Интернетот само уште подобро ги сокри симболите. Ги преплави сите симболи со енормно многу информации, со размисли од секакви автори(тети)... лесното пак пишување и објавување на нет, секој со свои мислења за било што уште толку помогна реално вистинските симболи да се чуваат во тајност.
Забрането е да се даваат вистинските симболи јавно за човештвото.
Така да, не е до преведување и разбирање и истражување, по свое што сакал некој да каже. Симболите имаат практична примена која е тајна.
Во книгите авторите што пишуваат ако навистина се иницијанти или адепти, не може да ги кажат вистинските атрибуции на картите едноставно и јавно.... едноствано е.
И кога чита некој од нивните книги, секогаш ќе има сомнеж дали ова или она значи токму тоа што го напишал авторот - или пак нешто трето, задскриено.
Понекогаш некои автори и намерно во минатото за картите давале погрешни атрибуции, измешани... Може да ги разгледаш делата на Елифас Леви на пример.
Јас лично не верувам дека било кој автор туку така едноставно ги предал учењата и клучевите во некоја негова книга. И да сака, не може бидејќи симболите како што кажав доаѓаат од еден систем кој што мора да го знае оној што истражува и практикува за да преку искуство успее колку толку да проникне во сите тие хиероглифи и формули.
Интерпретациите што и како и градење сказни - останува на нас, како индивидуи... што не значи дека нема до одреден степен точно да се изгради едно толкување, но таротот не е само тоа...
Кроули вели „картите се како живи битија“
Се согласувам со фактот дека нетот прави конфузија и константното преминување граници на системи и толкувања води до деградација на информација, Но филтри и памет, филтри и памет, да знаеш што каде да тражиш и да категоризираш помага многу. Се е дадено на денешниот човек само треба да знае како да разликува и за што конкретно да размислува, извини но јас лично неможам да ги третирам таинственоста и скриеноста како сериозни пречки, да пропагирам сомнежи во глава на луѓе и уште толку да доведам некого во заблуда дека едни и единствени вистини се во некои си страци во некој ред што ќутат и висат на гранки и го гледаат целото човештво не е мој стил. Со почит кон тие што го посветиле животот во изучување на оваа наука и придонеле знаење, но нивните откритија не се апсолутни ни ексклузивни само раштркани што треба да се подредат. Која е поентата некој да пишува книга а да не ти каже ништо, Или те остава сам да израчунаш 2+2 што евентуално ќе ти ги даде одговирте, Или е злобна особа; оти за мене барем криење е поголемо зло од палење книги/библиотеки, И тука нема измеѓу. Можеби на почетокот на 20от век во друга ера на класа и хиерархија оваа со редови и степени изгледало по интересно кога египтологија зема замав за луѓе со преголем Trust-fund и премногу слободно време па едни со други си ги триеле тајните, Но тој начин на размислување и скришни збирштини умре. Точно е дека масите немаат допирна точка на интерес за овие теми и нема да се замараат многу, но за таа мала група која навистина има желба и капацитет да чачка и тражи одговори е друг свет на можности наспроти што би бил пред 50 години да речеме. Секако и потребата за таинственост ја разбирам за организирана институтција да опстои толку долго секако ќе користи вакви тактики, Институциите се како жив организам се бранат сами себе како можат и практикуваат работи за нивно опстојување, Да не должам но Thoth карти не се исклучиви клучеви на никого, Кога Golden Dawn му се налути на Вејт што под заклетва откривал премногу и Рајдер Вејт каритите биле премногу достапни за сите, Кроули партал ги направи со неговата верзија и самиот он егзибиционист не верувам би бил фан на сета ова реторика на ексклузивност на информација.