Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Da cita covek i dase cudi dali ste normalni koja ti e taa stara dama toj dzok i slicni mislis nesto se razbira od pisuvanoto tvoe? Celsi zbrkan nejasen a sakas date razberat. Citiras nesto sto nekoj nema nikakov uvod vo seto toa.
Темата е за оние што се упатени во оваа област, тие си знаат. Ти очекуваш на форум некој да те едуцира почнувајќи од основите?! Тука може единствено да најдеш информации што ќе ти служат за да истражуваш, да дознаеш за автори, книги од тие автори, правци.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Не знам што те збуни во текстот што го цитираше...
„Старата дама“ се однесува на секоја старица денес која не се заморува со нејзината вера премногу, доволно и е да е утешена додека да умре.
Џок, смени го со Исус... ако ти има повеќе логика...
Јас не барам да ме разберат, барам да читаат книги од Кроули, Џон Ди, Форчн, Елифас Леви, Вилијам Блејк, Fr. Achad, Алан Бенет и многу други.. :)

П.С. Понејасно ми беше твоето пишување со исповрзани зборови и латиницата.

П.П.С. За увид во она од каде што јас цитирам, ќе најдеш тука, на македонски јазик.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324

„... прва задача на Аспирантот е да ги разоружа сите свои мисли и да се направи себеси непробоен за нивното влијание; ова може да се постигне преку опишаните методи во Либер Алеф, Либер Југорум, Тиен Тао и на други места.“

--- Вие сте против народот, краток извадок од коментар на Liber AL,II:25, преземен од „Законот е за Сите“, А. Кроули

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
„Црн двоглав орел е Бог; дури и Црн
Триаголник е Тој. Во неговите канџи носи меч;
да, остар меч тој држи во нив.
Овој Орел е изгорен во Големиот Оган; но ниту
еден пердув не е спален. Овој Орел е проголтан
во Големото Море; но ниту еден пердув не е намокрен. Така
лета Тој во воздухот, и фрла светлина на земјата на Негово задоволство.
Така зборуваше IACOBUS BURGUNDUS MOLENSIS
Големиот Мајстор на Храмот;
и за БОГОТ со Магарешка Глава не се осмели ни да проговори!“
--- Бафомет, Liber CCCIII (тука има и коментар на песната)

  • Големото Море е Бина, ќе треба да ја разгледате Liber 777 ( овде и овде има по нешто)
  • Големиот Оган е Хокма, исто ќе мора да се запознаете со кабала и херметизам.
  • Овој Орел лета над Разумот и човечкото расудување на нештата, затоа и се вели дека е Бог, бидејќи е над Руах.
I.B.M. = Jachin, Boaz и Middle Pillar кои што се поврзани со Дрвото на Животот, или Сила, Мудрост и Убавина во масонеријата.
 
Последно уредено:
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
856

„... прва задача на Аспирантот е да ги разоружа сите свои мисли и да се направи себеси непробоен за нивното влијание; ова може да се постигне преку опишаните методи во Либер Алеф, Либер Југорум, Тиен Тао и на други места.“

--- Вие сте против народот, краток извадок од коментар на Liber AL,II:25, преземен од „Законот е за Сите“, А. Кроули
Ај едно прашање вака да поставам без да ве навредам и ниту ми е намерата да провоцирам...Дали Вие успеавте да стигнете до тој стадиум за да ги разоружате своите мисли и да станете непробиен за нивното влијание!?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Што е битно што постигнал некој друг?
Дали тоа дава поголема вредност на Liber Jugorum или пак праксите препишани во Liber E и Liber O, ако некој друг постигнал нешто? Како ќе знаеш дека е постигнат било каков успех?
И што ако ти не можеш ниту да започнеш со истата пракса не пак да очекуваш успех... што правиме? Ќе велиме дека праксите немаат врска? :)

Подобри се прашања во стилот, како да издржам, како да вежбам итн итн (откако сте започнале ревносно да истражувате), а не да се заморувате со туѓиот напредок кој што за вас не значи ништо. Тотално ништо, ако немате нешто со системот од каде што доаѓа праксата.

