Едно евро ќе биде 75 денари?!

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
се изначитав на темава.... на кратко кажано економијава општо е нож со 2 острици... ако имаш извоз голем ке имаш невработеност ако ова ке имаш она.... или на нашки преведено 2 добри работи одеднаш нема никаде...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Обратно е
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
се изначитав на темава.... на кратко кажано економијава општо е нож со 2 острици... ако имаш извоз голем ке имаш невработеност ако ова ке имаш она.... или на нашки преведено 2 добри работи одеднаш нема никаде...
Има бато многу добра...не само 2 туку милион ;) .....само што живееме во свет на берзи,банки и нафтени компании....ете заради тоа економијата ни е сведена на едно или 2 добра:свиркам:
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.288
Поени од реакции
21.726
Значи како прво неможе едно евро да биде 75денари.....бидејќи треба ова да го знаете :

Грубата математика покажува дека домашните банки, кои се во доминантна сопственост на странци, заработија и ден-денес заработуваат милиони евра од каматите од записите без при тоа да преземат никаков ризик. Воедно, наместо парите од банкарскиот сектор да се пласираат како кредити што би биле лакмус за домашно производство и потрошувачка, тие завршуваат во записи. Дополнително, македонските компании и граѓани мораа и сé уште да трпат лихварски камати на кредитите, бидејќи банките се сосем задоволни од нивните финансиски резултати, кои во некои случаи се послаби отколку заработката на некои поголеми маркети за прехрана.
Тоа е, нема некоја голема конкуренција помеѓу банките па и државата нема „своја“ јавна банка преку која може да стиска. Значи каматите во ЕУ се на рекордно ниско ниво, може да се добие кредит за стан/куќа од 2-3% а во Македонија испод 7 нема шанса. Епа и тоа е пречка за развојот на економијата, нема ефтини кредити.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тоа е, нема некоја голема конкуренција помеѓу банките па и државата нема „своја“ јавна банка преку која може да стиска. Значи каматите во ЕУ се на рекордно ниско ниво, може да се добие кредит за стан/куќа од 2-3% а во Македонија испод 7 нема шанса. Епа и тоа е пречка за развојот на економијата, нема ефтини кредити.
Меѓу другото и тоа влијае, но тука е реалната ситуација на претприемништво кај нас каде што се фаворизираат одредени фирми во зависност која политичка гарнитура е на власт, транспарентноста е само на хартија, казни фрчат од ракав и верувај дека и да им дадат поволни кредити многумина не би се одлучиле да вложат во сопствен бизнис.
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156

Банките во голема мера ги вложуваат своите пари во државни записи и добиваат сигурни 3.25%. Мал остаток од кешот што останува оди во кредити и е сосема нормално што кредитите се скапи. Државата понатаму ги троши парите на администрација и лепачи на плакати, и удира со стапот по тоа малку стопанство што останало, да го досјебе со даноци. Ова ќе оди одредено време, додека не пукне меурот, стопанството колабира, владата ќе ја пушти во погон пресата за печатење пари и сите ќе станеме милијардери преку ноќ како во Зимбабве.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Меѓу другото и тоа влијае, но тука е реалната ситуација на претприемништво кај нас каде што се фаворизираат одредени фирми во зависност која политичка гарнитура е на власт, транспарентноста е само на хартија, казни фрчат од ракав и верувај дека и да им дадат поволни кредити многумина не би се одлучиле да вложат во сопствен бизнис.
А ова ти од искуство го збориш? Сопственик си на компанија или менаџер на повисока функција па ова го тврдиш? Факт е дека контролите се зголемени со цел да најдат каде има неправилности и да казнат и да соберат пари факт е, но не познавам ни една компанија што работи чисто и без неправилности во работењето и да е казнета, само објасни ми како пример некој извозни компании како се они фаворизирани само тоа те молам објасни ми го да те разберам, што од влада им се јавуваат пример во Германија и му вика на германецот друже увези ја нашава роба или ке си имаш со нас работа, што грујо и компании им се закануваат на германците па овие од страв увезуваат роба од Македонија (*Македонија има најголема трговска размена со Германија при тоа има суфицит во трговската размена со Германија),тие компании што знаат да работат си рабоат добро без разлика дали Сдсм или Вмро на власт, они си гледаат во својот бизнис и за друго не се замараат,инаку е Мит е ако не си поврзан дека не можеш да успееш, има илјадници успешни компании најдобар дел се мали и средни компаании од нив сакате да кажете дека се поврзани со власта и затоа работат добро? или работат добро зошто луѓето од тие компании инвестираат во знаење , во опрема во маркетинг во диференцирање на своите производи.итн итн итн........ Факт е дека има некој компании кој идат на тендери за јавни набавки но тоа се неколку компании(со сомнителни врски со било која власт да е) така да генерализирање на илјадници македонски компании заради некој тендер компании што можеш на помалку од две раце да ги изброиш е плукање врз тие компании кој го полнат буџетот со придонеси даноци на добивки , персонални даноци и сл, и од кој од тие пари ти имаш полиција , брза помош, образование , пензии, болници итн. Така да освен да солите памет по форуми напревете нешто практично па после дојдете да зборите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи како прво неможе едно евро да биде 75денари.....бидејќи треба ова да го знаете :

Грубата математика покажува дека домашните банки, кои се во доминантна сопственост на странци, заработија и ден-денес заработуваат милиони евра од каматите од записите без при тоа да преземат никаков ризик. Воедно, наместо парите од банкарскиот сектор да се пласираат како кредити што би биле лакмус за домашно производство и потрошувачка, тие завршуваат во записи. Дополнително, македонските компании и граѓани мораа и сé уште да трпат лихварски камати на кредитите, бидејќи банките се сосем задоволни од нивните финансиски резултати, кои во некои случаи се послаби отколку заработката на некои поголеми маркети за прехрана.
Реченицата и цитатот ти немаат смисла. Почнуваш со исказ едно евро неможе да биде 75 денари затоа што банките имаат политика на сигурни пласмани. Тотално без врска и поента.

Патем имаше некои пресметки во еден научно истражувачки проект дека реалната вредност на денарот се движи од 85 денари до 95 за едно евро.
А банките може да се стават во ред ако ги оданочат дупло, доколку работат само на трансакции и купување записи. Тогаш ќе ја сменат политиката, дотогаш ќе си уживаат во записи.
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
А банките може да се стават во ред ако ги оданочат дупло, доколку работат само на трансакции и купување записи. Тогаш ќе ја сменат политиката, дотогаш ќе си уживаат во записи.
Тотално неизводливо, а и многу штетно. Владата сака да има ефтини пари за постојано да крпи дупки во буџетот и супер и е ситуацијата како што е. Ако им стават дупли даноци за купување записи, ќе има помал интерес за купување записи, и владата ќе мора да ги направи поатрактивни со зголемување на каматите. Со тоа ќе идат и поголеми даноци за одплаќање на догот и дотепување на стопанството. Единствен излез е намалување на администрацијата, намалување на трошењето, намалување на задолжувањето. Додатен проблем е што со самото дупло оданочување, неповратно државата цица пари од банките и уште толку се намалува капиталот што може да биде пласиран како кредити.
 
Воопшто не е штетно доколку сака да им ја смени политиката. Некако банкарскиот систем во Македонија како да е заспан. Е сега што ние имаме многу дупки и ни течат пари, па неможеме да менуваме политика во корист на народот и реалниот сектор тоа е друга работа. Разгледајте ги сите досегашни политики сите се во корист на лесно финансирање на државниот апарат врз сметка на опаѓање на стандардот. Така се добиваат филм ситуации, оти имаш во секое време пари да замачкаш очи. Никој не работел за наше добро, туку за останување на фотеља.
 
И кога знаеш дека е така, како очекуваш власта да си стави трн во своја нога со поскапување на парите кои и се прекупотребни за купување гласови и поткупување бивши учки да седат мирни?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ако сакате да паднат каматните стапки треба владата буџетскиот дефицит, да го финансира со извори од странство а не од дома , а цената ќе биде место 4% камата на обврзници ќе биде 7%. Кога банките ќе нема да можат да купуваат обврзници зошто владата не емитува,зошто се финансира од странство, ќе се појават вишок пари на банките и ке почнат повеќе да ги пласираат во компаниите, а истовремено ќе почнат да паѓаат и каматните стапки. Само некој ако прочита дека владата ќе издаде еврообврзница од 250 милиони евра, нема ни да стигне да прочита дека тоа се прави за да ослободат повеќе пари за компаниите кој до сега идеа кај државата, и да почнат да паѓаат каматните стапки, туку веднаш ќе почне да паничи леле во банкрот отидовме а кога позајмуваме од наши банки по 250 милиони евра тогаш не идеме во банкрот македонска логика.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И кога знаеш дека е така, како очекуваш власта да си стави трн во своја нога со поскапување на парите кои и се прекупотребни за купување гласови и поткупување бивши учки да седат мирни?
Јас кажувам чисто економски како треба да изигра за да се смени политиката на банкарскиот систем. А свесна сум и знам дека никој ништо нема да направи. Чисто да доловам што има и од другата страна во некое нормално општество. Ова нашево оддамна е ненормално.
Нека тераат вака уште 20 години, треба сите да ги гласаме и наредните 20 чисто да видам како ќе испаднат од кашава која си ја направија. Тоа ќе им биде најголема казна, никако да ги симнеш од власт.
--- надополнето: 27 август 2012 во 08:36 ---
Ако сакате да паднат каматните стапки треба владата буџетскиот дефицит, да го финансира со извори од странство а не од дома , а цената ќе биде место 4% камата на обврзници ќе биде 7%. Кога банките ќе нема да можат да купуваат обврзници зошто владата не емитува,зошто се финансира од странство, ќе се појават вишок пари на банките и ке почнат повеќе да ги пласираат во компаниите, а истовремено ќе почнат да паѓаат и каматните стапки. Само некој ако прочита дека владата ќе издаде еврообврзница од 250 милиони евра, нема ни да стигне да прочита дека тоа се прави за да ослободат повеќе пари за компаниите кој до сега идеа кај државата, и да почнат да паѓаат каматните стапки, туку веднаш ќе почне да паничи леле во банкрот отидовме а кога позајмуваме од наши банки по 250 милиони евра тогаш не идеме во банкрот македонска логика.
А што велиш воопшто и да нема буџетски дефицит, па немора да го финансира со задолжување?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom