Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Ars Notoria крие тајна за беспрекорна меморија, дел од The Lesser Key of Solomon (книга со магии). Зошто криење, па нели треба сите да имаме беспрекорна меморија, посебно во време на вештачка интелигенција.
Зошто скриени знаења, скриена историја, скриена технологија - ако сме сите исти пред бога?

Ars Notoria не нужен дел од Lemegeton иако е вклучена како дел. Ars Notoria е само монастичка техника од 1225 год, за учење и помнење текстови преку молитва и гледајќи сликовни прикази (notae) од тоа што сакаш да го запомниш. Генерално прво бараш одобрување од ангел преку одредени прописи во Ars Notoria дали треба или не треба нешто да научиш, ако добиеш зелено светло имаш три месеци само да читаш текстови од тоа што сакаш да научиш, а во четвриот месец ќе обрнеш внимание и студија исклучиво на сликовниот приказ (notae) во Ars Notoria кои се убаво илустрирани комплексни фигури со пишани молитви. И преку овие молитви, ритуали и медитации во Ars Notoria, би требало да ја стекнеш способноста лесно да совладаш огромен текст, материјал, да помниш тоа што учиш и лесно да се присетуваш на него. Ars Notoriа нема иста природа како останатиот дел на лемегетон, немајќи ја технологијата на другите книги (сигили, консекрација, инструменти етц) се смета дека само била додадена во Lemegeton од некој неупатен онака зошто користела молитви кон ангели. Немам копија од ноториа детално да прочитам за техники ова само површински го зборувам.
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
373
Поени од реакции
158
Благодарам за овие корисни информации. Многу си се потрудил.
Се сетив на една техника за подобрување на сите ментални способности уште од раѓање, а тоа е носење на ортопедска капа за бебиња која врши притисок од страните на главата и ги приближува двете хемисфери на мозокот. Со тоа двете хемисфери подобро комуницираат и тоа се одразува на сите ментални способности.
Јас мислам дека држи вода ова, а вие?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Вовед во книгата „Magic, Black & White - The Science of Finite and Infinite Life“, Франц Хартман, 1904-та.
Издадена од страна на Теозофското друштво кое што сеуште се држи за старите учења собрани од христијанството или христијанските „гностици“

1680022469600.png

1680022499709.png
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Имам добро мислење за @Хептаграм XI. И долго време сум тука. НО! Ај тоа што ништо не кажуваше за своето учење ај така било учењето. И викам да прочитам за толку години тука може да кажам дека речиси ништо не знам. И викам да читам но ништо не се разбира и тотален хаос е после 2 страни се изгубив. Ок не е за мене. Дури сега ми е јасно зошто ништо не кажувал неможе ништо ни да се каже рандом зборови... Ај толку не ве замарам правете си муабет. Немора да одговарате на овој пост само да пишам мислење лично.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Форум е ова, не може и да сака човек да се каже нешто посебно или посериозно - веднаш влетуваат рандом ликови и сешто нафрлаат на темата и се губи и дискусија и се останато :)
Но лесно може од дискусиите и рандом нафрлани текстови да најдете каде и што може да прочитате тро појче за нештата и дури тогаш да одлучите „за мене или не е за мене“...

А и не го разбирам овој концепт на бирање дали нештото е за некој или не е....
 
Ок пишувајте си. Нешто сакав повеќе да знам само хаос се текстовите и многу се недостапни. Дури и вики која е општа и бејсик ми остави впечаток на сложени конструкции. Викам онака од општа култура да се знае зошто нема баш многу на интернет. Барем мене не ми се појавуваат. Нема везе...поздрав.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Интеврју со автоирот на новиот превод на „Трите книги на окултна философија“ на Агрипа... интересен муабет и за многуте едноставни грешки (кои можеби и биле оставани намерно низ вековите) во преводот кои сега се поправени. :)

Ова дело содржи многу инфо за различните системи преку кои се гради еден систем на езотерија и содржи доволно инфо за почеток на една магиска пракса :)

Негова верзија е многу скапа, затоа ја имам нарачано на Тајсон верзија, 2 месеци поминаа и сеуште ја нема :(
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Негова верзија е многу скапа, затоа ја имам нарачано на Тајсон верзија, 2 месеци поминаа и сеуште ја нема :(
Да, скапа е во однос на другите.

Зависи од каде ти е нарачана, ако доцни мора уште првата недела од доцнењето да се контактира продавачот за да види што е како е, бидејќи сигурно немаш tracking number...
 
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Да, скапа е во однос на другите.

Зависи од каде ти е нарачана, ако доцни мора уште првата недела од доцнењето да се контактира продавачот за да види што е како е, бидејќи сигурно немаш tracking number...
Од Awesomebooks ја нарачав оти најдов нова копија за 30 фунти. Ова ми е втора книга од нив, една стигна за месец, втора нарачана уште крај на јануари па сеуште ништо. Од Awesomebooks нарачувам само од зор и оставам на виши сили.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
PGM (PAPYRI GRAECAE MAGICAE) или Грчки Магиски Папируси е преведена на македонски јазик. Во две книги... :)

Kajgana Shop

На врв Bottom