- Член од
- 15 февруари 2021
- Мислења
- 79
- Поени од реакции
- 399
Ars Notoria крие тајна за беспрекорна меморија, дел од The Lesser Key of Solomon (книга со магии). Зошто криење, па нели треба сите да имаме беспрекорна меморија, посебно во време на вештачка интелигенција.
Зошто скриени знаења, скриена историја, скриена технологија - ако сме сите исти пред бога?
Ars Notoria не нужен дел од Lemegeton иако е вклучена како дел. Ars Notoria е само монастичка техника од 1225 год, за учење и помнење текстови преку молитва и гледајќи сликовни прикази (notae) од тоа што сакаш да го запомниш. Генерално прво бараш одобрување од ангел преку одредени прописи во Ars Notoria дали треба или не треба нешто да научиш, ако добиеш зелено светло имаш три месеци само да читаш текстови од тоа што сакаш да научиш, а во четвриот месец ќе обрнеш внимание и студија исклучиво на сликовниот приказ (notae) во Ars Notoria кои се убаво илустрирани комплексни фигури со пишани молитви. И преку овие молитви, ритуали и медитации во Ars Notoria, би требало да ја стекнеш способноста лесно да совладаш огромен текст, материјал, да помниш тоа што учиш и лесно да се присетуваш на него. Ars Notoriа нема иста природа како останатиот дел на лемегетон, немајќи ја технологијата на другите книги (сигили, консекрација, инструменти етц) се смета дека само била додадена во Lemegeton од некој неупатен онака зошто користела молитви кон ангели. Немам копија од ноториа детално да прочитам за техники ова само површински го зборувам.