Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото, што е таа ако не Себството на Секој Човек? Таа е она кое го одредува секоe негово движење, она кое лежи најблиску до неговото срце и душа, и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник, принцип на одделување и на мерење.
Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!
Вистината е нашиот Пат и Вистината е нашата Цел, Да! Ќе дојде за сите момент на голема Светлина кога ќе се покаже дека Патот е самата Цел, и во тој час секој од нас ќе извика:
“ЈАС СУМ ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ!”
Link