Кроули создал систем кој што е флексибилен. Се што треба е да избереш според себе што да практикуваш и да го правиш само тоа :)
И ќе видиш како оди.
 
Незнам зошто ама во твоите одговори чувствувам ароганција:(
Убаво те прашав и незнам зошто мора на секој прашање да се одговори со име на книга..па таа литература е лавиринт за мене, секое читање на само два реда побарува објаснување..шанси нема некој колку и да сака да научи нешто или да разбере а да не продискутира со некој познавач..Можеби затоа некои луѓе така се однесуваат кон телемитите, оставате без да се обидете попросто да ни кажете..Во ред, како и да е благодарам што немаше доволно воља да кажеш поискрен одговор.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
856
Секогаш кога ќе дојде нов член на форумов и прочита за телемата, како и јас, прво ќе се чуди што е тоа а потоа ке сака да контактира со некои членови, ќе сака да и се приближи на функцијата, работата,начините и принципите на работа, па и некое индивидуално доживување..се разбира ако не сте премногу срамежливи...Знам дека ви е досадно етно те исто да верглате со години, ама дајте ни малку повеќе телемитско искуство од вас а не од книги и слики.
 
Како мислиш да ти дадеме искуство....? Мислиш во смисла да ти кажам што практикувам јас лично? Какви резултати имам?
Ако мислиш на тоа, тогаш воопшто не си ја разбрала поентата не само на Телемата, туку воопшто на сите езотериски системи. Искуство не се пренесува, тоа не е податок, не е информација. Види ја сликата што си ја цитирала и размисли за пораката која е таму.

Еве да речеме дека јас детално ќе ти опишам како изведувам јога и колку често ја изведувам. Како тоа мое објаснување ќе ти разјасни било што? Како да ти го пренесам субјективниот аспект на тоа?
Незнам зошто упорно му замерате на Хептаграм за тоа што ве упатува на книги или на пракса. Тој што сака да знае, мора да вклучи искуство, а искуството се постигнува со методи што ги има во книги. Каде гледате ароганција во тоа?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Незнам зошто ама во твоите одговори чувствувам ароганција:(.
Не знам ниту јас, можеби очекуваше на форумов да зборувам за себе а јас запнав да ти укажувам за праксите и како оди тоа индивидуално, во зависност од познавање на системот...

Знаеме дека Телемата не е туку така лесен систем, и дека има многу за студирање - затоа и даваме наслови од книги за да знаете што каде да најдете.

Не ни е досадно, сега е полесно, за многу работи е зборувано, со линк до истото и ете, и ти ќе можеш да почнеш со пракса.

Кроули секогаш велел дека теоријата за системот и практичното одат рака за рака. :)
Со членови од Редот се контактира ако сакаш да пристапиш во Редот.

П. С. Знам дека немаш никакво познавање за системот разработен од Кроули, освен од форумов, така да, најдобро е да се зафатиш со Магика без Солзи.
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Го прочитав линкот каде што има мал извадок од Liber 777 и се сетив да прашам нешто што го открив неодамна. Вибрирањето на боженственото име ,,Јехова Елохим" во Ритуалот на Средниот Столб се поврзува со грлото, местото каде што е сместена Вишуда чакрата која ако би ја поврзале со сефиротите од дрвото на животот таа би била на местото на Да'ат.

upload_2016-5-31_15-40-11.png

upload_2016-5-31_15-41-52.png

Но, на едно друго место учејќи за сефиротите наидов дека истото боженствено име не се препишува на Да'aт туку на Бина:

The name of God associated with Binah is Jehovah Elohim.

Бина не припаѓа на Средниот Столб од Дрвото на Животот, туку на десниот. Зошто е вметнато во Ритуалот на Средниот Столб и поврзано со Даат?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Го прочитав линкот каде што има мал извадок од Liber 777 и се сетив да прашам нешто што го открив неодамна. Вибрирањето на боженственото име ,,Јехова Елохим" во Ритуалот на Средниот Столб се поврзува со грлото, местото каде што е сместена Вишуда чакрата која ако би ја поврзале со сефиротите од дрвото на животот таа би била на местото на Да'ат.

Прегледај го приврзокот 148433

Прегледај го приврзокот 148434

Но, на едно друго место учејќи за сефиротите наидов дека истото боженствено име не се препишува на Да'aт туку на Бина:

The name of God associated with Binah is Jehovah Elohim.

Бина не припаѓа на Средниот Столб од Дрвото на Животот, туку на десниот. Зошто е вметнато во Ритуалот на Средниот Столб и поврзано со Даат?
Бина, Хокма и Кетер се трите сефироти што се над бездната, затоа сите три се асоцираат со Божественото, сочинуваат една целина. Бина е "Мајката", Хокма е "Таткото" а Кетер е нивниот спој.
Даат од друга страна не е над бездната и поради тоа не се асоцира со Божественото име.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Колона V, Божествени имиња вo Liber 777.
Даат не постои на Дрвото на Животот.

Но како што кажа @Ipsissimus , гледано одоздола трите сефироти над Бездната ги гледаме како една, СО МЕСТО на Даат.
И тука доаѓаат големите забуни за Знаењето, кое што забораваме дека е Разбирање(Бина) од кое доаѓа мудрост(Хокма), а не просто знаење на нештата.

Можеби ќе кажеш: да, но прво Божествено име во Ритуалот на Средниот столб е на Кетер, самостојно, а потоа се зема Божественото име на Бина. Зошто на Б ина, а не на Хокма? Бидејќи од Кетер, влијанието се пренесува преку Хокма на Бина. А и Божественото име на Бина, го содржи она од Хокма.

Исто, ако забележиш, ќе видиш дека Трите Превези од кои потекнува се, хебрејското AIN - Ништо, немаат никакви атрибуции познати за човекот на Земјата. Тоа е дури и над Ипсисимус во системот на A.'.A.'.
Кетер е првото позитивно нешто произлезено од негативното постоење, како што би рекле хебрејските кабалисти. Позитивна нула. Затоа прво Божествено име е земено за Кетер, бидејќи немаш друго.

P.S. Middle Pillar Ritual е изум на Израел Регардие. И доаѓа од Златна Зора.
Сигурно по интернет има Телемити кои ги измениле овие божествени имиња...
 
Последно уредено:

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
376
Поени од реакции
159
Незнам зошто ама во твоите одговори чувствувам ароганција:(
Убаво те прашав и незнам зошто мора на секој прашање да се одговори со име на книга..па таа литература е лавиринт за мене, секое читање на само два реда побарува објаснување..шанси нема некој колку и да сака да научи нешто или да разбере а да не продискутира со некој познавач..Можеби затоа некои луѓе така се однесуваат кон телемитите, оставате без да се обидете попросто да ни кажете..Во ред, како и да е благодарам што немаше доволно воља да кажеш поискрен одговор.
Според моето искуство гностиците се по експлицитни на вакви езотерични теми. Јас би препорачал понова гностичка книга за почетници, (не од гностичките евангелија).[DOUBLEPOST=1464717575][/DOUBLEPOST]
Според моите сознанија кабалата е многу застапен систем во езотеријата и уметноста. Многу би сакал да научам, но немам многу слободно време, а гледам и дека тешко се доаѓа до соодветен пишуван материјал кој ќе послужи за учење. Знам дека кабалата е традиција која се пренесува од уста на уво и не се учи од книги, иако има повеќе книги за кабала. Додатно ме демотивира и тоа што незнам еврејски. Ако е се ова вистина која е поентата да читаш Liber 777 со толку кабала во себе?[DOUBLEPOST=1464717807][/DOUBLEPOST]Некаде прочитав дека О.Т.О. е огранок на масонеријата. Гледам колку податоци има низ интернет за симболите, значењата, тајните на масоните... Ако едно тајно друштво е толку разголено, мој заклучок е дека слабее ги губи ингеренциите и пропаѓа. Веројатно во новиот светски поредок нема да има потреба од слободни масони. Аа?
:)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom