажан збор, тие се чудна ствар...

Не бара никој да си фан, само ти кажувам како одат работите кога се работи за овие ствари...
Картите се достапни секому, исто и книгите... но методите, не.

Токму тие што посветиле живот во проучувања во никој случај јавно и директно не би отркиле било што на обичниот човек бидејќи знаат што се има зад целиот тој симболизам и што може да направи човек што малку разбира од системот од кај што произлегуваат овие ствари.

Ако мислиш дека треба да бараш информации и да ги подредуваш и така да успееш во проникнување во симболизмот на таротот - те охрабрувам уште поревносно да истражуваш и што поскоро дојде моментот да увидиш дека тој пат секако ќе те однесе до моментот каде што ќе бараш да поминеш или ќе застанеш. Бидејќи нема друг начин.
Убаво велиш мала група на луѓе кои сепак чачкаат во ова, со текот на време доаѓаат до моментот кога знаат дека нема понатаму и мора да бидат дел од нешто многу поголемо од нивното постоење на Земјата - таков им бил патот. :)

Тот картите откако ќе го разгледаш системот од каде доаѓаат и како се поврзани меѓусебе, се исклучиво симболи на новиот еон и новата форма на иницијација преку Законот на Телема. Но за тоа ќе мора да прочиташ уште нешто за да дојдеш до тоа видување во однос на старите толкувања на картите и нивното подредување и сооднос со астрологијата, алхемијата, источните учења и самата езотериска мисла која го придвижува целиот тој механизам.
 
Да авторитетите кои пишуваат на овие теми некои се иницијанти но и немора да бидат а и нивните пишувања не би биле помалку ако не се (Ако стварно знаат што пишуваат и им се основани на проверливи информации) Ова институционална рамка за што е легитимно а што не ми личи на човечки замки за монопол врз нешто што спротивно ти дава влијание да диригираш други директно или индерктно, Или ако ова не е случајот тогаш институционалната рамка е само исполнување на човечка потреба за собирање и дискутирање за тема од заеднички интерес и усовршување на теоријата и архивирање, но во секој случај има придобивка на моќ што е под контрола на индивидуи некои просветлени, некои фалични, некои што ги држат конците да не се одврзе целата структура и ај у пм зошто целата структура се распаѓа со премногу шернување па се се регулира со ситем на степени. Тој изговор дека атрибуциите не можат директно да бидат кажани за да се види интелегенцијата на читачите; Во други зборови сака да ја истакне разликата помеѓу степените и помеѓу членовите во вулгарна смисла на: Знај каде ти е местото сега за сега те ограничуваме до тука со знаење за да постои овој невидлив степен на разлика тебе, нас, и оние одозгора и да не паламудиш многу додека не мислиш дека си подготвен за да аплицираш за нешто повисоко или додека ние не одлучиме што да правиме со тебе случајно да не не посрамотиш. Вистината постои и надвор од оваа човечко изумие бар таа неможе да се смени и како некој дошол до метод така и друг ќе дојде разликата е меѓу долг и макотрпен пат на истражување и short-cuts во редови, Но првичниот пост не ми беше за редови за тајни и другите tall cindarella stories на ОТО Македонија. Туку за онлајн социјални групи на љубители на карти и нивното користење за сопствен развој, Но бидејќи нема никој и ништо од ова во државата немора натаму да коменитраме. Ништо лично спрема тебе но претпоставувам не користиш тарот (или грешам) и тука се разделуваме. Овие таинствени "партиски работи" издигнати на метафизичко ниво не ме интересираат колку што ме интересира сам да седнам и да прочитам а и прозборам можеби со некој кој не е под некаква мистична заклетва што чува некои тајни клучеви преголеми за човештвото, Останувам на ставот дека работите секогаш се поедноставни од што другите ги прават да изгледаат комплицирани, особено кога се ќе се стави во контекст одговорот ќе биде видлив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom